Карактерот на скорпијата варира во зависност од конкретната индивидуа родена во овој знак. Но, одредени особини како што се истрајноста, решителноста, одлучноста, жестокоста и моќта, се јавуваат кај сите скорпии. Тие се страсни, со многу интензивни чувства, на моменти повлечени во себе, анализирајќи ги задоволството и тагата кои животот ги носи. Скорпијата е фиксен знак, кој стои цврсто на земја и има огромно разбирање за другите луѓе. Умее да ги држи ситуациите под контрола и да ги коригира работите, со цел да воспостави ред и мир. Таа е страстен љубовник и лојален другар, кој ќе ве заштитува и брани во секој миг. Спаѓа во категоријата водни знаци, што ја прави емотивна личност и ѝ помага да се прилагоди во својата околина. Во потрага по вистината Овие особи имаат навистина „длабока“ душа и тие често психички навлегуваат во суштината на светот околу нив, барајќи ја вистината и одговорите, со цел да пронајдат задоволство во секој сегмент од нивното патување низ животот. Тие се задлабочуваат во нивната сурова реалност, што од своја страна може да доведе до изолирање во нивните мисли. Кога скорпијата чувствува јака емоција, таа го бара коренот и потеклото на истата. Опростувањето не е јака особина на скорпијата. Интуитивни личности Велат дека очите се прозорци на душата, а кога ќе погледнете во очите на некоја скорпија ќе почнете да верувате во таа мисла. Нејзиниот длабок, мистериозен, провоцирачки поглед делува хипнотизирачки врз другите луѓе. Скорпијата располага со моќна интуиција, благодарение на која често умее да ги „види“ работите кои другите луѓе не ги забележуваат. Таа има дарба буквално да ја почувствува атмосферата и на некој магичен начин да предвиди што ќе се случи следно. . Скорпиите се натпреваруваат сами со себе Погледнете ја скорпијата како вежба во салата за вежбање и ќе забележите уште една нивна клучна особина – решителност. Другите луѓе скорпијата ја доживуваат како личност која си ја брка својата работа. Тоа е така бидејќи таа никогаш не сака да се натпреварува со другите луѓе за тоа кој има поголема моќ, повеќе пари или кој изгледа подобро физички. Упорноста кај нив е толку изразена, како резултат на нивната потреба да си докажат сами на себе дека можат да успеат. Недостатоци на скорпијата: . Фанатик Скорпијата понекогаш може да се занесе верувајќи во некоја нејзина надреалистичка идеја или замисла, без разлика дали станува збор за љубов, политика, религија или здравје. Според неа е фер да има право на свое мислење. . Сомничав ум Скорпијата има тенденција да се сомнева во искреноста на луѓето. Да верува во некого ѝ претставува проблем, па дури и кога е заљубена, таа сепак има потреба да му направи една серија од тестови на својот љубовник, сè со цел да го дознае степенот на неговата верност и лојалност. Посесивност Скорпијата знае да биде многу посесивна кога станува збор за луѓето кои ѝ значат во животот, а како резултат на тоа ја губи довербата во нив. Им советуваме на сите скорпии да веруваат во својот љубовен партнер, пријателите и семејството и да најдат начин да го потиснат овој аспект од нивниот карактер. . Деструктивност Пропаднатите љубовни врски и пријателства се штетни за секого, но никој друг не е толку свесен за секој аспект од сопствената психа, како што е скорпијата. Самоанализата на скорпијата, во овие ситуации, е нејзиниот најголем непријател. Таа може да се опседне со некоја ситуација, до тој степен да не може правилно да функционира во своето секојдневие. Единствен начин да преболи некоја личност, е да го замени очајот со гнев. Ако еднаш навредите, отфрлите или понижите скорпија, најверојатно нема да добиете втора шанса. . Што ја инспирира? Доколку сте скорпија и се обидувате да сфатите што е тоа кое ве прави уникатни, тука ќе го најдете одговорот. Една од вашите најдобри карактеристики е способноста за целосна преобразба. Не само што умеете да го промените својот живот, туку можете длабински да ги смените и животите на другите луѓе. Запомнете што значи поимот трансформација: процес на коренита промена на некоја работа, при што не се губи суштината и шармот на истата. Способноста за трансформација на нештата, преставува посебна дарба на скорпиите. Кога