Оваа година се навршуваат љубилејни 500 години од протестантската реформација во 16ти век. Пред точно 500 години, на 31 Октомври 1517г. германскиот реформатор Мартин Лутер ги заковал неговите 95 тези на портата на локалната католичка црква во Витенберг. Во овие тези тој изнел остри критики кон многубројните црковни небиблиски учења и практикувања: корупција во црквата, продавањето индулгенции (прошталници за гревови), учењата за чистилиштето, непогрешливостa на папата итн. По овој храбар потег на Лутер, текот на реформацијата експлозивно почнал да се шири низ Германија, но паралелно и низ другите западно-европски држави водена од тамошните реформатори: Жан Калвин, Улрих Цвингли и др. Реформацијата значеше кршење на јаремот на Римокатоличката црква и ослободување на западна Европа од мрачното доба, крај на инквизицијата и развој на науката, слобода на мислата, творештво на „несветите“ јазици итн. Затоа со право 31ви Октомври во многу земји е национален празник и неработен ден. Најблиску до нас вака го празнува Словенија. Многу земји уште од летото почнаа со љубилејната прослава за Реформацијата со бројни музички ивенти, предавања и свечености. Летоска во август бев на свадба во Полска и ја имав таа чест да присуствувам на една таква свеченост со добра музика. Ама месецов Октомври е посветен на Реформацијата и Европа ќе изобилува со настани поврзани со неа. Македонија нема да изостане и тука ќе се дешаваат многу настани. На пример овој Петок и Сабота во собранието на РМ, под покровителство на претседателот Иванов ќе има целодневни семинар предавања на кои јас ја имам честа да бидам поканет и ова ќе ми биде прв влез во собрание Најголемата свеченост ќе биде на 29 Октомври во хотел Александар Палас, свечена академија и богослужба по повод 500 години од реформацијата, исто така под покровителство на претседателот Иванов. Еве линк од фб ивентот: https://www.facebook.com/events/182409385664313/
Моето смирение ви го честита вашиот јубилеј, посакувајќи ви да се вратите во прегратките на Црквата. Ако не на Православната, барем во прегратките и лоното на римокатоличката од која излеговте! А римокатоличката црква како ваша вистинска мајка и вистинска мајка на Мартин Лутер, се погрижи да му наслика и икона, која најреално ја осликува неговата духовна состојба. А колку реформаторите немале инквизиција или не ја посакувале истата може да се прочита на следнава врска (од V поглевје почнува најинтересното): http://www.katolik.hr/nekatolickesk...fundamentalizammnu/protestanstka-inkvizicija/ А кои се плодовите на реформацијата... Ќе видеме на Страшниот Суд. Во Македонија има само нивни отровни плодови. (Најсмешно ми беше тоа што објавиле другариве протестанти слика од првиот превод на Новиот Завет на македоно-бугарски јазик, од страна на блаженоупокоениот Неофит јеромонах Рилски со духовна цензура од страна на блаженоупокоениот Иларион епископ Макариополски [подоцнежен митрополит Трновски]. Можеби и блаженоупокоениот архиепископ Гаврил ќе го направат протестант еден убав сончев ден.)
