Aј Кју (Еye Cue) ќе ја претставуваат Македонија на Евровизија 2018

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mishela, 13 февруари 2018.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.184
    Допаѓања:
    74.669
    Пол:
    Женски
    It's that time of the year...:D

    Превземено од овој портал.


    Баш се израдував на оваа вест. Ај Кју се еден од поквалитетните бендови кои опстануваат кај нас. Немаат лоши песни, вокалот е солиден, но се надевам дека нема да му тутнат некоја балалајка на девојчево ко онаа „Мојот крал“. :)

    Со душа чекам да ја преслушам песната, па да даваме коментари и претпоставки. :)
     
    На Victorian, sweet-cherry, Nausicaa и 19 други им се допаѓа ова.
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.774
    Допаѓања:
    25.138
    Пол:
    Женски
    Мило ми е што тие ќе пеат на Евровизија. Баш сакам да ја слушнам песната. Иако не се надевам на влез во финале. Со овој начин на гласање можеме да се збогуваме од финале. Ја упропастија Евровизија.
     
  3. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    3.068
    Допаѓања:
    29.586
    Пол:
    Женски
    Секоја година следам евровизија и искрено уживам, а за ај кју баш ми е мило, не можеше подобар избор на изведувачи, нека им е со среќа, ќе стискам палци(fingers)
     
    На Victorian, EvAngelos, crazylady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.972
    Пол:
    Женски
    Ништо посебно не очекувам ни од нив.
    Стојам зад тоа дека воопшто не треба да се трошат пари повеќе за Евровизија.
    Секоја година преголемо очекувања и на крај многу ладен туш добиваме.
    Среќно нека им е!
    Резултатот краен сите го знаме однапред.Јас нема ни да гледам ,тоа сигурно.
     
    На Victorian, Oscar Lady, Ladybbc и 13 други им се допаѓа ова.
  5. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    3.068
    Допаѓања:
    29.586
    Пол:
    Женски
    Се сеќавам лани колку убава дружба и смеење имаше за време на евровизиската вечер, ми текнува на @RedRevolution ако не грешам, после тоа не прочитав нејзино мислење низ темите, се надевам и оваа година дека ќе се дружиме и коментираме :)
     
    На iloveyou29, RedRevolution, Luna91 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Amellie13

    Amellie13 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    2.001
    Допаѓања:
    34.068
    Пол:
    Женски
    Досега не бев ептен внесена во евровизиите ама Eye Cue се дефинитовно добар избор. Може да се рече едни се од ретките квалитетни музичари. Песните им се баш супер. :)
    Овој пат ќе гледам Евровизија само ради нив.
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  7. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    812
    Допаѓања:
    1.424
    Годинава ми е баш сеедно. Стварно. Порано многу очекував, се нервирав, се радував... Сега што сака може да се случува. Кога сме глупи и уште играме во циркусот - можеме да праќаме што и да е. Веќе немам ни желба да гледам...
     
    На Victorian, crazylady и makedonkamak им се допаѓа ова.
  8. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.023
    Допаѓања:
    13.436
    Пол:
    Женски
    Добар избор (y)
     
  9. marchi-cool

    marchi-cool Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    5.535
    Допаѓања:
    11.294
    Пол:
    Женски
    Ни песната сум ја слушнала ни тие ај кју знам кој се. Не се надевам ни дека ќе бидеме дел од финалето
     
  10. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.409
    Допаѓања:
    48.819
    Пол:
    Женски
    Едвај чекам да ја чујам песната, супер се.
     
    На Victorian, EvAngelos, crazylady и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    17.915
    Пол:
    Женски
    Омилена група:inlove:, ептен се израдвав, ја чекам песната па да почнат коментарите :D
     
    На EvAngelos, crazylady и Someonespecial им се допаѓа ова.
  12. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.972
    Пол:
    Женски
    Минатата година сите мислевме Јана ќе направи бум и ќе ни обеле образ. Испадна циркуз плус се изгуби на сцена. Бруки, а толку пари вложени, баш за ништо.
    Ај Кју нема ништо поразлични да бидат.
    Со тие пари што се трошат може да се помогне на друго место.
    Секако за Евровизија бевме и уште сме ФИРОМ. Ништо не добиваме, освен што некој си користи шанса да си шета и ужива.
    Не и не бива. Секоја година исто.
     
