1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Airbnb

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од ph.orhideja, 12 август 2016.

  1. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.331
    Допаѓања:
    47.772
    Пол:
    Женски
    Мислам дека нема ваква тема и дека добро би ни дошла.

    Airbnb e сајт(многу сличен на booking.com)со таа разлика што преку него можете да изнајмите соба,цел апартман,куќа или да делите соба со уште некој.Работи на тој принцип што домаќинот ви го издава својот дом и се во него.Постои опција да изберете каков тип на престој посакувате,локацијата(која ја бирате на мапа) ,а ја бирате и цената во рамка која ви одговара.Посебно е интересен затоа што бирате место,без агенциски провизии и сами одлучувате што барате од сместувањето.
    За тоа какво е местото може да оцените по оцените кои ги даваат гостите.И обратно.Кога веќе сте биле гостин,вашиот домаќин пишува review за вас.

    Како дополнителен трошок е сервисна такса и такса за чистење која зависи од избраното место.

    Иако ги има повеќе сајтови од овој тип,мислам овој е најпопуларен.

    Го користите airbnb за сместување кога одите на патување?

    Какви се вашите искуства?
     
    Последна измена: 12 август 2016
    На Jas!, jasna83, ninja35 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Grungie

    Grungie Популарен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2013
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    2.165
    Со airbnb имам супер искуство, досега 4 пати имам престојувано во различни градови на Балканот, секогаш ја биравме опцијата изнајмување стан(апартман)... Пречекот супер, становите целосно опремени, на страната многу прецизно објаснета местоположба и ниво на опременост... со еден збор - супер опција, тродупло поевтино од хотел...
     
    На Tanjamm, Petar80, Jas! и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.669
    За странава знам одамна ама прв пат резервирав пред месец дена (сеуште не е реализирано патувањето) зошто цените за хотелското сместување беа превисоки. Дефинитивно е многу поисплатлива варијанта и добра за оние што сакаат да се социјализираат. Има и мала провизија што ја земаат при секоја резервација така што не е целосно бесплатна услугата али не е ништо страшно.
     
    На Jas! и ph.orhideja им се допаѓа ова.
  4. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.609
    Пол:
    Женски
    Два пати резервирав сместување во Барселона преку Airbnb и дефинитивно се покажа многу подобра опција од било кој друг начин на барање сместување. Се' беше во склад со сликите и описите на становите, цената и повеќе од одлична. Домаќините беа многу гостопримливи, ми објаснија се' што ме интересираше, ми дадоа насоки како точно да стигнам до местата и ме пречекаа пријатно.

    Ми се допаѓа тоа што можеш сам да избереш точно каде сакаш да бидеш сместен и која е цената која би ја платил. Супер е тоа што ги дава само слободните сместувања за периодот кога сакаш да патуваш. Ми се допадна многу и тоа што се додека не стигнеш во сместувањето, парите кои си ги уплатил за сместувањето не стигаат на сметката на издавачот на станот. Што значи дека ако се откаже патувањето или има некој проблем парите се враќаат.

    Одличен сајт. Ќе продолжам да го користам.
     
    На joy1, Jas!, Bozica1980 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Како иде плаќањето преку овојј сајт? Картица унапред или?
     
  6. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.331
    Допаѓања:
    47.772
    Пол:
    Женски
    Да,однапред се плаќа со картичка.Но секогаш постои опција за откажување на резервацијата,ама тоа зависи од политиката на домаќините.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.609
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира дали ако сакаш да издаваш стан/соба преку Аирбнб постојат некои закони и давачки кај нас? Во Барса кога престојував и на двете места ми кажаа дека се' е тоа тајно, не пријавувале гости, ни дека имаат соби за издавање. Па ме интересираше дали знаете како е кај нас. Бидејќи да издаваш стан или куќа месечно обврзан си да пријавиш и да плаќаш данок, во спротивно многу се високи казните.
     