скорпијата е заљубена… Длабочината на карактерот на скорпијата најмногу доаѓа до израз кога таа е среќно заљубена. Кога таа е во емотивно стабилна љубовна врска, најдобро ги изразува своите чувства, страст, енергичност и нежна природа. Ако сакате да имате „врска без обврска“ со скорпија, подобро барајте друга личност, бидејќи нема да можете да ја поднесете интензивноста и длабочината во карактерот на скорпијата. Овој знак никогаш нема да го заборави роденденот на својот партнер или некој битен датум. Нема никогаш да избегне да ги сподели емоциите со својот љубовник. Таа ќе ве напушти само доколку врската „завршила“ во некој сегмент.. Во семејните односи Не постои работа која скорпијата не би ја направила за членовите на нејзиното семејство. Тие можат да сметаат во секој момент на неа. Меѓутоа ако таа се почувствува тотално разочарано и предадено од некоја личност, макар да е дел од семејството, таа личност ќе биде мртва за неа. Колку и да звучи ова екстремистички, скорпијата нема да омекне сè додека не чуе дека личноста искрено жали што ја повредила до тој степен. . Темелни на работното место Кога станува збор за анализа, истражување и прибирање на податоци, ниеден друг астролошки знак не е подобар од скорпијата. Скорпијата умее да ги разреши најсложените проблеми во компанијата. Таа е амбициозна и посветена на нејзината работа и е способна да работи повеќе од 12 часа, ако тоа е потребно. Меѓу другото, скорпијата е прав генијалец кога станува збор за пари. Понекогаш можеби делува малку молчалива и воздржана, меѓутоа ниеден друг знак не може подобро да се справи со кризи од скорпијата. . Идеални професии за скорпија Сé што вклучува длабока анализа, истражување, проучување или разрешување мистерии… Би биле одлични детективи, научници, аналитичари на пазарот, хирурзи, полицајци, членови на војската, политичари, адвокати, психолози или сопственици на бизнис. Омилени бои: црвена, костенлива, виолетова и црна Животно мото: „Она што е скриено е поинтересно од она што е очигледно.“ Скорпиите најмногу си одговараат со: јарец, риби, рак и девица. http://www.kafepauza.mk/
астролошки профил за подените во знакот скорпјија симпатична многу ти благодарам многуууу зошто ја отвори темава мн ти благодарам
Мислам дека ова е вистинската тема за мојов коментар. Вчера т.е минатата ноќ во 23h имаше еклипса, видлива само за Австралија. Еклипсата беше тотална и беше во знакот на скорпија. Оваа еклипса има свои еФекти недела дена пред да настане и до 6 месеЦи потоа. Многy е важно да се набљyдyва полето на наталната карта кај што се одвивала соларната еклипса. Ако сте подзнак скорпија тоа е прво поле, домен на сржта на вашата личност. Така, во следните две години вие ќе бидете како кромид. Слој по слој, ќе ги отФрлате сите лажни нешта и врски во животот. Внатрешна трансФормаЦија. Ќе почне тивко, ќе се комплетира со револyЦија и победа. Во следниот период ќе си викате во себеси: "доста ми е, доста се правев добар/добра за да им се свиѓам на дрyгите и да ме приФатат, доста го загyшyвав моето право "јас" за да можам да бидам медиокритет, време е да блеснам, и да ги скинам конЦите што ме правеа марионета во тyѓи раЦе." Вашето време како безр'бетник ќе заврши и ќе почнете да летате со свои крилја. Однадвор ќе бидете исти, одвнатре ќе доживyвате преродба. Ќе биде тоа затишје пред бyра, таа ваша внатрешна револyЦија. На крајот од овој период ќе останете со многy изгорени мостови зад себе, но со широк xоризонт и виножито пред себе... Којзнае што ќе има на крајот на виножитото?)) Сепак, и покрај се', треба да останете сталожени зашто ќе трпите игри на моќ. Периодов е важно да избегнyвате лyѓе во кои растат конФликти. Тоа се токсични лyѓе, јас ги викам псиxолошки вампири. Ви ја ЦиЦАат енергијата. Не можат да живеат без драма. Кога останyвате позитивни, вие им го одземате кислородот. Запомнете, нивниот конФликт не е со вас-тyкy внатре во нив. Ви посакyвам смирени живЦи периодов, и.. Mаy thе stаrs bе with yоu)))
Шо убо само за шкорпијата хах! Се израдував Признавам потполно точно Само си ја имам утнато професијата мож требаше дектетивка или цајканка, оти сакам или не, многу работи разоткиравм случајно иначе се е погодено.Подобро, здравје.
