Незнам дали веќе постои таква тема ако да клуч. Исто дали е соодветно да биде во Психологија или повеќе е за во Друга наука ... ама еве се повеќе се навлегува во тоа истражување и се поблизу ни е до реланоста. Ке оставам само едно видео и баш би сакала да прочитам коментари и ставови за ова. Инаку се верува и дека проблемот со струја и инфлацијата е резултат на постепено влегување во 5-та Димензија и помрачување од 10-15 дена насекаде во светот наскоро.
New age bullshit. Прочитал некој тро за квантна физика и го вметнал во некоја сопствена теорија за да продава ветер во магла. Нема никакви докази дека 'телепатски' влијаеме на околината.
Eдвај ја перципираме четвртата димензија, не пак петтата. Инаку, од каде тоа дека ќе се случи тој мрак/помрачување? Сите го спомнувате ама никој да објасни. Не убија од експерименти изминативе две ипол години.
Темава е токму за тоа.. да се развиее дискуција , јас лично верувам.. уште пред кризата со струјава и инфлацијата луѓе со дарба за гледање и луѓе по астрологија тврдеаа дека ќе настане овој хаос каде народот потсвесно ќе почне да се бори со големите сили со протест и барање на правдата исто така ќе има дефицит на струја што еве резултира во Кина еве линк а има и многу други видеа од вести за проблемите со струја и буквален Blackout . Во Германија во моментов општиот народ нема проблем но компаниите се под оган под најмала грешка можат да трпат големи казни и во сите останати места вклучувајќи а и Македонија.. што веќе секој ден слушаме за проблемите со струја. 5-та Димензија всушност би требало да биде некој поубав свет.. на некој начин ослободување на народот... Друга работа во тоа поле е систем кој би фунционирал без парична валута.. Многу под теми содржи ова тема .. инаку 4D ја сметаат за транфер. Јас не сум точно упатена во детали почнав деновите да читам ама после сите работи кои се случуваат се повеќе сум убедена дека ова е точно.
ne , pandemii imalo i ke ima , ne daj boze da se istopat polovite kojznae kakvi virusi i bakterii se krijat tamu iako sto ima vrska pandemijata so 5 dimenzija? dali porano covekot ziveel vo 1, 2 dimenzija? znaes li sto e 5 dimenzija? covek ni vo 4 nemoze da zivee ne vo 5-ta?
Дали има поврзување.. Апсолутно Не.. примерот не намент да биде комапрација или намтнување на став...туку дискусија . Ако со навлезе подлабоко луѓето пред постоење на струјата не го замислувале и светот со неа. Инаку овој вторив пример е посочен како резулат на тоа што Никола Тесла стои зад тоа што денес сите го имаме тој благодет а истиот тој создал безмрежен систем кој на долги стази во минатото на бил успешен а за во моментов не се знае дали тој изум не работи или не одговара на големите сили што е поврзано со 5D
Ама Самер видеото е поврзано со ограничување на струјата, не со медиумски мрак и потполен мрак на електричната енергија... Инаку, ти ја сфаќам поентата, ама не се согласувам во потполност. Рестрикции ќе има следниве години, насекаде во светот. Но, тоа не е со цел да се оди кон подобар свет, тоа уствари нема врска со таа идеологија. До ослободување нема да дојде скоро, а уште помалку до V димензија. Камо среќа да е така идилично, ама не е. За тој ,,утописки" свет ќе мора да се избориме сами.
ama sto ima vrska strujata so ova? bukvalno nikakva eve ti pr 4 dimenzija aj ti kazi mi covek (denesniot) dali vo ova bi se snasol ko prvo? a ne pa 5 dimenzija? objasni mi 5 dimenzija? znaes ova sto ti e ? ko 2 kvadrata (2 dimenzija) da razgovaraat i dojdat do zaklucok kako e vo trodimenzionalen prostor! e koga tie ke sfatat togas i nie kako bi bilo vo 5 dimenzija nevozmozno e nitu moze da razbereme nitu denesniot covek (teloto) moze da zivee vo 5 dimenzija, ne moze ni vo 4 ta ,no ti slobodno veruvaj a primerite sto pisuvas se apsurdni
Да бе за иста ствар зборувате @Summerbaby и @Acronia само од различни перспективи. Како што реков ружичастата верзија за трансхуманизам и Голем ресет на стероиди, две страни од истата паричка(гед ит дека нема да има пари?) една иде за атеисти и левата хемисвера,една за хипици и десната.Инаку да,имам слушнато за ова "кружат гласини " дека можно е да има "проблеми"/нестанок на струја/нет (ви текнува "инцидентот" со фб) какви год "сили" да верувате/или не дека стојат зад тоа а пошто сум по астрологијата мене лично не би ме чудело вакво нешто околу Нова Година.Ама се шират исто муабети и дека ова немало уопште да било утопично(доколку "спасители" таму не носат наместо сами да си се однесеме).Мене лично повеќе ме влече ова другово а и Фала Богу не сум единствена .
