Adolescence (2025)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од JuLleE, 25 март 2025.

  1. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.235
    Допаѓања:
    258.772
    Серијата штотуку излезе на Нетфликс, но подобро нешто јас немам гледано оддамна.
    Сите епизоди се снимени без едитирање. Глумата е маестрална, приказната болна и вистинита.
    Мене ме трогна, ме погоди, дали дека имам дете на слична возраст, не знам.
    Серијата задолжително да ја гледаат сите родители. Дава одговори на многу прашања. Нешто слично ни се деси во сосседството.
    Нема да раскажувам, ама би сакала да се отвори дискусија. Ја ставив во Серии иако мислам дека е тема за која и те како треба да се зборува и дебатира.
    Станува збор за сосема нормално семејство.
    Детето кое изгледа сосема нормално, без проблеми, семејство кое не приметува ништо.
    Реков, погодува директно во сржта. IMG_3168.jpeg
     
    На Zhukov, Alex.T, M&M и 8 други им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.248
    Допаѓања:
    67.790
    Пол:
    Женски
    Баш тргнав тема да отворам, гледам си ја решила работата @JuLleE
    Два пати ја гледав серијава, еднаш ја изгледав сама, после со маж ми.
    Прво, кастингот, глумата, предобри. Детето, колку што прочитав му е прва улога, не ми се веруваше. Плус, во еден таков формат, да се снајде толку добро, стварно секоја чест.

    Второ, за работите што си ги спомнала погоре
    ова за мене беше една од клучните работи. Му купиле компјутер, горе во соба, мислат безбедно е детето, а што тоа дете прави на компјутерот, што гледа, како се осеќа, дали го прашал некој?
    Мене ми делуваше дека ќе направат неколку реда муабет, се океј? Да. На школо све во ред? Да.
    Тоа е тоа, оди детето во соба и си тера со животот. Дали знаеја родителите кое е девојчето што беше убиено? Не. Дали знаеја нешто повеќе за неговиот живот? Не.
    Ама, мислам дека не беа ни свесни за опасностите. Тоа е мала одбрана за нив, бидејќи секој родител треба да има близина со детето и да следи што се случува и што детето гледа, прави, за што се интересира.

    И јас не знаев за емотиконите на пример, немам толку големи деца во близина, не знам ни кај нас воопшто дали е тоа тренд, или можеби има нешто друго што се случува.
    Ама емотикони? За инцели? Па срцињата со разни бои, со разни значења?
    Ко, оставете ги емотиконите на раат, аман.

    Трето, што многу ме нервира, е како луѓето само коментираат дека девојчето било були и он јаден, ја убил, па тука инцелите се најгласни на социјалните мрежи и човек навистина може да види колку е лоша работата.
    Девојчето имало слика од себе која се ширела по школото, за која била исмејувана. Нејзиното беше бранење. Ама, неговото слабичко его не можело да поднесе одбивање, дури и кога он мислел дека ја фатил кога е најранлива, кога сите ја исмејувале, па ете, он добра душичка, ја викнал да излезат. Ми се споврати од тоа. Тоа се тие понатаму што се сметаат себеси за добри дечки, па јас добар сум, што вака ме избегаваат во широк лак? Ееееее, зошто ли....

    Има многу за зборување, ама да бидам искрена ме подисплаши серијава, се надевам, дека ние као заостанати овде на балканот, нема брзо да ги пратиме овие трендови, не знам еве.
    И се надевам дека родителите ќе извлечат огромна поука од серијава, дека не е само детето додека е мало и да се одржува во живот, па да сме тука. Секогаш треба да сме тука. А не, порасна, ајт во соба и терај си животот. Можеби татко му да беше близок со него, или мајка му, да разговараа, да беа упатени, можеби едно девојче ќе беше живо.

    Толку засега.
     
    На theunforgiven, CameliaMiller, Alex.T и 8 други им се допаѓа ова.
  3. MarijaMi90

    MarijaMi90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    20.125
    Пол:
    Женски
    Но, ова да се случеше кај нас веднаш ќе се побрзаше со линч кон родителите. Мислам дека многу често луѓето од што не сакаат да прифатат некои случки бараат кривец. Така на некој начин се заштитуваат дека тоа не може да им се случи нив, зошто тие се добри родители. Добиваат контрола и не се чувствуваат беспомошни.

    Дали можеле да помогнат ако обрателе доволно внимание? Можеби. Дали воспитувањето и атмосферата дома го оформуваат карактерот на детето? Апсолутно. Грешки прават сите родители, но не секогаш тие се радикални. И сепак може да дојде до нешто вакво. Околината, интернет трендовите коишто ги следат и пред се тоа како е прифатено детето од неговите врсници играат многу голема улога.

