Серхат Теоман или Саваш од новата турска серија "Ајшен", која се емитува на Канал 5, за кратко време ги освои срцата на женскиот пол во Македонија. Новиот миленик на девојките го гледаме во улогата на Саваш, млад и успешен бизнисмен кој не останува рамнодушен кога е во прашање убавината и добрината на Ајшен. Низ епизодите, Саваш станува се' позаљубен во Ајшен, а од него стигнува и нејзиниот прв бакнеж во животот. Од една страна, тој е нежен и мил кога се во прашање Ајшен и сестра му Суреја, но од друга страна, ја гледате неговата сурова и немилосрдна страна кога е во прашање компанијата, која ја наследил од татка си.