1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

8ка за Здрав Живот - Програма на Д-р Бибан

Дискусија во 'Диети' започната од sunfemina, 6 март 2013.

  1. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Го одбрав овој подфорум за темава, иако може да биде дел и од ТВ, Здравје, Храна и рецепти...бидејќи програмата оди неколку години како тв-проект, а всушност се занимава со здрав начин на исхрана која превенира и лекува здравствени проблеми и градење на здрав животен стил вклучувајќи и вежбање, па и се презентираат здрави рецепти.
    Сепак во центарот е здравиот начин на исхрана (диета), не само за борба со вишокот на килограми, туку воедно за решавање и пред се превенција на разни болести и квалитетен живот.
    Основач на проектот е Д-р Јадранка Бибан (гинеколог по професија), а покрај неа и Си-Фу Предраг за делот околу вежбите кои ги практикуваат.
    Не ја следам редовно емисијата на телевизија, повеќе ги читам статиите и рецептите од списанието на веб страницата од Бибан. Истите најчесто се критика насочена кон модерниот (неправилен) начин на исхрана и продуктите кои ги ни се претставени како здрави.
    Проектот е од едукативен карактер, интересни факти се опфаќаат, но всушност нема многу детали за конкретната програма Д-р Бибан (исхрана, вежби итн.) и точно како и на кој начин се практикува. Акцентот е ставен на храната од растително потекло, но тоа е опишано и објаснето во книгите (Превенција и лекување со храна на современите хронични болести-28 дневен програм, Превенција и лекување гинеколошки болести) издадени од Д-р Бибан и најверојатно е резервирано за членовите на клубот.

    Кое е вашето мислење за 8-ка?
    Дали некој има (позитивно или негативно) искуство со програмот Д-р Бибан?
     
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.097
    Дека на жената нешто не и е добро,таков е мојот впечаток. Не ми делува нешто најздраво и полна со елан.
    Забележав дека храната која ја промовира е како во Палео диетата.
     
    На nena2010, Hipster, tessie и 3 други им се допаѓа ова.
  3. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Советите кои ги дава се добри, но забележав дека малку се врти во круг, па секоја емисија наликува на претходната. Веројатно како што кажавте погоре, деталите се резервирани за клубот. А мислам дека баш повеќе луѓе би ги купиле книгите кога би знаеле нешто повеќе за нив.
     
  4. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    156
    Докторката воопшто не изгледа свежо туку многу бледо може таква си е жената ама верувам дека ако консумира малку барем 100гр месечно телешко ќе и с е врати бојата не се сложувам што не употребува месо во нејзините совети на мн места имам прочитано дека месото е само штета ама искрено не верувам многу во тоа
     
  5. Regenbogen

    Regenbogen Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    Мене не ми изгледа здрава, целата е испиена и потемнета :^) така малку како фиу фиу да е :lol:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  6. pato

    pato Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2012
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Вака прво да кажам дека ја подржувам што се обидува да наметне здрава исхрана ама не ми се допаѓа делот без воопшто месо.Сепак месото ако се конзумира во нормални количини без претерување содржи протеини кои му се потребни на човекот.Е сега има тука многу корисни совети баш сеа ја прочитав статијата дека те гледаат чудно ако отидеш во ресторан и побараш здрава храна а не некое таму масно и пржено месо па и мекици и ред др работи сите те гледаат ко чудак.А не ние кога ќе отидеме во кафана се забораваме не пилешко,не свинско секакво месо.Не ја подржувам во врска со месото и рибата незнам за јајца дали конзумира или млеко ама месото,млекото и јајцата треба да бидат дел од исхраната на човекот.Не мора да биде свинско месо може да биде пилешко или мисиркино ама бидејќи ние сме големи гурмани можеме да си дозволиме 1 неделно свинско,телешко или било какво др месо.Тоа деф нема да ни наштети.За овошјето и зеленчукот се согласувам.Има дефинитивно многу корисни совети но јас би ви препорачала сами да избирата тоа што ќе јадете.Гледајте ги нутритивните вредности на секој производ и одлучете.Планирајте пред време што ќе јадете за доручек,ручек,вечера и ужинка бројте ги калориите.И во ташната имајте си некој грицки било ореви,бадеми,јаболко,суво овошје за ако ви се пријаде додека сте надвор да неморате да купувате чипс,сендвичи и др.
     
    На StefChef му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    Истото мајка ми го рече, ама истото.
    Ја загледала пред некое време, и баш искоментира, абе оваа е побледа и изгледа како поболна и понездрава и од мене, што не пазам толку на храна и јадам неорганска, и како сега да го протумачам сеа тоа?
    Не дека нешто и се потсмеваме, ама искрено ако некој ти промовира таков начин на исхрана за ПОДОБРО здравје, очекувам да изглда барем здраво и полно со елан и сила.
    Оваа е млитава.
    И некои чудни работи јадат, ако не се лажам и она промовира сирова храна.
    И што е таа одвивност од месо, не ми е јасно, не е секое месо незраво.
    И не сум ја чула да им збори за вежбање и спорување, ако грешам изивнете.
    Барем им да ги советува да вежбаат, не да им покажува вежби.
    Здрав живот без физичка активност нема.
    Колку сака она и сите што се појавија во последно време за оваа здрава храна, сирова, полусиова без месо и грам маснотија, да тврдат дека е тоа клучот на здравиот живот не се согласувам.
     
