Незнaм дaли имa вaквa темa низ фoрумoт, aкo имa префрлете гo пoстoт тaму Дaли ги кoристите шaмпoните и регенерaтoрите нa Бaлеa? И кoлку сте зaдoвoлни? Јaс гo кoристев шaмпoнoт зa плaвa кoсa кoгa бев плaвa Нo мнoгу ми јa слепувaше кoсaтa некaкo.. Сегa сaкaм дa прoбaм некoј друг, плaнирaм дa гo земaм oвoј зa вoлумен декa кoсaтa ми е слaбa сo тенкo влaкнo.
Јас го имам користено Balea шампонот и регенераторт за плава коса и спрејот. Од шампонот и регенераторт сум задоволна ја одржуваат бојата. Спрејот е со хидроген и ја гори косата при честа употреба.
Другарка една си купи сив шампон тој што е за да не ти избледува бојата.. Не и помогна воопшто. Од ДМ го земавме на Балеа беше, но искрено и не очекував дека ќе даде ефект, евтин беше и барем не ги жали парите.
Го користам овој балзам и можам да речам дека одлично ја омекнува косата, ама мирисот на манго се претвара потоа во мирис на нешто скиснато! А овој пак, има многу пријатен убав мирис, ама нема добар ефект - не ја омекнува косата и предизвикува статички електрицитет. Добро е што од овој имав земено travel-size пакување за проба.
Да јас. Повеќе е како крема за коса, се нанесува по миење за стилизирање. Супер е, многу убаво мириса, не ја масти косата и лесно е, плус спречува електрицитет. Пробај го.
Да, баш како крема. Кога ставам од него, не нанесувам ни спреј за расчешлување, а ниту пак некои серуми или силиконски капки зашто приметив дека ми ја масти и отежнува косата. Тоа заборавив да напоменам во претходниот пост. Пробај различни варијанти ти, да видиш како би ти одговарало највеќе. Јас го нанесував некогаш на мокра коса па расчешлував или пак после фенирање/пеглање, за да го смирам електрицитетот, за стилизирање и за завршница некоја, за да не ставам восок (ми смета восокот и не ми прија баш). Во секој случај, многу фин а евтин препарат, ќе ти трае мноогу долго.
Последната нијанса, црвената, е изненадувачки трајна и квалитетна. Мене ми трае веќе 5-6 миења на коса, не паѓа брзо, а лесно се нанесува и се држи 15-20 минути на влажна измиена коса (без балсам), и се плакне. Природно имам темно кафена коса, претходно фарбана црна, со израснати седи влакна. Пигментот од ова се задржува и на седите влакна. Друго, шампонот и балсамот од манго се одлични, во претходен пост погоре сум рекла дека малку мириса на скиснато косата, ама изгледа било само тогаш, сега го повлекувам коментарот. Мирисаат одлично и си ја вршат работата супер. Косата ми се замрсува на околу 4-5 дена со овој шампон, претходно на 3 дена со други шампони.
Dali.od balea Ima sampon.so mnogu mirizba sakam.samponot da mirisa I do dva dena otkako e izmiena kosata
Што препорачувате од ДМ за бујна, кадрава и сува коса Бујна ми е многу, локните веќе ги немам бидејки предолго време ја пеглав па сега пробувам секакви маски и регенератори за обликување на локните. Сува ми е, наелектризирана Ви благодарам однапред
Кремава ја користам со години и немам намера да ја сменам,прекрасна е,убаво ми ги обликува локните,дава сјај,не ја слепува косата и трае мнооогу долго. Цената е околу 180 денари Исто сум многу задоволна од овој путер/маска. Можеш да го користиш како маска или после миење. Јас го користам како маска дека откако ќе ја измијам косата ставам од кремата.Супер комбинација ми се. И мене после долго пеглање ми се изгубија локните па сега колку толку се враќаат во нормала. Само да напоменам дека никако не ја сушам со фен, оставам природно да ми се исуши дека ако ја сушам со фен немам ни трага од локни.
Дали некој го има пробано тој спрејот за осветлување на коса од Балеа,многу го фалат па се мислам да го пробам. Ако има некој искуство или ако знае како функционира, т.е како ја осветлува косата да ми каже.
Спрејот е всушност слаб хидроген кој ја гори косата и со тоа се осветлува. Јас ја имав направено многу убава косата омбре со 4-5 прскања, ама после нема оправање. Дури и да се фарбаш тој дел секогаш ќе двои. Да не зборам за оштетување...
Се согласувам. И јас ја имав осветлено со спрејот и тоа од корен. Гоодинии ми требаа да си ја вратам во нормала со постепено шишање. Косата пепел ми се направи, ми се заплеткуваше и кинеше. @wannabe777 Во никој случај не ти го препорачувам.