Повеќето од ова што го зборува особено за кохерентноста е одамна начнато од Јунг. Јунг имал вакви теории и иако имал многу иновативни идеи на поле на психологијата, истовремено се интересирал за дел како парапсихологија, метафизички ефекти, вакви димензии, се интересирал за видовитоста, јасновидството и до некаде му било посочувано од неговиот претходник и на одредено време соработник Фројд дека забегува и ја носи психологијата во нестандардни и непроверени насоки, без научни покритија и дека тоа е ризично за опстанокот на психологијата. Во тоа време многу биле со предрасуди за неа и воопшто психолошките школи и правци наметнати од нив, некои и денес со голем сомнеж гледаат кон нив и неа. Имаш луѓе кои од психолог се плашат и бегаат како ѓавол од крст или негираат дека тоа е за нив и би им помогнало. Ајде на темава иако Јунг се интересирал за се ова што можело да го девалвира неговиот претходен научен труд и истражувања, нацистите и целниот фокус кон деградација на успехот и делата на евреинот Фројд наметнало доминантно да се следи се од Јунг. Така да дел од овие идеи се познати и сега некако драмски потенцирани како некоја нова 5та димензија, просветлување, нови откритија итн. Баш њуејџ прикаски за мали деца Дека е поврзано со недостаток на струја, инфлации, да ви кажам вака јас од тоа како тумачам, инфлации и сите економски кризи ги прават банкарските профитери и олигарси. Ќе си седнат и си викаат како народов да го подјармиме повеќе да ни должи и да го молзиме и си смислуваат вакви инциденти. Нема тука никакви експерименти, се е тоа однапред одредено сценарио, си ги знаат план А, план Б итн. и си функционира се ова како по алгоритам. Тешко на нас народов, какви капиталистички копуци крвта ни ја пијат, сеат страв и создаваат нестабилност, само да не подјармуваат и контролираат полесно. На времето ги камшикувале робовите да се побрзи, поефикасни и попордуктивни, а во денешно време ни го прават ова, се за да остварат екстра профит по сметка да не доцедат до крај. Се е ова профит-поттикната машинерија чии колчиња и запци на тркалото се подмачкува со наша пот, крв и труд некој горе да срка од медот. Пирамидални оарганизации со хиерархиска подреденост и доминација како насекаде и се околу нас и појакиот го јаде послабиот, па и појак јаде појак преку раздели па продади за помали суми или раздели па владеј. Веќе видено многу пати претходно во минатото. Многу сме себични, неинформирани или и информирани ама со инфантилна свест така да и се да ни се протолкува, каже и даде на соџвакано џабе е пак ќе се чудиме што ни се нуди во врска со можностиве, димензиите и владеењето на Универзумот.
На темава можам да ви препорачам само еден одличен филм во кој се зборува за 5тата димензија. Aко го немате гледано, задолжително гледајте го. Interstellar
Одличен филм, иако тежок напати, ама крајните сцени посебно восхитувачки ама мислам премногу е добро да е вистинито. Сакам да грешам, да верувам во се тоа, димензии и други такви нешта, ама и да е така многу сме назадни да разбереме, прифатиме и примениме. Треба уште мн.год. еволуција, ментална. А филмот топла препорака за сите што не го гледале.
Повеќе теми паралелно се активни по ова прашање моментално на форумов од различни перспективи.Пошто се спомнаа филмови јас топло би го препорачала Equals- како тоа утопично општество или колектив иф ју вил би можело да изгледа.Сите сличности на моментални ситуации се случајни(освен оние кои не се)
Цк. Не зборуваме за исто ниту приближно. Јас не верувам во можноста за V димензија на Планетата земја. Тоа е невозможно од физички и квантен аспект. За да дојде до петта димензија знаете што треба да се случи? Земјата да ја изгуби својата рамнотежа и да престане да постои гравитација. Тоа е нереално. Уред или направа за меѓуѕвездено патување ќе се измисли попрво, отколку ние да влеземе во друга димензија.
Ајде вака да се дообјаснам @Acronia Ова болдираново мислев. Пошто сум запознаена со тематикава и како им се продава ружичастава бајка и идила и на двете страни на тоа мислев,исто ср различно паковање. Ова лично моја перцепција бар.
Темава е за дебата а не вреѓање овој бил ваков овој бил онаков пошто осечам таков крај .. овој бил хипик ,атеист.. еве лично јас не сум ни хипик ни атеист.. а и сум стручно доста навлезена во физиката. Чие мислење ќе излезе точно е прашање на време. За сега никој не е во право и само времето ќе покаже. Еве од мене линчe за оние кои имаат интерест кон ова a има доста И ако некој ја има книгава во пдф и ако може да ми ја прати. https://www.amazon.com/Transcending-Speed-Light-Consciousness-Dimension-ebook/dp/B003ZHVB9E