    На Lilit му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.097
    Глупо е пак да ја цитирам мајка ми,ама смешно е... Ја гледа,ја гледа и вика, па што знам, мене ми е како оксидирана банана вака кога ја гледам. :D

    Сериозно, не ми се допаѓа ништо од тоа кое го промовира зошто ако малку повеќе ги проучи работите и се едуцира преку интернет не и треба повеќе, ќе види дека речиси ништо од тоа кое го тврди не и е вистина. А дополнително е тоа што таа го советува што би се рекло копито од еднорог е скапо за наши стандарди. Јас не сум месождрер,но јадам пилешко, на лекар ми НАРЕДИЈА да јадам црвено месо барем еднаш во две недели,а она ќе ти рече воопшто да не се јаде. А јадам на пример премногу зеленчук,зошто го сакам, овошјето така-така,не ми го сака душата нешто многу. Масти му се потребни на мозокот, како може да тврди дека треба целосно да се исфрлат и само оние од сирови јатки или не знам веќе што... Повеќето од луѓето живеат динамичен живот на кои им треба полна чинија од се,него ли не ова,не тоа...
    За млечните производи единствено се согласувам, особено сирењата кои се проклето вкусни,ама тоа е што е,од малце нема да умреш па.
    Поштувам дисциплина,ама толкава забеганост по исхраната,на крај ќе те убие иронија, ќе те лупне шлепер. :(
     
    На Srekicka, tessie, anabel-a и 3 други им се допаѓа ова.
  9. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Море, во живо е уште поиспиена, потмурна и некако пожолта во фацата.
    Не ќе да е до утната нијанса на пудра работава :D. Да не ја знае некој, т.е д не знае со што се занимава, ќе си помисли дека не дај Боже е во почетна фаза на некоја болест. :( И како ваква жена да пропагира Здрав Живот, како што вели таа..

    И нема никогаш да се согласам со неа дека треба засекогаш да се исфрли месото од исхраната.
    Малце и ми е досадна со тоа нејзино постојано потенцирање на едно те исто цело време, како е она вегетаријанец, како не треба никако да конзумираме месо, како месото е штетно и лошо и слични работи. У реду је, кој што сака ќе јаде, не ја гледам поентата да се наметнува нешто постојано. Ова дури го поврзувам и со оние преопседнатите со религија. Нивната и ничија друга, па дај мора да ја наметнеме и на други, затоа што за нас само таа постои. Така и Бибан.

    Или товарен камион со месо :(.
     
    На la-chicka и Hipster им се допаѓа ова.
  10. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Полно коментари за жената :D ама никој не знае каква е програмата :?: :D . Ја критикувале и на друго место, но ако добро се сеќавам имаше прокоментирано нешто во стил дека пред камери без грам шминка не може да се изгледа како што сме навикнати.
    Околу храната истото мислење веројатно важи и за сите останати вегетаријанци, кои ги имаат исфрлено од исхраната продуктите од животинско потекло. Но, тоа не значи дека сите вегетаријанци се хранат исто и здраво, само да не избегам од темава со дискусија за вегетаријанство.
    Бибан не ја промовира суровата храна (како начин на исхрана), туку органски одгледуваната, а исто така зборува и за вежбање. Исто така нема никаква поврзаност ниту со палео диетата, која многу ја критикува затоа што е високопротеинска. Чинам дека е против употреба и на масло во исхраната и тврди дека растителната храна ги содржи сите потребни состојки за здраво функционирање на телото и силен имунитет.
    Ама останува да погодуваме за каков начин на исхрана и вежбање се работи, а таа ја посочува нејзината книга со 28-дневна програма која превенира и лекува болести и за некого најбитно се слабее :!: .

    ОД КАДЕ ДОАЃААТ ВАЖНИТЕ НУТРИТИЕНТИ (извадок од статии од страната)
     
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Изгледов на женава не може да се оправда со недостатокот од шминка. И баба ми е слаба, не се шминка, а згора и многу внимава што јаде (и јаде во многу мали оброци) , ама бре знае жената што прави со себе, лицето и` има боја на која и јас можам да и` позавидам, здравје и енергија зрачи од жената (Господ нека ми ја чува). Имам и другарка која е веган, ама начитано е девојчето, очигледно многу добро знае кои суплементи се користат како најсоодветна замена за тоа што не јаде и исто имам да кажам за лицето, а телото и` е како извајано, не е истоштено, само што целулитот и` е сведен на беден минимум за кој не вреди ни да се дискутира. Женава од друга страна изгледа истоштено.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Го пронајдов нејзиниот коментар.
     
  13. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    ^ Oва на нашите критики и се однесува?

