Драги идни и нови мајки, Навигирањето низ родителството, особено во првите години од животот на детето, е исполнето со небројни недоумици за развојот, негата и воспитувањето. Се прашувате кои развојни одредници треба да ги постигне вашето најмило во првиот месец; како правилно да го поставите на дојката; со кои игри да го стимулирате; што да правите во случај на мастит или блокиран солзен канал; како да постапите при убод од инсект и сл. Најнормално е да имате мал милион прашања и да сте во потрага на најдобрите одговори. Тука доаѓа напомош новата бесплатна апликација Bebbo, лојален сопатник на родителите од раѓањето до првиот училиштен ден на детето. Не само што ќе имате на дланка експертски совети за најчестите проблеми, туку и континуирано ќе учите како подобро да ги разберете потребите, емоциите и однесувањето на вашето најсакано и како да му помогнете да се развива и усовршува. Содржината може да биде персонализирана, па така секојдневно ќе добивате совети и препораки соодветни за возраста на вашето детенце. Апликацијата Bebbo може да се користи истовремено од родителите или старателите за едно или повеќе деца. Тоа значи дека и мама и тато ќе можат да внесуваат мерки за растот или податоци за лекарските прегледи, да го следат календарот за имунизација, како и да добиваат идеи за игри за да го забавуваат детето и да ги развиваат неговите социо-емоционални, когнитивни, моторички, говорни и комуникативни способности. Bebbo е развиена од УНИЦЕФ, не содржи реклами, достапна е и на македонски и на албански јазик, а до библиотеката се пристапува и без интернет. Истражете ја апликацијата: Google Play App Store
Ја инсталирав апликацијата и почнав да внесувам мерки за раст на бебето. Мислев е супер, ама не ми се допаѓа што не може да внесеш само кг на бебе без сантими. Тежина полесно ќе му измерам дома него должина. Инаку корисна е во делот за вакцините, која кога да се очекува итн.