  8. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.669
    Постојат да, ама кој ги почитува :)
    Познавам многу што се под кирија непријавени и газдите не плаќаат никаков данок. Како што ти кажале таму се е тоа во тајност, а за да те откријат треба некој љубоморен комшија/пријател да те пријави и да фатат на лице место странци во стан (кои патем може и роднини да ти бидат нели). :nod:
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  9. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.609
    Пол:
    Женски
    Да, така и си мислев. Впрочем тоа ни беше изговорот ако ни дојде полиција во Барселона. Фала ти
     
  10. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    4.745
    Здраво, може помош? Мене ме интересира дали цената е од човек или за соба? Другарка ми и сестра и сакаат да одат во Франција и најде едно ефтино место што најмногу им одговара (30 евра од ден, плус за чистење и туристичка такса). Она што им претставува проблем е цената дали е од човек или па собата е толку? Долу си пишува за плус човек се доплаќа 11 евра и тоа е супер, ама ич не сме сигурни за првите две. Нив им треба само да ги остават куферите, ама местово ептен им се засвиѓа. :lol:
    И дали чистењето е после престојот или од ден? (Можеби е глупаво прашање ама за сигурно)
     
    Последна измена: 20 март 2017
  11. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.574
    Допаѓања:
    171.537
    Пол:
    Женски
    Чистењето е на крај на престојот а цената е зависи за колку лица пишале дека бараат престој кога удриле на пребарај... 2 или 1..
    Најчесто цената се однесува за соба или цел стан, во зависност од потребите (и сентингот при пребарување) а цената за дополнителна личност се однесува за лице НАД максимумот кој што е наведен во описот. За соби најчесто 2, за станови 3-4 или повеќе доколу е со повеќе од 1 спална..
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    4.745
    Супер значи се однесува на собата, а не од човек. Тоа ме интересираше. Фала многу.
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  13. alf

    alf Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Машки
    Ne mora komsija da te prijavi. parite ti stasuvaat preku transakciska i zatoa ako saka UJP da ti napravi kontrola- togas nema beganje i pravis prekrsok.
     
  14. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.669
    Парите може да стигнат и преку PayPal пријавен на странска адреса, а таму никој нема евиденција.
     
  15. alf

    alf Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Машки
    AIR BNB сајтот го користам повеке од 6-7 год. за сместување во странство. Имам одено повеке од 15 тина пати во различни градови ширум Европа. Воедно и издавам стан на истата страна овде во Мкд. На кој принцип оди овој сајт. Внесуваш датум, колку членови, место, до колку пари, што сакаш да има апартманот и.т.н. Притискаш енетер и наогаш широк спектар на станови во тој град ( на мапа од десна стр. а од лева ги имаш становите со слики). На мапата плус ги имаш и која цена се движи апарт. Одбираш кај сакаш да се сместиш, обично во центар или до жел. станица итн.Кликнуваш на фотографијата и ти се отвараат податоци за станот, колку соби има, колку лежаји, и сето тоа е пропратено со слики. Цената е изразена по ден пр. ( 4 night x 45е=180e )+ имате " service fee" , тоа се пари за фирмата ( аирбнб)и може да имате + трошкови за чистење ( а во последно време има и окупациона такса - таа е за ујп по нашки кажано) и се вкупно доле ви стои 255е ( на пример) за сите членови што сте ги навеле. НАЈВАЖНО е да пред да букирате, да ги прочитате правилата на газдата. Имате време кога можете да влезете во станот пр ( од 14-20ч), а вас авинот ви стасува во 22ч.-Што мислите во Париз некој ке ве чека до 23ч за да ви го даде клучот и он ке си замине дома( бидејки тој не живее таму).???? Има апартмани каде ви вели за чекиранје после 23ч +10е. Пред да го букирате апартманот видете најздола имате " review", каде гостите што претходно престојувале даваат оценка за апартманот и известување, дали било добро и дали е се како што опишал газдата.За мене оваа опција е многу добра за да видите каков е апартманот. Исто важна опција е да видите начинот на откажување на апартманот каков е??? Имате 3 опции:1 флексибилно - ако откажете пред 24ч ке ви вратат цела сума( мислам дека е така ама не сум сигурен)освен таксата за фирмата, 2.модерате- пред 24ч ако откажете не ви враќаат само за 1ден ( пак не сум сигурен) и 3. стриктно - кога не ви ги враќаат половина пари. во секој случај при било кое откажување не ви ги вракаат парите кои се наменети за фирмата аирбнб.Имате опција за овие откажувања и затоа добро прочитајте ги. Му пишувате на домакинот и му кажувате кое време ке стасате , колку луѓе итн. Ако пишете бр. на телефон или маил ( заради контакт) аирбнб нема да му го прикаже за да не се договарате меѓусебно. Договарање ке може да правите кога ке букирате и кога газдата во рок 24ч ке ви прифати( доколку не прифати) парите сите ви ги вракаат назад и ви нудат друг да си најдете. И пак истата постапка одново. Интересно е тоа што парите на газдата ќе му легнат на сметка откога ке се заврши патувањето и тогаш ке бидете прашани од аирбнб за детали како било и дали се било во ред и ќе може да пишете за апартманот и да давате оценки за чистота, цена,местоположба итн.Кога ке букирате и кога газдата ке ви прифане , тогаш го добивате тел. бр. на газдата и полната адреса и тогаш можете да му кажете на газдата како ке пристигнете и како да го земете клучот од станот. Се на се преку оваа опција ( страна ) можете да најдете апартмани и станови во поголемите градови упола поевтини од хотелите. Кога бирате, бирајте апартманите да можете да ги користите сами, т.е. да не ги делите со газдите или пак со некои други гости. ( не знаете какви се домакини или гости ке ви се погодат по овоа светов). Доколку сакате други подетални информации - слободно прашајте.
     
