Ова е американски обичај,каде најблиските пријателки и роднини на трудницата прават мала забавакога ќе е готова собата на бебето и и ги подаруваат првите подароци. Претпоставувам дека тешко е да се најде некој на форумов кој би можел да ни пише нешто подетално и да сподели искуство со нас. Но какво е вашето размислување за ова? Дали ви се допаѓа, дали би сакале да има ваков адет кај нас? Дали би направиле нешто слично? Иако кај нас пак се почесто е убавиот пречек на бебето и мама дома,одколку ова. Или пишете вие дали и како бевте дочекани дома?
Baby shower party...бебето доаѓа. Еве јас ќе споделам искуство за baby shower Јас со скоро сите што се дружам се австралки, освен една од најдобрите другарки која ми е и кума (татко и ме крстел) така да тие ми организираа baby shower. Нема врска дали е завршена или не собата за бебето со забавата, на ниедна што сум присуствувала немало врска со бебешката соба, првпат слушам такво нешто. Треба као да биде изненадување ама пошто снаа ми ја правеше тортата и другите благи работи ги провалив Обичајот е да те излажат за да излезиш од дома а тие за тоа време да декорираат, кај мене две другарки беа задолжени за тоа, ме однесоа во спа центар (маникир, педикир, facial ) а другите 3 декорираа дома. Имаше онакви стандардни натписи It`s a boy, балони еден куп со истото, штркови и таквимити чуда, сите носат подароци за бебето, се играт игри, се потпишуваат во бебешката книга кои биле, се сликавме, јадевме, пиевме и тоа Тука нема повојници, забавата е тогаш кога ти носат подароци за бебето, дали е подобро од нашите мекици и повојници....не знам затоа што јас си ги уживам благодетите и на двете работи. Со мекици обично се прославува раѓањето на новиот член ама на нив не присуствува мајката, повојница пак ти доаѓаат кога бебето е мало, мајката сеуште можеби не е уходана со бебушот и плус сите оделно доаѓаат не на куп.......кога би требало да се одлучам само за една работа тогаш тоа би било baby shower, тоа ми се гледа како најдобро од сите работи
Baby shower party...бебето доаѓа. За ова со собата и јас не сум слушнала. обично baby shower party се прави кога жената е кон крајот на бременоста и се носи храна во нејзиниот дом и подароци кои претходно жената си ги маркирала во продавница кои работи сака да и ги донесат и така се слави доаѓањето на бебето.И да нагласам дека Американките не прават којзнае каква врева околу тоа..за сметка на тоа Mакедонките прават во ресторани со незнам си какви чуда и глупости..
Baby shower party...бебето доаѓа. Искрено овој обичај во малку по друга варијанта го има кај припадниците на муслиманската веросиповест ( барем јас така знам) , имам комшика босанка и кога влезе во 9ти месец нејзините најблиски и другарките и донесоа се што е потребно за првите денови за бебето ама баш се и тоа оди со прослава ама таму се правеше првите денови од 9ти месец . Што се однесува до мене повојницата беше најубавиот обичај да ги видам милите а плус сите ми се јавуваа за бројче на облека и вид да не се повтори дупликат така да се си износевме . Инаку од болница ме зема само мм на мое барање и негова согласност он си го изнесе бепчето ( во транс од возбуда)ме пречека со огромен букет, дома се беше со балони и гланц чисто креветчето поставено облеките испрани и спакувани ( за последново со облеките се погрижи мајка ми)
Јас и другарка ми сами си направивме бејби шауер се изнакупувавме оти ако не јас немав ни кој да ми даде и кој да оди за мене а и не сакав вo последен миг сакав се да ми средено. Искрено, сум за вакво нешто, оти кога ќе се соберат пријателки, роднини и секој ќе донесе по нешто, подобро е од аспект што знеш што да докупиш и не си породена, сепак полесно е. Така да кога бебе ќе се роди имаш време повеќе да се поветиш на него, да заживне и то животче па послем гости да го видат. Тамбс ап од мене
Кај нас многу се затуцани со бабини деветини, не сакам да звучам лошо ама од старт со негативизам се во врска со купување работи пред да се роди бебето... Јас почнав да купувам од 7ми коа ми потврдија дека е маже, и кој како доага јас покажувам не коментираат ништо ама ме гледаат чудно као види ја оваа како може пред време да купува за бебето. А како годпод што е никој не е, пу пу скраја да е ама може да се деси и одкако ке го родиш нешто и затоа ме нервираат. и коа ке слишнам чекај има време, луге што чекате нешто да не биде у ред, ц ц ц македонски синдром. За наредното бебче планирам baby shower и со тоа нема да праам повојница нонстоп да ми доагаат луге по дома вака ке си завршам се пред да дојде бебето. Многу практично според мене.