Ох смирен тој на мајка Интересно е што оваа година има два јубилеја: 500 години од протестантската реформација 50 години од постоењето на МПЦ Така што и јас ти посакувам да се вратите во прегратките на вашата мајка-црква СПЦ од која излеговте во 1967г., а и заедно со сите источно-Европски национално поделени православни цркви да се вратите во прегратките на Католичката црква од која излеговте после шизмата во 1054г. Ако веќе црквата ја гледате и верувате како институција, тогаш бидете доследни на тоа според вашата вера. Реформаторите немале првична идеја да излезат од јаремот на папството, туку идејата им била да ја реформираат Католичката црква. Но кога врвот на папството не сакале да се вратат на Светото Писмо, единствена опција им било да излезат од папскиот авторитет со цел да бидат под Христовиот авторитет. За жал морале да бираат: или ќе му бидат послушни на папата, или на Христос. Католичката црква тогаш изледала како Вавилонската блудница опишана во Откровението. А што вели Господ таму? Цитирам... „И извика со силен глас, велејќи: „Падна, падна големиот Вавилон, и стана демонско живеалиште и засолниште на сите нечисти духови, и засолниште на сите нечисти и гадни птици, зашто сите народи пиеја од виното на нејзиното распалено блудство, и земните цареви блудствуваа со неа, и земните трговци се збогатија од нејзината претерана раскош!” И чув друг глас од небото да вели: „Излезете од неа, народе Мој, за да не бидете соучесници во нејзините гревови и да не ги примите нејзините зла; зашто нејзините гревови стигнаа до небото и Бог си спомна за нејзините неправди.“ (Откровение 18:2-5, Библијата) Така што ако ова го сметаш за „излегување“, тогаш во тој контекст да тие излегле од Католичката црква. И еве ако изгледаат тие излегувања и застранувања во огледало на Светото Писмо - Библијата:
1. МПЦ само административно се оддели од СПЦ. Не е одделена догматски. Истото Вјерују, истите богослужби, истиот распоред на читање на Светото Писмо, ист тип на јерархија, исти одежди итн. има и во МПЦ и во СПЦ. За разлика од реформаторите(протесантите) и римокатоличката црква, тие имаат различно верување, различна догма, различни “богослужби“ итн. 2. За време на Великата Схизма (1054) имаше 5 патријаршии (пентархијата: Римска, Константинополска, Александриска, Антиохиска и Иерусалимска) и 2 архиепископии(Јустинијана Прва - Охридска и Јустинијана Втора - Кипарска). Од овие 5 патријаршии и 2 архиепископии една отпадна - Римската. Таа беше прва по чест, како што е сега Константинополската, но не и по власт. Одлуките во Црквата се носеле соборно, а не онака како што ќе му текнело на римскиот папа. Уште повеќе дури и римската црква на Софискиот собор свикан од светиот Фотиј Константинополски Велики го имаше осудено Филиоквето. 3. Според учењето на свети Игнатиј Богослов (крај на прв век и почеток на втор век) и на свети Кипријан Картагински(трет век) кој не го почитува авторитетот на епископот, не го почитува ни авторитетот на Бога Отца и уште учат дека Црквата е таму каде што е Епископот. 4. Зарем има нешто повистинито од зборовите на нашиот Господ Иисус Христос, Кој вели: „ти си Петар и на тој камен ќе ја изградам црквата Своја, и вратите на пеколот нема да ја надвладеат.“ (свето Евангелие според Матеја, гл.16, ст.18 ). Што значи Црквата, таа света и чиста Невеста Христова ниту е, ниту ќе биде блудницата вавилонска од Откровението. 5. Во светото Евангелие според Матеја (гл. 28, ст. 18-20) стои: А Исус, кога се приближи, проговори и рече: „Ми се даде секаква власт на небото и на земјата. Одете и научете ги сите народи, крштавајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, и учејќи ги да пазат сè што сум ви заповедал; и ете, Јас сум со вас преку сите дни до свршетокот на светот. Амин!” Што значи Господ Иисус Христос им ветува на апостолите и на нивните наследници (пред се` епископите), дека со нив ќе биде до свршетокот на светот и векот. И уште им дава послушание да ги поучуваат народите, а не да им напишат книга и после сами народите да си се поучуваат и дрско и богохулно да си поставуваат пастори... 6. Најсвето место за Христијаните е црквата (храмот), најсвето место во храмот е светиот олтар, најсвето место во олтарот е светата трпеза, а во центарот на светата трпеза секогаш стои Светото Евангелие, кое целосно се чита во Црквата за време на една литургиска година. Исто така во текот на литургиската година се чита и Апостолот (остатокот од Новиот Завет), Псалтирот и голем дел од Стариот Завет. Зошто протестантите го заблудуваат народот дека Црквата се одделила од Светото Писмо и од светото Евангелие? Не, се нема одделено, зашто Светото Писмо е книга на Црквата.