    Ова е ново, поразлично и многу брзо време, кое носи многу притисоци и за родителите. Од една страна чувствуваат одговорност да ги обезбедат финансиски своите деца, а од друга чувствуваат грижа на совест затоа што не поминуваат доволно време со нив. Зошто тоа е мн често времето во кое работат за да си ја обезбедат фамилијата.

    Желбите на децата се многу поразлични од оние што ги имавме ние кога растевме и децата мн често си ги презираат родителите ако не можат да им го обезбедат она што го гледаат кај врсниците на социјалните мрежи. А, всушност на сите им треба повеќе нежност и љубов. Ова е серија и за родителите, на коишто исто треба да им се помогне, за тие да можат да им помогнат на своите деца.

    Прочитав мн добар коментар за серијава на The Times:

    "Never mind the bad fathers. Let's talk about the good dads who don't spend enough time with their sons, while Andrew Tate is available for them 24/7."


    Мене некако најжален момент ми беше кога таткото рече "А, мислевме дека е безбеден. Секогаш беше тука, во неговата соба. Што лошо може да се случи од таму?"

    Детето чувствуваше голема горчина и презир кон женскиот пол, генерално. Тоа беше главниот проблем, кој најчесто се појавува од чувство на ранливост и ниска самодоверба. Која па произлегла од неговата перцепција за статусот којшто го има тој во својот тинејџерски свет. И од луѓето кои ги следи на нет. Друго е за возрасна единка, до која ќе допре, ама може да расуди сепак сама. Друго е влијанието кај децата.
     
    Последна измена: 25 март 2025
    На theunforgiven и M&M им се допаѓа ова.
  4. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.830
    Допаѓања:
    40.979
    Пол:
    Женски
    IMG_0451.jpeg IMG_0452.jpeg IMG_0453.jpeg IMG_0454.jpeg IMG_0455.jpeg IMG_0456.jpeg IMG_0457.jpeg
     
    На CameliaMiller, KateKane, FriendOfDorothy и 6 други им се допаѓа ова.
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.235
    Допаѓања:
    258.772
    Реин не е далеку од нас, нам ни се случи Рибникар.
    Толку е идентичен случајот. Занемарено дете затворено во својата соба. Булинг, со ниска самодоверба и желба да биде подобар за татко му.

    Со децата мора да се разговара и мора да се контролираат.
    Еден разговор меѓу нив може ќе го спасеше девојчето.
    Еден разговор на Коста и мајка му ќе спасеше 10 деца.
    Еден разговор со сопственото дете може ќе го одврати од самоубиство.

    И јас сум исплашена. Останав нема со тежина и страв оти баш како што реков имам дете на слична возраст.
     
    На defocus, theunforgiven, Alex.T и 2 други им се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.248
    Допаѓања:
    67.790
    Пол:
    Женски
    Ова го заборавив, не бев ни свесна дека постои маносфера, или дека така се вика, дека има точен збор и опис.
    Не знам за Коста, нема толку увид од блиску како во серијава. Ама детево немаше близина со родителите, мајка му беше изненадена кога го одбра татко му да му биде пратител.. Во четвртата епизода,
    кога зборуваа и се преиспитуваа, ко еве двајцата ги одгледувавме исто, каде погрешивме... Ама, погрешија. Според мене.
    Ме згрози и ситуацијата во школото, какво однесување, читав коментари дека во повеќето школи е така. Па како ќе израснат во психички здрави индивидуи, а раснат во таква средина?
    И ништо не се презема, ништо. По никое прашање, очај.
     
    На M&M, MarijaMi90, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.235
    Допаѓања:
    258.772
    Слични ми се во поглед на занемарувањето. На кој и начин да е, сепак се занемарени.
    Мајка му беше насекирана какво е јадењето, ништо не знаеше за син и.
    Сепак на крајот, признаа и двајцата дека сепак можеле повеќе да направат. Најразумна ми се виде сестра му.
    Туку психологот, во 3 епизода извлече се од него и откри што и како се случувало со него.

    За школото, тоа е она што ми влева страв искрено.
     
    На M&M, Bozica1980, RainBow и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.248
    Допаѓања:
    67.790
    Пол:
    Женски
    Во третата епизода се виде неговата омраза спрема жените. А 13 години има човече, 13, па што е тоа. Колку омраза имаше кога се надвисна над нејзе...
    Ако и ние си ги закопаме главите во песок, како овие родители, истото не чека.
    А кој притисок е, да си во тек со све, со технологијата, со децата, настаните, а пола ден на работа, умор, обврски, не знам, престрашно е. Некогаш посакувам и да не постоеше интернетот.
     