Мене лично ми се свиѓа,ама сеуште не е многу актуелно кај нас за да го применуваме,а баш е супер барем мајката е центар пажња за последен пат(после се знае кој е во центарот-бебулето) на мекици и така нема да биде сите дома слават,а мајката во болница. А за купување пред време или не,јас почнав да си купувам уште во 7 месец и све си имав спремено креветче,постелнина,транспортер,облека не можев да оставам така...јатрва ми ништо немаше купено и било шубе,и на крај дента во 9ти кога влезе и пукна водењакот и одма во болница ништо не и беше спремно ама буквално ништо,и после тоа се каеше дека ги пропуштила најубавите мигови кога си купуваш за бебчето,си ги переш дома алиштенцата...
Jас не би направила ваква забава. Би купувала работи пред да се роди,тоа да. Но нешто вакво апла големо,сепак не. Не дека не е актуелно,туку едноставно ми е претерано трошење пари.Тоа го праат оние со подлабок џеб. Одкако ќе си дојде бебушко,ќе има еден куп причини за славење
Јас прв пат слушам за вакво нешто. И да знаев за ова пред да се роди син ми, немаше да го напраавм. Многу трошок е.
Дргарка ми пред некој ден ми рече дека сака да ми прави ваква забава. Спојлер (Таа е од Енгланд, деар френдс) Се разбира дека се согласив. Се согласувам со сите вас. Нов обичај е, и не е наш. Ама добар е. Каде-каде подобар од валентајн или моминска (јас имамв и моминска). За разлика од чоколадо и долен веш ќе добиеш работи кои ќе ти бидат навистина корисни Спојлер (не дека не сум ги искористила и другите поклони ) И за разлика од мекици, мајката е вклучена и е центар на внимание. А не верувам во апсолутно никавки суеверија така да купување работи рано или бал бла бла не ме интересираат. А за трошок дека е, можеби и е. Ама во нашата околина секогаш плаќал тој што организира или сите придонесуваат, што мене навистина ми допаѓа. А што ти треба всушност? Од искуство зборувам... Сме поминале неколку вакви забави со нешто за пиење, нешто грицки, и многу муабет. И торта
Во нашиот крај, мекиците не се главната прослава за бебето, како овде во Ск, кога идат сите а мајката е се уште во болница, но главниот чин се дешава од кога ќе направи бебето 40 дена, па тогаш се прави тоа частење по дома или во последно време по ресторани или кафеани,каде нормално присуствува и мајката, значи му доаѓа задоцнето baby shower party само со жени, за разлика од скопските мекици каде идат и мажи. Тогаш носат сите покони за бебето, се остава паричка, за тие прв пат што го гледаат, едно парче од погачата секоја жена ја топнува во сол и шеќер и на крај , мајката го јаде тоа парче На одење на секоја жена и се полива вода да си измие рацете. Некаде дури и на погачата сите фрлаат пари врз крпа, која потоа се врзува и секоај жена ја протресува крпата и го благословува детето. Всушност овие адети, во глано се избегнуваат, но идењето напогача со поклони да се прави. Идат сите роднини, комшивки пријателки и на двете баби и на мајката така да се собираат доста жени. Така да се собираат и доста поклони. Убаво би било ова да се случува пред да се роди бебето, така ќе знаеш што треба да купиш што не, вака мораш се да купиш а потоа ти се собираат многу дупли работи
bas pred tri dena prijatelkite mi organiziraa baby shower. Toa ne e bas trosenje pari tuku sekoja drugarka nosi po nesto za jadenje salati, blagi, nekoja torta nekoja sok i taka. Plus od golema pomos e zatoa sto ima mnogu pokloni i interesno e sto majkata nisto ne znae za ova se e iznenaduvanje . Pa se igraat igri se zema toaletna i ostanatite treba da go pogodat obemot na stomakot i koj ke go pogodi ima mali nagradi, navistina e interesno jas se iznenadiv epten, mora da pocnime da go primenuvame i vo mk Ps se izvinuvam za fontot nemam mk poddrska
Колешка од работа пак сама си организираше кај нејзе во двор, прекрасно беше, коктелчиња ни правеше сестра и а нормално имаше и Вирџин коктели за неа, демек трудна де Подароци и носеа, но ниеден не можеше да се спореди со овој што и го однесовме ние, Дајпер кејк, сум се потрудила максимално, на неа наредивме подароци кои подоцна може да ги користи и сигурна сум дека веке и се искористени со оглед на тоа што се роди бебувче више. Јас имав и нокти во тој фазон Спојлер Беше прекрасно мислам дека, мајка беше пресреќна и си поминавме преубаво попладне кај нејзе во дворче, се запознавме со идниот татко, со нејзините и секако го анимиравме поголемото синче. Јас за мене би дозволила некој да ми организира, ама и да не организира некој мислам дека и самата би се нафатила да си спремам едно дружење дома со пријателки
