1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Baby-Led Weaning (бебињата јадат сами)

Дискусија во 'Бебе' започната од rainbow_bb, 28 април 2021.

  1. rainbow_bb

    rainbow_bb Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2020
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.256
    BLW е метод на дохрана со кој бебињата започнуваат самостојно да се хранат со соодветно подготвени парчиња храна. Во бременост дознав за ваквиот начин на хранење на бебињата и уште од тогаш сум решена да го прескокнам традиционалниот начин на ранење кашички и пасирана храна со лажичка. Дали има на форумов некој искуство со вакво хранење?

    Во продолжение неколку видеа за тие што се заинтересирани, а не слушнале за BLW:




    Исто така, следниве инстаграм профили:
    https://www.instagram.com/solidstarts/?hl=en - имаат и веб страна со одлична дата база на намирници и соодветен начин на подготовка/послужување за различни возрасти. Инаку, акаунтов е започнат од мајка на дете кое било сериозен нејадач и уште се бори со тоа и близнаци кои започнале да се хранат по блв метода и станале непребирливи јадачи. Сега позади мајкава стои цел тим од експерти и заедно ја збогатуваат веб страната со доста корисни информации.
    https://www.instagram.com/majkatakata/?hl=en - мајка која е единствен сертифициран инструктор за блв во МК.
    Има и фб група: https://www.facebook.com/groups/371075610443713

    Се надевам кога ќе ни дојде ред за дохрана ќе има со кој да си споделувам тука блв искуства. :)
     
    На ***Bony***, GoldenFrida, BeloMache и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Katerina94

    Katerina94 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    2.303
    Јас сакав да пробам, многу е заинтересирана малата, но ми е страв од гаг рефлексите што ги прави
     
  3. rainbow_bb

    rainbow_bb Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2020
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.256
    сигурна сум дека и мене ќе ме вади тоа од памет, ама и од кашички се закашлуваат бидејќи рефлексот им е многу напред. од тоа што имам читано, закашлувањето е добар знак затоа што тоа кажува дека знаат како да се справат со храна која отишла предалеку во уста и со тек на време ќе совладуваат.
    плус, gagging =/= choking.
     
    Последна измена: 28 април 2021
  4. Inana123

    Inana123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2020
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    551
    Пол:
    Женски
    Заинтересирана сум многу за методот и сакам да пробам со ќерка ми за некој месец. Но страв ми е да не нема осет колку ќе бута во уста, или да скине поголемо парче па да се задави :^)
     
  5. rainbow_bb

    rainbow_bb Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2020
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.256
    сѐ што е преголемо ќе го исфрли ради гаг рефлексот, а и како што гледам на почетокот повеќе подлизнуваат отколку што откинуваат цели залаци. многу е битно храната да е соодветно подготвена (големина на прст и омекната) за да се избегне ризикот од гушење.
     
    На GoldenFrida и Inana123 им се допаѓа ова.
  6. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    5.450
    Пол:
    Женски
    Мојот син почна со блв од 7ипол месеци.
    На почеток е малце страшно, барем мене ми беше...
    Бев на предавање кај мајкатаката и слушав предавање за прва помош при гушење. Тоа ми помогна да се охрабрам.
    Плус Катерина ми е во секое време достапна за консултација за било што и имаме приватна група на фб.
     
    На kozuf, Филотеа, IRBBB и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    8.091
    Пол:
    Женски
    Не ви е страв дека ке се задават бебињата?
    Зошто воопшто да ги доведувате свесно во такви ситуации?
    Што им фали на кашичките и пасираната храна?
    Од пуста желба за помодарство ке се трауматизирате...
     
    На LadyD, Prolett, thelittle17 и 9 други им се допаѓа ова.
  8. rainbow_bb

    rainbow_bb Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2020
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.256
    ризикот од давење/гушење се избегнува со соодветна подготовка на парчињата храна.
    точно е дека во последно време се разговара повеќе за овој метод на дохрана што некој може да го сфати како помодарство, но доколку се одвои време да се прочита за многубројните придобивки од блв наместо да се контрира нешто колку да се контрира, можеби ќе се отвори умот кон нови можности што би ни помогнале во справување со одредени идни предизвици кога е во прашање исхраната на децата.

    ништо не им фали на кашичките и пасираната храна, баш постојат истите во светот на блв со тоа што се служат и ротираат 2-3 наполнети лажички на послужавникот од хранилката и бебето само ја зема лажичката и ја става во уста.
     
    На ***Bony***, 1209, Rtulka и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.834
    Пол:
    Женски
    Многу сакам да пробам со второво бидејќи "големиот" е две години и уште мора да биде мазно пасирано.
    Плука и не џвака месо.
    А бебево го гледам дека е голем љубител на храна и сега почнав банана да му давам само со вилушка згмечена си ја јаде.
    6 и пол месеци е има 2 заби доле и гледам врти низ уста .
    Но се плашам искрено незнам како би реагирала во моментот.
    А за првото дека многу се плашев он од млеко нон стоп се давеше не се осмелив и еве уште блендирам за него
     
    На Bella* и rainbow_bb им се допаѓа ова.
  10. mar3q

    mar3q Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2014
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    470
    Ќерка ми е 8+ и јаде само мазно блендирано. Пробав 2 пати да и дадам кашичка со парчиња и ми поврати, имаше нагон за кашлање повраќање и на крај се исповрати дури и се гушеше. Трет пат и дадов смока, и од неа истото. Искрено веќе ми е страв да и давам така кога ја гледам дека се мачи и не знае да жвака
     
