Не видов ваква тема во ова категорија, но ми се допадна онаа што е во коса па решив да отворам во оваа категорија една ваква. Имам доста проблематично лице и кое многу брзо се заситува од производите па би сакала тука да си споделиме која е нашата успешна комбинација од производи за да имаме чисто лице, без акни, флеки и други недостатоци. Добро би било да ставаме слики и по можност да наведеме која цена е производот и каде можеме да го купиме.
Добро јас не спаѓам во категоријата на мрсна и проблематична кожа, но кожа како кожа треба да си се одржава и да не се дозволи да стане проблематична, така да јас мојата кожа ја држам што по далеку од проблеми со следниве продукти : 1. Пред многу време користев од оној гелот Clean Deeper и не бев воопшто задоволна, ми ја правеше премногу сува кожата и бев принудена да го сменам (откако ми го упропасти цело лице), значи лицето ми беше како целото да ми е со лишаи, па затоа сакав да сменам и почнав да го користам овој^, добар е ми одговара и го прави лицето по меко. 2. ^ Ова кремче ми го спаси животот. Не е типичен мрсен нивеа крем, се користи за се, лице,тело,раце и многу брзо се впива, а најдобра карактеристика му е тоа што откако ќе се намачкаш не светиш како Las Vegas 3. 4. ^ Ми се наоѓа и ова дома, али да напоменам дека не го користам редовно, мислам не дека не сум задоволна, али како што кажав немам некои којзнај какви си проблеми со кожата на лицето и не користам многу препарати наеднаш, сепак е хемија. 5. И за крај... Немам слика ама имам рецепт, од домашна маска што ја практикувам еднаш месечно и сосема ми одговара. Ја имав прочитано на некоја страна само не се сеќавам каде, Се мешаат две лажици сирење со една лажица мед али сеа немојте со грутки да се испомачкате смесата треба да биде како крем, ни многу густа ни многу течна, ја ставате на целото лице, посебно под очите се нанесува обилно и на устата, стое на лицето 15-20 минути и се препорачува да се отстранува со крпа натопена ( значи не накисната ) со топло млеко *Патем немам проблеми со мозолчиња и такви sh*ts па затоа не наведов некој таков препарат.
Ова е мојата 5 must have комбинација со која моето лице ја обожава: 1. во комбинација со и Оваа комбинација ја практикувам секоја недела, инаку кожата ќе ми беше купус салата што од црнки, бубулици, поткожни, дупчиња и што се не, спас. 2. Kрема од јаболко за мојата комбинирана кожа, која само оваа крема ја трпи. 3. Млеко со кое го чистам лицето после миење и од шминка; 4. Без овој пилинг не поминува неделата, незаменлив е; 5. За намалување на брчките околу очите јас го ставам и на вратот. Горе доле оваа комбинацција од производи се погоди ефективна, доста добро мојата кожа ја поднесува, сега засега нема менување, ќе видам понатаму што добро ќе најдам.
Eве ги моите 5..... 1. Bитамин E 2. Cода бикарбона со малку топла вода за пилинг 3. Kремата здраве мое најново откритие 4. Mаските за лице,најчесто имам на Planet Spa на Aвон 5. Mорав и овие креми да ги спомнам зашто стварно се преубави
и јас ги користам овие производи, само без кремата за брчки бидејки имам масна кожа и имам 25 год па немам брчки сеуште, плус го користам гелот од нивеа што го има наведено девојката во претходниот пост, само наместо розев имам плав тој е за мрсна кожа и многу убаво ја чисти јас и шминка вадам со него
Сите знаеме дека со скапи препарати може да се постигне посакуваниот резултат. Но многу е добро кога тоа може да се направи и со некои ефтини препарати. Еве една комбинација на продукти која е ефикасна, а притоа ефтина: 1. Young Derm лосионот, 60 ден. 2. По секоја употреба на лосионот, кремава за мрсна кожа и првенција од акни, исто така 60 ден. 3. Гелче од истата фирма, незнам колку пари е, сигурно не е многу поскапо од овие 4. Палвовичева маст, прекрасна за пред легнување(не зa преку ден бидејќи е многу мрсна). ГО намалува црвенилото и помага во лечење на акни: 5. Кремата Здраве што сите ја фалат, a притоа е многу ефтина Од ова поефтино, амин!
Спојлер Не е павлодерм, туку е оргиналната павловичева маст која ите како е погодна зпротив акни и митисери.
Една аптекарка ми го пофали ѓелот од Avene француска марка бил и помагал рече но незнам дали да го земам, сега лицето ми стана катастрофа, акни, црнки, мозолчина, пори... све и свашта имам 16год. и неможам да се справам со тоа лицето никако значи!
Кога бев на кожен лекар,тој за мрсна кожа ми ја препорача кремата Скинорен и гелот Акнефуг. П.С.Задоволна сум
било што да ставам на лицево од се ми излагаат брунчиња. глината ми ја прави мека кожата но утредента уште повеќе брунчиња гледам пудрите да ги прилагодам на мојот тип на кожа- мрсна и потоа шминка отстранувам со сапун обичен сапун и млака вода