1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

8 Март

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од emce-kremce, 4 март 2010.

  1. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    За 8ми март секогаш имм подарувам нешто на мајка ми и баба ми, ама нешто што им треба, корисно. си ги прашувам и нормално ми велат „ништо не сакаме“. Почнувам да им набројувам работи кои можам д аим ги купам, се договараме и тоа им го купувам. Барем знам дека нештото ќе го користат!
    Оваа година имам мала дилема околу подарок за класната. Никој од класот не знае што да и купиме. Има 24години и некако не знаеме што да одбереме. Би ве замолила некој предлог да ми дадете! :)
     
  2. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    хм што за класната??? зависи што носи и што сака? Ние нашата си ја знаевме и и купувавме од Рамстор од една продавничка за накит, позлатен саат, па после позлатена алка мн убава. Не беа мн скапи до кај 3000 не факаа. Она беше задоволна. Работите не беа златни, туку позлатени ама беа супер.
    И обавезно букет огромен цвеке. Еднаш и купивме цвеке со ружи колку што бевме деца во клас и премн се израдува.
    Зависи вашата што носи најчесто на нејзе??? Марами, накит, парфеми ако мн сака.
    А јас на мајка ми секој 8 ми март 2 години наназад и подарувам вакво нешто:
    Ја користи оваа колекција од нивеа за лице и знам дека најмн ке ја погодам ако и ја купам. Така да мене ми е решен проблемот. А за тетка ми и баба ми, мајка ми си мисли :)
    Кремава со Q10 е прекрасна, оваа е ноќна а од дневната крема неможев слика да најдам :D
     

    Прикачени фајлови:

    • nivea.jpg
      nivea.jpg
      Големина на фајлот:
      4,2 KB
      Прегледи:
      495
    • 06590153.gif
      06590153.gif
      Големина на фајлот:
      11,7 KB
      Прегледи:
      495
  3. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    За парфем не сум баш, бидејки ретко кога некому можеш да му погодиш парфем (бар јас така мислам).
    Марами носи, ама тоа ми некако малку, а сме прилично голем клас. Цвеќе ќе има сигурно. Во СДП го поставив истото прашање и ми предложија чанта, ама сакав да слушнам и други мислења!
    Сепак фала. ако има уште некој расположен да одговори, мислењето ќе биде добредојдено. :)
     
  4. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    па... можете да и купите некој украс(вазна или нешто слично)
    или пак уметничка слика
    друго не ми текнува навистина
     
  5. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    530
    За 8-ми Март секогаш одбирам еден од следниве подароци:
    -Некој убав тањир за овошје или интересен украс за домот
    -Марама
    -Парфем (ако сум сигурна дека им се допаѓа)
    -Некакво комплетче од лачнче и обетки и сл.

    Или пак било што што не ми е во план, а шетајќи ќе го видам во некоја продавница и ќе ми остави впечток.

    Им давам подарок и на сестра ми и тетка ми (без разлика што се девојки, и тие се жени)
    Слушнав секакви мислења, дека е ова ден на мајката, или пак ден на жените а не на девојките.
    Моето размислување е дека сепак 8-ми Март е ден на сите жени.
    Жените се избориле за своите права на овој ден. Без разлика дали се омажени или не се и дали се мајки или не.

    Инаку планирам моите женулиња да ги почастам по едно шишање или пак некоја фризура овој 8-ми Март. Истите пари би ги дала за нешто друго, а знам дека е време сите да си ги средиме косите. Па ете, се надевам дека пријатно ќе ги изненадам.
     
  6. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    мамо сестро извинејте поклон за 8-ми Март ке добиете во мај хиххи а на дечко ми мајка ке добие во април кога ке и идеме у гости...така да само ке им честитам по тел.а инаку обавезно добивам поклоне и јас најубав е секогаш од сестра ми :*

    мада незнам дечкото што ке ме изненади ипак прв пат со него го дочекувам праникот :* :inlove:
     
  7. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    Како мала, никако не прифаќав поклонот за мама да ми е заеднички со брат ми или тато.
    Обавезно сама си собирав парички и ќе купев некоја неискорислива, глупава ситница која не се продава, па нашле мало дете, ќе ми ја испофалат. :lol:

    Ама сега нели економска криза ме фати и заеднички ни е поклонот ( тато дава пари. :devil: )

    Еднаш две муви со еден удар утепав. Мама за овој празник добива многу цвеќе. Јас купив таму едно каранфилче и нели со церемонии и го поклонив, па после 5 минути и викам.
    - Мамо може да го дадам цвеќето на баба?
    - Ама нели мене ми го поклони?
    - Да, ама што така ќе ти стои, да ти се исуши. Тебе веќе ти го дадов, а за баба немав пари, па истото ќе и го дадам :D