    На tulip-K му/ѝ се допаѓа ова.
  11. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.104
    Допаѓања:
    32.918
    Пол:
    Женски
    Пред скоро време влегов во ваква група на фб и искрено се фасцинирав колку децата можат да се осамостојат рано (имаше видеа од дечиња на 1 година што со виљушка сами се хранеа). Мислам дека многу подобро и побрзо се развива моториката кај овие дечиња.
    Освен проблемот со гаг рефлексите, како уште еден проблем (што мене лично би ми бил проблем) се шлакутниците наоколу што би ги правело бебе, додека ја истражува храната.
    Мене ме интересира дали додека не ги исполнува бебето сите услови за да се храни на ваков начин, не треба да се воведува дохрана?
    Оти реално самостојно седење имаат најрано после 6ти месец, некои и покасно, па дотогаш би биле само на млеко?
    Многу сакам да прочитам искуства, го поддржувам овој метод дефинитивно.
     
    На GoldenFrida, Stressed Out и rainbow_bb им се допаѓа ова.
  12. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.401
    Допаѓања:
    8.661
    Пол:
    Женски
    Баш сакав да отворам ваква тема пред некој ден. Јас одамна ја следам мајкатаката на инстаграм, но не сум и пишала, како оди тоа дали наплаќа, советува..? Би сакала да пробам ама мислам дека е рано. 5 и пол месеци е малата и уште не седи стабилно. Пробуваме вкусови , блендирано ама не сака лажица да види. Ми ја турка лажицата кога ќе и ја доближам или си ја зима и си ја лиже/става во уста.
     
    На rainbow_bb му/ѝ се допаѓа ова.
  13. rainbow_bb

    rainbow_bb Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2020
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.256
    @IRBBB во врска со седењето, има опција да се пополни хранилката со пешкири од страните за да се исполни условот седење исправено под 90 степени. доколку и вака е нестабилно, и јас се прашувам истото.

    нередот за жал е неизбежен, но знаејќи ги придобивките од истражувањето на различните текстури на храната, лесно ќе се прејде преку тоа. исто така, се препорачува да не се бришат/мијат за време на оброкот, туку сосема на крај кога се готови со јадење за кога се извалкани од храна да не ги асоцира во негативна смисла.
     
    На ***Bony***, IRBBB и Butterfly1107 им се допаѓа ова.
  14. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    5.450
    Пол:
    Женски
    Страв секако дека има ама за сега нема никаде статистика дека децата со блв се во поголем ризик од задавување.
    Има точни насоки како се подготвува храната и која храна не се служи воопшто до 5 години.
    За тоа што фали во кашичките нема да навлегувам. Хранење со блв има огоромен број на предност. Децата ја учат текстурата на храната уште од мали. Со тоа ја добиваат најдобрата сензорна активност која може да им се пружи. Развиваат многу подобри моторички способности од своите врсници. Со блв се редуцираат нејадачите и пребирливите деца. Уште од мали се учат за манипулација на јазикот и храната во устата што дополнително го намалува ризикот од загушување кога би се нашле во ситуација да им биде понудена ризична храна. Најбитно од се децата одлучуваат колку им е доста и кога сакаат да прекинат со јадење. И уште многу многу бенефинити на кои јас и мојот син сме сведоци
     
    На BeloMache, dunika, eta и 2 други им се допаѓа ова.
  15. rainbow_bb

    rainbow_bb Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2020
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.256
    @Butterfly1107 велиш почнавте со блв од 7ипол месеци. дали ви беше тешка транзицијата (претпоставувам до тогаш сте го ранеле со лажичка блендирано/пасирано)?
     
  16. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    5.450
    Пол:
    Женски
    Блв не е да даваш ти со лажица парчиња, тоа е скроз погрешно. И смока е лош избор. Мојот јаде се самостојно и еднаш му дадов смоки лино и не можеше да ги совлада.
    Почни со храна кога има приближна текстура на кашичка, пример батат. Убаво ќе го свариш и ќе го исечеш на ленти долги и широки колку два твои прста. Битно е да почнеш со зеленчук заради тебе, ова од искуство ти го кажувам, јас почнав со банана и синко одма одгриза огромно парче. Што за почеток ми беше малце стресно.
    Ама гризањето на големи парчиња е дел од блв, учат така. Еве сега е 10ипол месеци и ретко му се дешава да гризне големо парче и да проба да го голтне.
     
    На ***Bony***, NoirSerpentine, dunika и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    5.450
    Пол:
    Женски
    Претходно јадеше блендирано, транзиција немаше. Кога ги завршив обуките одма почнав да ја служам храната според блв. Имаше гаг рефлекс доста, на почеток при секое јадење по неколку пати.
     
    На IRBBB и rainbow_bb им се допаѓа ова.
  18. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.401
    Допаѓања:
    8.661
    Пол:
    Женски
    Каде има обука за блв?
     
  19. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.104
    Допаѓања:
    32.918
    Пол:
    Женски
    На rainbow_bb и Lovebug01 им се допаѓа ова.
  20. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    5.450
    Пол:
    Женски
    Ја поминав обуката на https://instagram.com/majkatakata?igshid=15585yefm85it.
    И ја прочитав книгава, ја има на гоогле да се симне
    И овде на солид стартс има доста корисни совети https://instagram.com/solidstarts?igshid=ju148tgw3ghm
    А од овде слушав предавање за прва помош
    https://instagram.com/keepabeatuk?igshid=12r3m830pp4cc
     

    Прикачени фајлови:

    На GoldenFrida, IRBBB, Lovebug01 и 1 друга личност им се допаѓа ова.