    На Victorian, cresa-jagoda, PaLaVa и 5 други им се допаѓа ова.
  13. mazikeen

    mazikeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    1.368
    Пол:
    Женски
    Се надевам добар претставник ќе пратиме. Барем до сега, Ај Кју, се покажаа како квалитетна група.(y)

    Збор два за Евровизијава, што е местено и подмитувано и неферски, тоа на сите ни е јасно. Ама конкретно за начинот на кој “ние“ ги избираме нашите претставиници. Значи сосема е разбирливо (и потребно) да дадат свое мислење музичките новинари и другиве соодветни претставници на жирито. НО, да се препушти целиот избор во нивни раце е некако безврска. Па до пред 10тина години, со душа сме чекале избор за наша претставничка, евровизиска песна. Сите пред екрани (некои и во публика) па се дискутира која мелодија е заразна, која не е, кој текст е по певлив; па кога твојот омилен пејач ќе се претстави со песна, ти веќе си го научил рефренот по 1то слушање; и секако гласањето со пораки и други методи со кои барем учество му се даваше на народот, да се изјасни што му е мило и драго да чуе како претставник на нашава државичка. Ќе повторам, да не дојде до недоразбирање, јас верувам дека неписмени луѓе не се ставени на позицијата жири, и сигурна сум дека тие имаат на ум да изберат некој, кој во најдобро можно светло ќе не претстави; НО сепак треба да се чуе и мислењето на народот, па каде е демократијата тука..

    Никогаш нема да заборавам кога во 'финале' за избор на наш претставник беа Влатко Илиевски со Среќа & Ѓоко Танески со Јас ја имам силата. И двете песни беа солидни: Влатко имаше повеќе гласови од публиката(народ), а Ѓоко доминираше со гласовите од жирито, и го пратија Ѓоко. И испадна на Евровизија да се избламираме. Можеби исто ќе беше и Влатко да го пратевме (сега да не почнувам со напразни хипотетички тези), но барем ќе се испочитуваше народот. Еве во последниве години како од небо да ни паѓаат претставнициве со песниве, излегува како жириво да не си ја врши правилно функцијата, туку се праќа некој колку да се рече дека имаме претставник.

    НО, еве да не биде дека само плукам (а не е плукање, туку реалноста од моја перспектива ја пренесувам) ; јас навистина се надевам дека оваа година нема грешка во изборот и дека Ај Кју барем ќе не претстават во добро светло (како што кажав, политики и пари се вмешани во Евровизија и таа не е тоа што некогаш беше, па нема надеж за наш висок пласман, ама барем за добра изведба има простор).8)
     
    На tace73, Victorian, realGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.127
    Допаѓања:
    20.647
    Пол:
    Женски
    Само јас ли не знам кој се ај кју. :$
     
    На Pandora- и SV1911 им се допаѓа ова.
  15. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.499
    Допаѓања:
    25.461
    Пол:
    Женски
    Аууу, од дека ги извлекоа овие..брееее..први пат ги видеа:?:
    (facepalm)
     
    На irena.1 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    5.355
    Допаѓања:
    91.524
    Никогаш народот немал улога во крајниот исход. Секогаш однапред се знаело кој ќе оди, се' останатото било само забава за нас. Подоцна само решиле да не трошат пари за наша забава, начинот на избор останал ист.
     
    На Espadrila и Gosh им се допаѓа ова.
  17. mazikeen

    mazikeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    1.368
    Пол:
    Женски
    Но сепак интересно беше, што знам.. Барем јас така го доживував целиот настан. Сега го прават ко да нема вредност, ради реда. И гледам Евровизија баш така, ради реда, традицијата на гледање да си ја продолжам.
     
  18. Читател

    Читател Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    5.796
    Пол:
    Машки
    Нема везе кој ќе пее за Македонија пошо и онака тоа не игра некоја улога.

    Ај Кју само сум ги чул ваљда се рекламирале тук тек али не сум воодушевен.

    И да, ако вас ви се омилени како група. само поради тој факт сепак не очекувајте нешто повеќе на евровизија.





    Најголемо разочарување кое го имам од евровизија е затоа што не ги пратија "Рок Агресори" ( со песната Динг-Донг)


    Како успеаа да го вратат долгот на ЕБУ ? ... хмм
     
  19. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    9.224
    Пол:
    Машки
    Еве за тие што не знаат кои се Eye Cue, моите омилени од нив:

    Марија (пејачката) овде има најјак глас, со страст, со вибрато, со се...




    И ова летно хитче е направено од Бојан од Ај Кју и Дина :)

     
    Последна измена: 15 февруари 2018
    На Victorian и Adi888 им се допаѓа ова.
  20. BabyStyle

    BabyStyle Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2010
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    7.787
    Пошто маскота на Eye cue им е Дунавка - Македоунија, ако ја земат на сцена ќе биде вистинско шоу.


    п.с Замислете ја ДУда како у сред песна прави <> "срце" и извикува МАКЕДОНУИЈААААААААААА. А бре ШОУУУ
    http://tv21.tv/mk/?p=80903

    20180215_095919.png
     
    На senjorita-v и Dadusicka им се допаѓа ова.