    Сега, ајмоо наставнички една купа. Па ни се изменија класните ќе треба на сите по некој денар плус.. :!: :fubar:

    Ехх да си станам една учителка, се поклони ќе си добивам :D
     
    На LoOnyD му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Sanji4ka21

    Sanji4ka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    88
    Порано купував на мајка ми,бабите,тетка ми а сега бидејки сум слаба со финансии оваа година нема да купам на никој поклон.Добро нормално на мајка ми али со задоцнување од 1 ден зошто на 9 ми даваат плата.а најискрено несакам ниту да ми подаруваат,ниту пак јас да подарувам.Ако сакам нешто да подарам на некој нема да чекам да дојде 8 ми март за да подарам.Не се само на 8 ми март даваат подароци.
     
  9. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.817
    За наставнички/професорки мислам дека единствен пристоен подарок за 8 Март е цвеќе. Мислам дека е мноогу глупаво и надминато купување злата, парфеми и сл. Па се знае кој може да подари такво нешто. Има нешто што се вика бон-тон на подарувањето. Што може да се подари на блиски, на колеги, на познати, на пријатели, на блиски пријатели и на членови од семејството. Не може да биде исто за сите.
    А јас лично за 8 Март имам дилема... ем не го сакам празникот, многу ми е извулгаризиран кај нас, ем некогаш ми се допаѓа ако маж ми се појави со нешто :P, зависи. Апсолутно најдраги ми се подароците од син ми кои ги прават на училиште. :inlove:
     
  10. Stam

    Stam Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    175
    Да само што денес учителките и не се баш запознаени со тој бон-тон па затоа почнаа и да си нарачуваат по учениците поклони од апарати за домаќинство до други ствари што им требаат, за случајно да не биде промашен поклонот па и да им помогнат на дечињата да не си ги тупат главите околу тоа што да купат :rofl: , а во случај да добијат само цвеќе нема да можат да се појават во канцеларија, па кои срамови се тие. Секоја чест за исклучоците!
     
  11. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Јас завршив викендов со поклоните :rofl:
    Значи живеам до друг град не во ск,и сега си бев дома за викенд па морав да ја завршам и таа обврска :lol:
    На мајка ми и купив[​IMG] ептен с е израдува,бидејќи е голем љубител на цвеќе,на сестра ми и купив пудра и римел-тоа и требаше па решив да ја почастам,на свекрвица идна најскап поклон :rofl: и купив многу убави шољи за кафе 800ден :( ,на една другарка садови за грицки,на баба ми такви кутичиња за сол и шеќер ставање и кутија колачи....и си собрав и јас поклончиња
    од мамичка си добив секси долен веш чипкан-маичка и гаќички,од сестра ми сенки од авон и карминче,од другарка ми марама свилена,баба ми ми даде 200ден зш и била мала пензијата :( а свекрвица ко и секоја година ме почести со поклон во плик :rock:
    Е сега очекувам поклончиња од вујна ми и другата баба само тие останаа ,тие се во ск,па ќе видиме :P
    И се разбира од дечко ми,а може уште некое изненадување ќе добијам ]:)
     
    На mima83 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Кога бев основно секогаш собиравме пари три недели пред 8-ми Март и купувавме марама и некој убав брош. Ете ви идеја ако ви треба :)
    Во средно некако не се притресувавме многу, па доволен беше само еден убав голем букет, колку за внимание. Гестот е поважен, а не подарокот.

    На мајка ми како помала и правев честитки, нормално, и некој глупав подарок беспотребен :lol: Како што растев гледав тоа да е нешто што од кое ќе има барем минимална полза, и секогаш и подарував по еден букет. Сега и кажувам Среќен 8-ми Март и ја гушкам :D
    Се шалам, и денес сакам да ја израдувам со убаво цвеќенце, обично купувам од оние што продаваат на тезгички свежо набрано цвеќе, со таква арома што цел стан замирисува. Ако сум при пари и купувам плус нешто од козметика, нешто што и треба или што го сака. Сакам да ја радувам така, срцка е целата кога ќе види убаво ќесенце :)
     
  13. cutebunny

    cutebunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2010
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    27
    Ги читам постовиве и се чудам...изгледа сите заборавиле зашто се слави 8ми Март или пак воопшто незнаат...8ми Март е денот кога жените кренале глас против дискриминацијата која владеела и која била сурова во поглед на образованието, работата, па дури и во домашни услови...Мажите имале многу поголеми права од жените а единственото оправдание за таква дискриминација е ПА ВИЕ СТЕ ЖЕНИ!!!
    Од тогаш па наваму жените успеаа на многу значајни полиња и докажаа дека сепак сите сме едно исто без разлика на полот и ние сме доволно интелегентни... ЗАТОА нека секој ден ни биде 8 ми МАрт ...подарокот е материјално нешто...подарете убав збор, комплимент ,подарете насмевка нема поскапоцено нешто од тоа...сигурна сум дека на секоја здрава женска особа(има и такви кои се зависни од материјалното) би се израдувале најмногу... :) :) :)
     
