Пребарувајќи нешто низ Интернет, ми излезе фотографија од 30-дневен музички предизвик, па ми привлече внимание и реков зошто да не отвориме тема во која ќе следиме некој ваков предизвик. Мислам дека би било интересно. Станува збор за 30-дневен предизвик, во кој имате за задача секој ден да одбирате некоја песна која ви се допаѓа според некои веќе дадени параметри (ако можам така да ги наречам). Звучи познато, нели? Ќе го поставам предизвикот, ќе се вклучам и јас, па се надевам дека ќе ни се придружат уште членови и ќе ја активираме темава со фини песни. Eве што сè вклучува предизвикот: Спојлер: Изминати предизвици Епа, навалете друштво! П.С. Може да влезат секакви песни, не е битно на кој јазик сè додека ги следат описите дадени во соодветните дневни предизвици. Дополнето од модератор: Темата е од забавен карактер, па правилата нема потреба да бидат строги. Секој нека си води евиденција за себе на овој предизвик, а некој што покасно ќе ја види темата, може да се приклучи почнувајќи си од ден 1. Кога ќе си го заврши некој за себе предизвикот, може да започне нов 30дневен од почеток. Инаку најдобро е да има што повеќе различни песни, но не е страшно ако се повторат. Време е за нов предизвик. Секој месец ќе се менува предизвикот Па ајде да започнеме со новиот предизвик
Пред многу години беше актуелен ваков предизвик на Фејсбук. Сега треба да ставам песна што ја сакам а во насловот содржи име на некоја боја? 30 day song challenge - Day 1