1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

5 работи што го забрзуваат метаболизмот

Дискусија во 'Фитнес' започната од StefChef, 31 август 2013.

  1. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    Во оваа статија ќе збориме за што навистина го забрзува метаболизмот и ја забрзува оксидацијата на мастите.

    Од премногу статии што ветуваат дека ќе ви го зголемат ова се докажани,тестирани лично на себе и тоа што навистина науката има докази за тоа.

    Спремни сте почнуваме.

    1.Зголеми мускулна маса.

    [​IMG]

    Да слушнавте девојки ова важи за вас што сте на диети и што не сакате да слушнете што науката вистински вели за дигањето тежини.

    Не само што ќе го добиете тонираното тело што сте го посакувате,туку ќе трошите повеќе калории дур седите и телото по ефикасно ќе ги согорува јаглехидратите како енергија.

    Луѓето што се плашат од дигање тежини и што прават аеробични вежби треба да престанат да го прават тоа затоа што кардиото е докажано дека го забавува метаболизмот и дека се што прави е го прави по ефикасен за складирање масти.

    2.Вклучи високо интензивно кардио

    [​IMG]

    Немаш време да правиш 45 минути кардио,нема проблем.Решението е во високо интензивното кардио кое е вежбање во одредени кратки периоди со високи интервали препратени со одмор или со низок интензитет.

    Истражувањата покажаа дека вежбањето на високо интервално вежбање не само што е по ефективно за топење масти,туку го забрзува метаболизмот за наредните 36-48 часа.Во тие часеви телото го надокнадува кислородот и стресот што вие сте го направиле мора да се надокнади,па само од седење може да потрошите 100 калории за 2 дена.

    3.Јадете повеќе протеини

    [​IMG]

    Митот дека јадењето високо протеинска исхрана предизвикува бубрежни болести е разбиен одамна.Не само што е разбиен туку најдено е дека протеините играат голема улога при топењето масти.

    Во повеќето студии каде што имало низок внес на протеини наспроти висок внес на протеини е најдено дека луѓето што конзумирале високо-протеинска храна стопиле повеќе масти и се чувстувале повеќе сити,помалку глад и помалку мамеле на диетата.

    Причината зашто протеините го забрзуваат метаболизмот е термичкиот ефект на храната или ТЕХ.ТЕХ означува колку телото троши енергија за апсорбирање на одреден нутриент протеини,јаглехидрати и масти.

    ТЕХ на протеините е дури 25-30 % и енергетската вредност на протеините треба да биде 3.0-3.2 заради овој ефект.Плус протеините бавно се апсорбираат и ве прават сити и помалку гладни.Во превод тоа е помалку калории и повеќе согорени калории,заради овој ефект.

    4.Пијте зелен чај

    [​IMG]

    Луѓето што пијат зелен чај имаат добра причина за тоа.

    Во зелениот чај има катехини а еден од најпознатите се EGCG кој заедно со кофеинот од зелениот чај функционираат заедно.За да го добиете ефектот треба да пиете 6 шољи дневно или 600 мг е дозата што е најдена дека е ефективна.

    5.Не јадете доручек.

    [​IMG]

    Да ме слушнавте што зборам,доручекот не е најважен оброк на светот.Има причина зашто е тоа така.

    Луѓето што пропагираат така не сакаат да слушнат што науката вели за тоа.Првото нешто што се дешава е се зголемува адреналинот и норедраналинот.Во превод тоа значи кај некој луѓе повеќе енергија и зголемена оксидација на мастите после одреден период.Едни од најстручните тренери препорачуваат 12 часа не јадење за да се зголеми ефектот,протоколот на Leangains препорачува 16 часа не јадење.

    Со тоа го зголемувате нивото на хормон за раст и не губите мускули веднаш,мускулите се губат после 36-48 часа.Само погледнети ги резултатите на Leangains.
    Но секако дека флексибилната исхрана и калорискиот внес треба да се припазува.Водете дневник и калории колку внесувате,ниеден протокол не гарантира успех ако нема калориски дефицит.

    Со ова сакав да отворам нова перспектива кон што навистина функционира и од што треба да се тргнете.

    Се надевам дека разотркив некои трикови и некои манипулации што можете да ги направите за максимални резултати.
     
  2. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Јогуртот го забрзува метаболизмот.
     
  3. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.538
    Допаѓања:
    7.822
    Пол:
    Женски
    колку само не се согласувам со тоа дека кардио тренинг не забрзува метаболизам, и дека поефикасно се складираат масти ако вежбаш кардио.

    И баш ме интересира како е разбиен тој мит дека висок внес на протеини, не е причина за формирање бубрежни камчиња?
    Тој што го "разби" митот има основни познавања од општа физиологија и биохемија?
    Имаш некаков линк, нешто? Баш ме заинтересира.

    За чајот се согласувам, ама мислам дека е поради кофеинот а не поради катехини, кои ги има во секој чај.
     
  4. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    http://www.brinkzone.com/articles/prote ... l-not-die/
    http://www.simplyshredded.com/cardio-fo ... ardio.html
     
  5. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    Не,не го забрзува :)
     
  6. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.194
    Допаѓања:
    25.598
    Пол:
    Женски
    Јогурт и јас знам дека го забрзува метаболизмот,исто така и кофеин и адреналин
     
  7. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    По кој механизам и дај линк до статијата.
    Ферментираниот јогурт има полезни бактерии,но неможе да го забрза метаболизмот.
    Кофеинот стимулира адреналин и норадреналин,но ефектот трае 3 недели.
    После забрзувањето прекинува зашто телото се адаптира.
     
  8. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    По механизам дека јогуртот е богат со протеини. За да еден организам обработи протеини автоматски троши повеќе енергија отколку за карбохидрати на пример. ;)
     

    Прикачени фајлови:

  9. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    Да секој протеин за да се апсорбира телото троши 20-30 % од енергијата за да ги метаболизира во амино-киселини.
    Тој ефект се вика ТЕХ( термички ефект на храната)
    Први се протеините,јаглехидратите па мастите.
     
    На macence85 му/ѝ се допаѓа ова.