    На atala му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.817
    Јас ова го кажувам, иако по професија сум професорка. И за мене подарувањето на 8 Март секогаш било многу непријатна ситуација, најмногу сум сакала да не одам дента на работа :) ако може. А дека има и такви кои на празникот му приоѓаат како да се Муса Кесеџијата, има... за жал. Во секоја професија има исфрустрирани, ама во оваа многу полесно се забележуваат, оти професијата е јавна и пред очите на (најмалку) 200 деца секој ден. :)
     
  15. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.106
    Допаѓања:
    88.083
    Пол:
    Женски
    За 8ми март се знае цвеќе се подарува.

    Инаку околу дискусијава за наставничките сакав да напишам една случка :rofl:
    Бевме 6,7 одделение и собравме околу 4000 денари за подарок. Шетавме низ продавници и влеговме во една и имаше преубави украси ќерамички ако не се лажам. Се мислевме помеѓу змија и куче и купивме куче. Така радосни одиме на училиште и едвај чекаме да дојде часот со наставничката т.е класната. Доаѓа таа и станува еден од другариве и подава букет цвеќе и класнава пресреќна. Станува уште еден другар со кучево и на класната и се менува изразот на лицето. Го зема кучево и излегува од училница. Доаѓа наредната професорка и подаривме цвеќе, па кога почна да не кара. Класната наша се испонавредила, како сме можеле куче да и дадеме, па таа не била кучка итн, а ние само сакавме верност да и покажеме :rofl: Дури сакала и да ни го врати :D

    Јас подарувам цвеќиња на блиските, а мен еако веќе ми подаруваат нека биде чоколадо.
     
  16. AngelGirl

    AngelGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    78
    Според мене за празникот најсоодветен поклон е цвеке , всушност она што го обележува празников на жените. Инаку на мајками ќе и купам цвеке со картичка на која ке и го честитам празникот и ке и кажам колку ја сакам. :f: :)
     
  17. mima83

    mima83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    57
    Убав празник,стандард го обележува со цвеќе,го купувам на сите што сме поблиски,а за мајка ми знам дек аго обожава цвеќето па зато и купив палма[​IMG] вака нешто изгледа премногу ми се допадна ја купив 680ден,за жал наредниот викенд ќе и ја дадам зошто не сум дома :(
     
  18. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.448
    8-ми март... :rofl: сите добиваат, ама јас треба и да купам поклон....На мојот сакан сопруг му е роденден.... :inlove: :lol: ...поклонче е такво целото оно, па и датата си кажува.... :rofl:
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    СЕКОЈ ДЕН ТРЕБА ДА И БИДЕ 8 МИ МАРТ НА ЖЕНАТА. ТРЕБА ДА БИДЕ ПОЧИТУВАНА, САКАНА, ГАЛЕНА, РАЗМАЗУВАНА. СИЛНИОТ БАКНЕЖ ОД СВОЕТО ДЕТЕ Е НАЈДОБАР ПОДАРОК. ИСКРЕНО НАМЕТНАТО МИ Е ДА ПОДАРУВАМ НЕ ОД ДРУГА ПРИЧИНА ТУКУ ЗОШТО И МЕНЕ МИ ПОДАРИЛЕ. СЕ ИЗГУБИ ВНЕСУВАЊЕТО ЕМОЦИИ ПРИ ПОДАРУВАЊЕТО, СЕГА СЕ СЕ СВЕДУВА НА ОБВРСКА. ПОДАРЕТЕ СО ЉУБОВ. ПОДАРЕТЕ БЕЗ ПОВОД. ТОГАШ ТОА Е ТОА. ТОА Е УКАЖАНО ВНИМАНИЕ. СЕ ДРУГОТО Е КЛИШЕ. БИДЕТЕ ИНОВАТИВНИ И КРЕАТИВНИ. НЕКОГАШ УБАВИОТ ЗБОР САМ ПО СЕБЕ Е ДОВОЛЕН.

    [mod-tekst:2plxgki6][/mod-tekst:2plxgki6]
     
  20. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Јас само купувам и давам ама не примам поклони за 8 Март. На свекрвата морам за да може после да се фали по комшивките што добила од снашка и :D , на мајка ми и на учителките од градинка - чист комунизам :) .
    На жената не треба да се сетиш само еден ден во годината (најмногу 2 пати ако и купуваш подарок за роденден) и да и подариш цвеќе или било што. Било кој друг ден да и подариш цвет најубаво ќе се израдува. А оние прослави по кафани се чиста глупост.
     
    На Lacrimosa му/ѝ се допаѓа ова.