    На M&M и JuLleE им се допаѓа ова.
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.235
    Допаѓања:
    258.772
    Точно, ги мразеше. Ама зошто?
    Сплет на околности, исмејуван, жртва на булинг, дома воопшто не ни разговарале со него, а ми се чини и дека имаше некое психолошко пореметување, не знам, ама не беше свесен за некои работи. Како да се исклучуваше.
    Мене ми беше многу жал за детето. И убиената беше жртва и он беше.
    Ми беше жал за сите деца во школото.
    Деца се, ние сме родителите и ние сме тие кои треба да се грижиме за нив. Наша одговорност се.
     
    На bubemconia, theunforgiven и MarijaMi90 им се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.248
    Допаѓања:
    67.790
    Пол:
    Женски
    За жртва на булинг не знам баш. Барем од страна на девојчето. Она му ги постирала тие работи откако он ја видел нејзината слика и тогаш ја викнал да излезат. Пази, неговиот изопачен начин на размислување, да ја викне само зашто знаел дека е ранлива. Мене нејзината реакција ми е сосема оправдана. Уште кога рече, требало да ја чува детето сликата, да насобере повеќе, па после да ги покажува, а сега никоја веќе нема да му праќа. Мене во третата епизода ми стана одвратно детето.
    Немаше докази дека имало булинг од други деца, иако, школото беше ко школо од пеколот и веројатно имало, ама да имал дома поддршка можеби работите би биле поинакви. Ете, пак на истото се враќаме. Плус, имаше пријатели, не е дека беше скроз сам и исфрлен од сите. Можеби и имал некое психолошко пореметување, баш би сакала извештајот од психологот да беше прикажан.
     
    На theunforgiven, Pixi5, CameliaMiller и 6 други им се допаѓа ова.
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.235
    Допаѓања:
    258.772
    Па кажа сам дека како друштво биле исмевани и отфрлани. И синот на полицаецот истото го кажа дека во прашање е булинг. Може и девојката претходно не го малтертирала, ама она беше жртвата. Ко Коста всушност, уби невини деца. За сликите, зборуваше скроз неповрзано. Сакам да кажам во него имаше гнев, бес, беше повреден. Мислеше дека е грд, а факт е дека не е. Му беше битно мислењето од другите. Кој знае што им се случува во школото. За жал сето тоа родителите не го забележале. А спомнаа дека во последната година го променил однесувањето. Наставниците ништо исто не приметиле. Никој ништо не гледал. И така и остана и за сите друго деца во школото.
    На крај фалеше извештајот на психологот или дел од судењето, пресудата, ама мислам дека акцентот е ставен на односот да детето и родителите. Така почнува и така завршува всушност, во неговата соба.
     
  12. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.830
    Допаѓања:
    40.979
    Пол:
    Женски
    Тоа е уствари главната поента на серијата. Да, бил жртва на булинг и немал самодоверба, можеби и некои фактори од дома, ама целата идеја е да се илустрира растечкото влијание на маносферата врз сите мажи, од најмлади до најстари.

    Сите инфлуенсери кои делуваат во тој интернет простор не се само обични мажи со подкасти, туку претставуваат цела идеологија за која заедничко е омразата спрема жените. Почна со Ендру Тејт и Питерсон, сега ги има на секој чекор. Не е случајно што временски се поклопува со растот на популарноста на десничарски идеали. Постои цела огромна популација која гледа содржина која вие не сте ни свесни дека постои.

    Начинот на кој пишуваат и идеите кои ги испраќаат можеби се чинат безопасни и пресуптилни да бидат сфатени како сериозни ако не си запознаен со тоа што го пропагираат, ама ова има една опширна позадина која е тешко да се преточи во еден пасус. Серијава е насочена кон адолесцентите, но во реалноста консументи не се само деца туку и мажи во нивните 20ти и 30ти итн. Колку пати само на форумов имам прочитано за 80/20 правилото во темите за љубовни врски(еден пример за нивните главни идеи). Исто така, мое мислење е дека од оваа пропаганда не се таргетирани само мажите, туку и млади девојчиња на кои им се сервира содржина како да бидат потчинети.

    Како и да е, како што реков, малку е обемно за да се опише во еден пост, ама пораката на мини серијалов е таа, дека денес е полесно од било кога да се радикализираат млади луѓе во многу погрешна насока. И тоа се случува и е евидентно преку истражувања што покажуваат дека голем дел од џен зи мажи се се' поконзервативни. Многу е лесно да се етикетира убиство од омраза како психопатски чин, ама не е тоа. Туку е резултат на инфузија на еден мозок со идеи за грандизоност.
     