Спојлер Значи ТОЧНО Е ОД ЗБОР ДО ЗБОР! Браво, не ми се верува, како мене да ме опишале. Идната професија ми ја погодиле, па како може да се поклопува се, па дури и една од омилените бои ми е погодена!
ептен погодено,браво! сомничав ум.....ахххх....морам во се да барам некоја позадина..тоа дури и ме нервира понекогаш. а,да.... и омилената боја ми е погодена
Ги имам читано од кафепауза... прекрасен е текстот и се е точно.. Ама се утепувам барајќи насекаде низ форумов место кај да истурам све што сакам да кажам за скорпииве.. у СДК ми е глупо, па затоа тука ќе речам се.. Тие шо сакате читајте. ) Спојлер Значи вака.. Нз од кај да почнам.. Прво надворешниот изглед.. Спојлер Можда сум нападна по формов за убиствениот поглед ама тоа е .. ОК значи УБИСТВЕНИОТ ПОГЛЕД мени све што ќе му се најде на патот.. Толку силен и воодушевувачки шо неможе да се опише, тој може само да се доживее па тогаш ќе сфатите шо зборам (недај боже да го доживеете ) ... Исто и стаклениоте очи.. Тие ни ги чуваат мислите, па колку и да гледате во нив и да се мачите никад нема да погодите што си мислиме, само ние ќе ви предизвикаме дека ви ги читаме мислите со Убиствениот Погле (го пишувам со големи букви демек од огромна почит ) .. Значи имаме доста карактеристични очи и многу лесно можете да не преппознаете токму по нив. Ај доста за очиве.. Имаме прчлесто носе ко на гавран, најчесто полни усни и мистериозна насмевка.. Имаме спесифичен начин на одење и као на сите по пат да им велиме „Тргај Ми се Од Пред Очи Јас Да Не Те Тргнам“.. Имено, оставаме многу мистериозен и чуден (не би рекла грд) впечаток кај луѓето, и како да кажам уште од почеток и покажуваме кои сме, за после да знаат како да се понашаат со нас.. За карактерот: Сегде имам слушано дека скорпиите како животни се силни и многуу опасни за околината, но се чудев и се разочарував дека јас сум одвнатре чувствителна... Но подоцна сватив каде што читав навака натека дека сите скорпии се чувствителни (пак ќе кажам: одвнатре.. (со исклучоци наравно) Зошто? Зашто тоа е нашата најдобра (според мене) особина: Одвнатре сме мнооооогу чувствителни, ама тоа знаеме така добро да го скриеме од надворешниот свет, што на крај памет нема да ви текне дека не сме баш и некои „бандити“, одосно дека имаме добра душа.. Значи оваа особина (чувствителност, не нејзиното прикривање, ако ме разбирате) ја признаваме само пред себе и пред Бог.. Пред никој др. Никакооо!! Тоа за чувствителноста е едно, а опасниот и слиниот дел на скорпијата друго.. Сега за него ќе зборуваме.. Значи како и животното знаеме да нанесеме болен убод ако не изнервирате, повредите.. А ако тоа веке сте го направиле (сте не изнервирале, повредиле) да знаете дека НИКОГАШ нема да добиете 2-ра шанса. НИКОГАШ! Ние сме мнооооооогу, преееемногу одмаздољубиви и ако некогаш сте не навредиле да знаете дека тоа нема да остане така, тоа ќе ви се врати и тоа со камата Више се изморив пишувајќи, ама барем си се истурив, некој друг пак, ако пак ми се насобере, пак ќе се истурам Како и да е.. Бајјј!! Позз до сииииииите скорпиии!! И да знаете дека најјјјјјнајјјмногу ве сакам... Muaaaahh!! **
ај малку помош дечко шкорпија-сака чаши за чај убави подебелки...а шара не знае ниту боја, па некако да ми помогнете во врска со тоа? м?
Ептен ми заврши работа првово мислење. Се слагам за доста од напишаното. Ептен се слагам со шкорпии и имам и муабет и почит и разбирање. Многу работи се така ко што пишува бар кај овие што ги знам