Мојот baby shower ќе биде оваа сабата. Се освен деното е изненадуваање. Ама од претходно искуство можам да кажам дека ќе биде баш како што е споменато погоре, секоја другарка носи по нешто за "мезење" или пиење. Претпоставувам и дека ќе играме игри. За поклони знам дека или ќе се соберат повеќе и ќе купат нешто поголемо, или секој поединечно, кој колку може финанскиски. Иако се сомневам дека ќе биде мешавина од двете. Ама мене ми е поважно дружењето. Се разбира дека сум среќна што ќе добијам работи (и знам дека се што ќе добијам ќе користам) ама мн повеќе ме возбудува дружењето. Мн сакам кога ќе се собереме јато чавки и гракаме за се и сешто. Си ги љубам другарките многу Туку тие што сте имале или сте биле на ваква забава, може да ми кажете дали поклоните ги отвараше мајката таму? На тв сум гледала дека го прават тоа, ама јас не сакам некоја да се чувствува не убаво затоа што донела "ситница" (што и да е за мене нема да биде ситница ќе ми значи многу)
Baby shower е супер и слатка идеја и иако не е наш обичај, мене ми се допаѓа концептот и намената... само што кај нас нема и некоја реална потреба за тоа. Имаме мекици за бебето, па крштевка, па прооде бебето прави му колачиња стапалки, па запче извади бебето, ајде сега не знам ти каков обичај, прв роденден кој обично потсетува на свадба, или е ресторан или игротека по најново, оооогромни прослави и суми и собиранки... уште само ова ни фали да бидеме комплетни.
Ако веќе прифаќате работи од запад, прифатете ги до крај, тие никогаш не гледат на големината на подароците Најбитниот дел од baby shower е баш отварањето на подароците во присуство на гостинките, нема што на некоја да и е незгодно поради "големината" на подарокот, единствена причина да се почувствува не убаво би било ако реагираш несоодветно поради "големината" на подарокот. И мала напомена на тие што правите baby shower, не очекувајте утре подароци и за повојници итн, тие што биле на baby shower донеле подарок, не ги гледајте попреку кога ќе дојдат да го видат бебето без подарок.
Ако веќе прифаќате работи од запад, прифатете ги до крај, тие никогаш не гледат на големината на подароците Најбитниот дел од baby shower е баш отварањето на подароците во присуство на гостинките, нема што на некоја да и е незгодно поради "големината" на подарокот, единствена причина да се почувствува не убаво би било ако реагираш несоодветно поради "големината" на подарокот. И мала напомена на тие што правите baby shower, не очекувајте утре подароци и за повојници итн, тие што биле на baby shower донеле подарок, не ги гледајте попреку кога ќе дојдат да го видат бебето без подарок.[/quote] Во право си.Ќе видиме како ќе се организраат женските во сабота,.И во право си за она со рекацијата, ама за тоа воопшто не се секирам, знам дека ќе се топам пред се Иначе нит правам повојница, ни мекици ни крштевка нит некои од др што ги спомна Трендафилка. Идејата за Baby shower ми е прифатлива баш затоа,не е дали прифаќам работи од запад туку дека не сакам адети, посебно не кога не ги рабирам.
Мене пак мекиците ми се баш интересна работа, затоа што имаат вистинска симболика, ама оние вистинските мекици, со мекица, бело сиренце и шеќер, а не со скара, музики, кафани и глупости. Ова да, убав момент е, иако не е наш адет, интересно е да се превземе нешто ново, од златен празник св. Трифун напраивме Валентајн па сеа не можеме ова да го присвоиме Добро да не навлагам во друга тема. Каптивејтинг, ти повојница правела или не правела ќе ти дојдат бебето да ти го видат, е сеа ако ти не ги враќаш луѓето, пак излегува како да си чекала гости, само што ќе ти доаѓаат со денови и месеци додека се изнаредат сите познаници. Крштевка, може да се направи и во поинтимна атмосфера, не мора свадби и од тоа да се прават.
tamu se otvaraat poklonite pred site, mene mi gi nosea decinjata edno po edno i se pokazuvaat na drugite