    На Lella, Nausicaa, Pixi5 и 10 други им се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.248
    Допаѓања:
    67.790
    Пол:
    Женски
    Наменета е за адолесцентите, ама мислам секој родител треба да ја изгледа.
    Зашто, како што кажа, не сме ни свесни што постои во мрачните агли на интернетот. И се согласувам дека џен з мажи се многу поконзервативни, што е страшно загрижувачко.
     
    На CameliaMiller, M&M, Аргентина * и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.780
    Пол:
    Женски
    Ја изгледав и се згрозив.
    Колку што родителите треба да разговараат со синовите, нивната самодоверба да не зависи од соученичките, толку и родителите на ќерките треба да им објаснат дека булингот врз машките е kind of psycho . Знам точно син ми кога беше "исмеван" од девојчиња во одделението зошто имал розево на патиките (таков беше моделот) и колку беше вознемирен поради тоа.
    СИТЕ, буквално СИТЕ родители, без разлика на полот треба да се засегнати.
     
    На theunforgiven, M&M, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.235
    Допаѓања:
    258.772
    И тоа држи, ама јас еве од аспект на родител пораката на филмот ја сфаќам од друг агол и за мене има друга поента.
    Ти гледаш од друг агол и во право си со се што напиша, ама главната поента е што се случува во собата на детето. Метафорички, во неговата глава. Затоа родителите и тоа го имаш и на крајо, можат и треба да разговараат со децата, да контролираат, да се присутни во нивниот живот.
    И школоте исто.
    Клучно, филмот е за сите родители и за сите адолесценти.
     
    На theunforgiven, M&M и LiliBoz им се допаѓа ова.
  16. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    4.683
    Пол:
    Женски
    Ја меркам неколку дена пошто навистина се крена фама околу серијата. Така да у план ми е да ја гледам викендот .

    Од рецензии што гледав сите зборат дека детево заслужува оскар за глума .

    Дај ве молам не откривајте детали туку ставете ги у спојлер, сите знаеме одприлика за што се работи ама треба сами да си видиме :D:D
     
    На Alex.T му/ѝ се допаѓа ова.
  17. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.235
    Допаѓања:
    258.772
    Не е нешто што не се знае уште одма туку мора да се изгледа серијата за да се сфати пораката и поентата.
    Инаку на детето му е прва улога.
     
    На Lotus Girl и LiliBoz им се допаѓа ова.
  18. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.830
    Допаѓања:
    40.979
    Пол:
    Женски
    Да, секако дека серијата може да се разгледува од повеќе агли, ама не за џабе има цела посветена епизода на разговорот со психологот и за тоа како детево го сфаќа светот.
     
    На CameliaMiller, theowndemon и JuLleE им се допаѓа ова.
  19. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.235
    Допаѓања:
    258.772
    Точно, јас реков дека се што напиша е така, само јас поинаку ја доживувам. И таа епизода посебно. Поентата е таа која пиша, ама јас се ставам во кожата на родителот одма затоа што тоа може да биде и син ми. Ме сфаќаш сега? Он е жртва, како и многу други деца во тоа училиште.

    Мене ми фали извештајот. Детето имаше некое психичко пораметување. И баш ме интересира што беше во прашање.
     
  20. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.830
    Допаѓања:
    40.979
    Пол:
    Женски
    Точно дека тој и неговите пријатели биле исфрлени и предмет на потсмев, тоа беше спомнато, ама повторно и тоа е резултат на истиот систем кој се критикува во серијава. Очигледно е дека е претставено дека на многу деца на таа возраст им била тренд целата red pill дебата, што доведува до тоа некои да биле жртви на булинг, некои булис, ама пак под влијание на истата идеологија.
    Моментот кога во втората епизода се гледа дека учениците немаат апсолутно никаква почит ниту спрема жртвата, ниту спрема професорите, ниту спрема полицијата, моментот кога сите на 13 години си препраќале голи слики од жртвата соученичка и после тоа ѝ правеле шејминг...многу моменти каде се става акцент на тоа колку деца биле без компас. Џејми исто така едно од нив, но со поинаков исход. Дали имал пореметување не е ни толку важно, тој сметал дека Кејти му е должна и дека тој ја заслужувал затоа што бил многу подобар од другите. Тоа е многу битно.
     
    На CameliaMiller, M&M, KateKane и 3 други им се допаѓа ова.