    Жено збори колку сакаш, ама не изгледаш здраво и ни тон шминка не можат да го покијат тој млитав тон и начин на движење, навистина изгледа слабо и закржлавено и не е до шминка тоа сто посто тврдам.
    Може вежбаат не викам не, уште па да збореше дека не треба да се вежба |( е тек ќе се дискредитираше уште толку.
    Не знам да не испадне сеа дека само јадам буреци, можда е супер тоа, ама јас не би се нафатила на тој нејзин режим ни во лудило.
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  14. macunka

    macunka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Јас ги имам двете книги од Бибан, ги читав ама никако да почнам да се хранам според нив, некако само одложувам. Дали некој се водел по програмата од 28 дена и какви резултати има?
     
  15. b.o.n.i

    b.o.n.i Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    1.136
    Може да ја пишеш програмата ако не ти е тешко, и ако сакаш да ја споделиш?
    Јас пак имам убаво мислење за жената. Е сега, гледам дека е резервирана до детали да зборува за тоа што го советува, и самата има објавено дека е професионалец а не Мајка Тереза, дека од тоа живее (не работи мислам како доктор на друго место) и за тоа ги наплаќа консултациите, советите, програмите...што мислам дека е ок.
    Изгледа како што изгледа, и Турунџиева и таа другата заборавив како се викаше што се нутриционистките промовираат балансирана исхрана, а очигледно е дека имаат вишок килограми...
    Во однос на тоа што го промовира, таа е веган, повеќе се залага за свежа и варена храна која ја има на нашето поднебје, нормално здраво (органско) произведено. Секогаш стои зад тоа што ќе го каже и има аргументи за тоа. Инаку нит сум веган нит сум вегератијанец...ама ги следам тие што промовираат здрава исхрана.
    Повеќе ми пречи Маја Платнар (се извинувам за оф топик, ама колку да направам паралела), која изгледа многу помлитаво, многу е дрска и некои изјави воопшто не и се издржани (пошто се што ќе прочита на некој портал, го зема здраво за готово). Тоа мене не ми е професионално. Ја следам и нејзе на фб, и имам приметено дека многу сака да се 'рчка со веќе докажани личности во професиите, прво мисли дека може да држи под контрола и да контрира, за после некое време да го избрише цел пост што го напишала.

    Се надевам дека некој ќе ја сподели програмата на Бибан, па ќе разговараме дали е добра или не. да не биде вака на памет, пошто и јас не знам за што се работи во таа програма...ама онака од на фб што ја следам и некогаш сум ја начекала на тв, ок ми била жената...
     
  16. macunka

    macunka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    b.o.n.i еве да си пишам дека веќе трета недела се водам по програмата на д-р Бибан, ми остана уште една недела, многу убаво се чувствувам и јадењата баш се јадливи :) ама мн е тешко да се изведе целата програма има мн готвење и сокови цело време, чорби, ги правам само главните јадења и понекогаш чорба и сокче, правам мали отстапки како маслиново масло и за викенд малку забушавав, Тешко е да се напише на форумов зошто има доручек, ручек и вечера за 28 дена и рецепти како се подготвуваат, ама 28 дена за појадок е овесна каша со овошје и вода, јас ја правев и со какао, а јадењата се сведуваат на компир, грав, наут, ориз интегрален се со многу зеленчук, интегрални палачинки, муска од модри патлиџани само со зеленчук , мусака со тиквички, полнети пиперки со зеленчук, имаше и мн други интересни комбинации. Мене лично ми е мн вкусна храната, ама секако нема да можам да издржам без месо, сега за сега ова е стварно добра комбинација и добра промена барем за мене. Ако ти треба уште нешто ке ти пишам.
    П.С се сложувам во целост со тебе за Маја Платнар
     
    На b.o.n.i и Sunflowers им се допаѓа ова.
  17. b.o.n.i

    b.o.n.i Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    1.136
    ^ Мацунка, браво за тебе, гледај многу за празнициве сега да не забушаваш :D
    Кога ќе имаш некогаш време пиши некој рецепт од книгата во темата за здрави рецепти :)
    :l:
     
  18. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.306
    Пол:
    Женски
    Јас можам да кажам дека отприлика се хранам така, поголемиот дел од времето, ама дефинитивно не изгледам испиено и млитаво, дури и кога немам ни грам шминка на мене.
    Зависи до организмот веројатно, мојот добро реагира на веганска исхрана, иако јас бев приморана да се хранам така, од здравствени причини. Не можам да кажам дека се придржувам целосно, понекогаш немам избор и морам да јадам нешто што не е веганско, или едноставно ми се јаде и не можам да одолеам, ама би рекла дека 90 посто од исхраната ми е таква.
    Јас ослабев 11 килограми и значително си го подобрив здравјето, во комбинација со лекови, вежбање и веганска исхрана, без алкохол, цигари, глутен, кофеин и куп други работи што ме мрзи да ги набројувам. Иако искрено, ако немав сериозен здравствен проблем, никогаш немаше да почнам.
     
    На macunka му/ѝ се допаѓа ова.