Здраво девојки, дали некоја од вас има вакво искуство, каде аплициравте, како ја најдовте фамилијата и најважно од се како си поминавте????
Au pair job http://www.aupair-world.net/?ggl=de еве го линкот Jас моментално сум au-pair во Германија и да ти кажам баш ми се погоди фамилијата, како 100 години да сме живееле заедно. Инаку се што треба да направиш е да се регистрираш на страната и на тој начин фамилиите ќе можат да го гледаат твојот профил, а нормално и ти профилот на фамилиите. Им праќаш покана, ако ти одговорат потврдно понатаму контактирате на маил или фб. Инаку е интересно, но за целата процедура си треба време и истрајност
Јас сакам да одам во Британија, па ме интересира дали треба виза и потребни документи ако некој знае подетално.
Нормално дека треба виза. За Британија не важи визната либерализација, а и плус тоа ако одиш за бебиситер треба да останеш минимум 6 месеци, па секако ти треба виза. Имате агенции што се занимаваат со ова, па они сите работи ви ги бркаат.
Па најмногу време Инаку си го плаќаш патот и визата (нормално сите пропратни работи околу визата), и сето тоа отприлика 250евра
Ќе можете да ми објасните малку повеќе за ова, незнам ништо прв пат слушам за таков термин Au pair работа , а баш се заинтригирав?
Ми се допаѓа Au pair работа бидејќи можноста да заработуваш е 85% поголема од тука кај нас. Но бидејќи су на посдипломски понатаму ќе размислувам на оваа тема.
Јас прашував во една агенција и ми кажаа дека за Британија нема такви програми веќе две години, дека Британската влада ја укинала Ау паир работата за македонските девојки. Во Европа можеш во Германија, Норвешка, Шведска, Франција и уште неколку држави ги имаше наброено, ама треба да го знаеш нивниот јазик, а не само англиски.
А во кои агенции ја нудат оваа работа, ќе може да ми кажете некои од нив, бидејќи јас не знам ниту една
Има за во Америка, договорот трае една година. Има Ау паир програми преку Контекс. Еве ја веб страната. http://www.kontext.com.mk/?meni=1&jazik=mk
Да помогнам малку... Значи нема поубава работа за еден млад човек од Ау Паир. Начин да научите јазик, стекнете нови пријателства, живеете во едно германско, американско или француско семејство... Чувате деца до 30 часа неделно, живеете како член на семејството и уживате. Платени сте за да се шетате по папучи цел ден. За таа цел од се срце ви ја препорачувам агенцијата Контекст, појдете кај нив, јавете им се и се ќе ви се побјасни. Тимот е составен од професионалци, луѓе кои биле бебиситери, а агенцијата е членка на IAPA организацијата www.iapa.org можете таму да ги најдете, а таму се зачленети само професионалц на ова поле. И да, секако дека ќе помислите дека им правам реклама - па да, заслужено... Ќе видите и самите зошто. За бебиситери или ау паир они се БРОЈ 1. Еве ви и контакт: 3 223 579 или веб страна: www.kontext.com.mk Поздрав Александра
Ме интересира дали може ние да бираме во кој град, мислам доколку има понуди од тој град или околината? На пример да сакам во Германија и да ми треба во близина на некој град или место. Дали може и тоа да се наведе? Ќе може некој да ми каже? Благодарам однапред.
Град може дасе бира, ама не значи 100% дека ќе те земат баш од тој град. многу е важно колку добра апликација имаш - дали си возач, дали знаеш јазик. Јас сум била два пати ау паир и во Германија и во Англија и сакаат да видат „комплетна личност“ во секој поглед. Поздрав
fala bogu deka nema da znaes norveski, ili pak svedski, sekade za aupair e potrebno samo angliski, i toa e dovolno. i normalno dela jazikot ke go naucis na specijalizirani kurevi i so pomos na semejstvoto, jas imam raboteno 1 god. au pair vo danska, kade vo prvoto semejstvo ne bese se kako sto treba pa, 1 sedmica podocna go zameniv za drugo i so niv mi bese prekrasno ete i denes posle 3god imame kontakti..... prekrasno iskustvo [mod-kirilica:2ra1yp5c][/mod-kirilica:2ra1yp5c]
Јас баш и не би се нафатила на ваква работа. Поарно нешто друго ќе одам да работам. Незнаеш ни каква фамилија ќе ти се падне, ни ништо како ќе ти се погоде. Голема храброст имате тие кои заминувате вака. Ај на сите ви посакувам среќа