Би сакал да ги поканам сите пријатели од форумов на утрешната прослава по повод 500г. од реформацијата. Прославата ќе започне во 11ч во хотел Александар Палас. Влезот е слободен. Во првиот дел на присутните ќе се обрати претседателот Ѓорѓе Иванов,претставници на Евангелско-Протестантската Иницијатива, како и гостин од странство. Потоа ќе има музички изведби, кратки обраќања од македонските пастори, како и претставување на евангелско-протестантските деноминации. https://www.facebook.com/events/182409385664313/
Вчера се одржа и средба на претседателот Иванов со делегација на Евангелско Протестантската Иницијатива. За саат време почнува прославата http://president.mk/mk/2011-06-17-09-55-07/2011-09-03-11-36-59/4608.html
„Секој што ќе погледне на жена со желба, тој веќе извршил прељуба со неа во срцето свое“. (Од Матеја свето Евангелие, глава 5, стих 28 ) (Сликава ја најдов на фб профил од еден протестант - нововерец. Евангелскиот стих е мое дополнување.)
Одлична слика, баш вчера ја лајкнав. Одлично го прикажува односот на Католичката црква кон Мартин Лутер кога тој се завртел кон убавината на изворното Библиско учење проповедано од Исус и апостолите. А знам и зошто тебе ти смета. Затоа што и ти си во позиција на таа девојката од десна страна која се лути кога народот се врти кон Библиското учење Жал ми е. Сепак се знае која е царицата на горната слика Ви преостануваат само две опции: 1. Или да го хејтате народот кој се завртува кон изворното библиско учење. 2. Или и вие самите да се навратите на изворното библиско учење пред да биде предоцна.
Девојката од десно е жена, мајка, домаќинка, со кариера... Се` нејзино му припаѓа и на мажот. Таа од лево... Полни очи, празни раце. Патем се надевам убаво си поминавте и дека ќе објавите слики да видеме и ние. Со пари од сите граѓани на Р. Македонија беше финансиран настанот?
Тие на сликата не ми личат баш на земени, а и девојките некако како да не се познаваат Ќе ставам слики од компјутер, а иначе целиот настан беше финансиран од евангелско-протестанските цркви. Ниту еден денар од секуларниот буџет на РМ.
Кај протестантите забележав дека секојдневната филозофија им се сведува на тоа како секој е грешен, можеш да грешиш, важно е да го прифатиш Исус и ќе се спасиш. Па ми стана појасен американскиот мајндсет и биполарноста во него. Католицизмот и православието повеќе го форсираат чувството на вина и казнетост, како треба да се трудиш да не грешиш.
А кој се позанимава било со изјавите на Лутер или на православните и католичките вероучители (теолози) низ историјата (а во црковното учење тоа што важело вчера важи и денес) може да забележи дека заедничка им е омразата кон жената. Темел за тоа веројатно наоѓаат во посланијата на Павле од Библијата кој (или некој во негово име) пишувал дека жената треба да молчи и да му се покорува на мажот. Но Исус никаде не говорел ниту дал пример за таков понижувачки однос кон жената, напротив од случките опишани во евангелијата тој ги гледал како рамноправни: јадел и разговарал со нив, ги ислцелувал и ѝм помагал. Исус бил вистинската родова реформација во такво патријархално општество. За жал Негвото учење никој од трите поголеми правци не го применувало.
Извини друже @daylight те почитувам, ама ова е без врска. И во Православната Црква и кај римокатолиците жената е особено почитувана. Замисли кој може да ја мрази жената, ако истиот постојано се моли и ја почитува Пресвета Богородица? Ако ги почитува светиците: Марија Магдалина рамноапостолна, Марта и Марија мироносиците, Текла првомаченичката, Фотина маченичката, маченичките: Екатерина, Марина, Варвара, Параскева, Киријакија (Недела), преподобните: Параскева, Синклитикија, Макрина и безброј други светици? Извини ама, не е точно ова што го пишуваш.
Ако ги почитуваа жените, немаше да им го негираат правото на црковен авторитет, на абортус и на брак со друга жена.
Точно, религискиот однос кон жената веројатно доаѓа од посланијата на Павле, кој го ширел патријахалниот поглед и "го кроел" христијанството по неговите видувања.