    На Alex.T и crimson им се допаѓа ова.
  16. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Најчесто можеш да се договориш со газдите за земање на клучот ако пристигнеш подоцна.
    Конкретно баш за Париз, пред некоја недела патував, check-in беше до 20h, а јас пристигнав во 1 сабајле. Газдата ми го остави клучот во сеф со шифра, закачен на влезната врата.
     
    На Asja му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Користам неколку пати веќе ама ова првпат ми се случува, па ако има некој да сподели искуство.

    Резервацијата е направена одамна, платена и потврдена. Треба да тргнеме на крајов на следната недела.

    Е сега, пишуваме на host-от веќе двапати за да се договориме околу клучевите и нема одговор. Да ја барам на бројот оставен таму, да замарам, напињам или? :^) Јас ли замарам, до мене ли е проблемот? :rofl:

    Шала на страна, мора да договориме точно оти сме врзани со јавен превоз. Не би да стасам таму у ниедно време и да нема никој. (Flexible check in има)

    Инаку, сите позитивни се ривјус, последен гостин сега во декември ја оценил топ.

    Многу ми е незгодно у вакви ситуации и баш заради тоа користам вакво букирање, за да избегнам непотребни контакти ама неееее. |(
     
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Мене ми се случи, пробав да контактирам неколку пати, ни глас ни траг од домаќинот а платено и потврдено.
    Пишав на airbnb support, им објаснив ситуација и ми рекоа дека они ќе го исконтактираат. Пробале и ништо, откажаа, ми ги вратија парите и плус 50 евра или долари беа за непријатноста (можеш да ги искористиш само кај нив, ако уплатиш пак), само парите стигаат после недела дена отприлика, може и покасно. Ич да не се секираш дали ќе изгледаш испаничено, подобро тоа отколку да останеш на улица.
    Едит -зависи кога си и пишала. Ако двапати си пишала во еден ден тогаш рано е, ама ако веќе недела време не ти враќа, тогаш контактирај ги аирбнб.
     
    На buba4e89, Dust, Antebellum и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Е ќе се сликаме ако треба да бараме смештај пак последна недела на декември, а карти букирани и платени. (facepalm) :|

    Се надевам дека типкава не се замара или нешто такво. На крај краева, можеше да ја одбие резервацијата ако нејќеше да и' одиме. :devil:

    Одма сега пак ќе и' пратам порака. :envy: Фала Бриџит!
     
    На Bridget му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    @Bridget сега гледам ова едитов. Не е двапати во еден ден, еднаш пишано е кога ја направив резервацијата, и' го раскажав цел план, кои сме, шо сме, зошто сме... ништо. Викам ок, во ред, можеби не се замара, само ми потврди резервација.

    Вчера сабајлето и' пишав пак да и' кажам кога точно пристигнуваме и да ја прашам кога најрано може чек ин.... не ми врати.

    Сега ја отворив пак, гледам, гледам и не гледам ништо чудно. Па ја најдов на Фејсбук да видам која е, пошо сталкер :D и гледам дека е млада некоја, далалајка, патува низ светот. Ваљда не се замара, кој ја знае.

    Ќе и' дадам фора до утре сабајле, ако не пише, ќе барам чаре. :|