babylove овошни кашички

Bed rest - мирување во бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од Bonnie Top, 31 август 2019.

  1. Bonnie Top

    Bonnie Top Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2015
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    476
    Пол:
    Женски
    Драги мешковци, читајќи по другите теми забележувам дека не има доста што сме на мирување, па ја отварам темава со цел да споделиме искуства која како го поминува времето. Како го поднесувате моментот што се врзани во кревет и сл.?

    Конкретно јас сум на мирување поради скратен цервикс - 27 недела 3 цм. На мирување сум од 14 недела. До сега издржував некако и не ми беше толку проблем, но од последната контрола се исплашив многу и сега буквално и да не станувам од кревет. Веќе почнувам да станувам раздразлива и ми е многу мака, а од друга страна си велам уште малку остана :)

    П. С. Доколу има иста или слична тема слободно нека оди оваа во канта :)

    Поздрав идни мамички :*
     
    На Sexybaby86, WildMk и flower30 им се допаѓа ова.
  2. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    3.464
    Допаѓања:
    66.063
    Алал да ти е како издржуваш. Јас сум на строго мирување од почеток на Август и мислам дека ќе се мрднам:) Имам 3,5 годишна ќерка и многу е потешко кога мора да лежиш, а на некое мало човече му требаш. Имам помош од свекор/свекрва и маж. Ама понекогаш ќе се каже некој коментар кој многу ме погодува и онака(може не намерно) ќе го кажат ко јас лежам од што сакам, а не од што морам. Мене највеќе ми е мака што зависам од другите, што мора да чекам да јадам кога другите ќе зготват, или што не можам да и готвам на ќерка ми. Не можам да си средам сама низ дома. Земав книги, прочитав една:). И толку:D.
    Мака ми е од лежење и што не можам некој ден да се наместам убаво, ме боли се. Па и кога лежам/мирувам некако потешко ми е дишењето.
    Инаку јас сум 25та недела. Цервиксот ми е добар, затворено грло но имам контракции.

    Ама мора да се издржи машки:D
     
    На galapce, Sofi.ja и koritsaki им се допаѓа ова.
  3. Bonnie Top

    Bonnie Top Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2015
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    476
    Пол:
    Женски
    Имам и јас помош се ми е обезбедено, но зависноста од другите на моменти ме полудува. Како издржувам и јас незнам, од што морам... инаку за да мине време побргу опремена сум со сите филмски апликации, книги еден куп и нормално интернет телефон и таблет :D
     
    На galapce и flower30 им се допаѓа ова.
  4. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    637
    Допаѓања:
    2.366
    Пол:
    Женски
    Јас сум со 3см цервикс од 26 недела и мирувам, ама не сум до толку цело време во кревет; седнувам пред компјутер по некој саат, станувам по 30 пати до кујна, до соба, до тераса, машина ќе наполнам, постелнина ќе сменам... некои такви полесни работи барем зашто ќе шизнам веќе. Со оглед на тоа дека претходно бев навикната 24/7 да сум во движење, ова е неподносливо - ама ајде, знаеме зошто го правиме и тоа е најважно.

    Времето го поминувам со работа на лаптоп на масичка над колена, интернет, нетфликс, книги, гости чат пат и во последно време сурфање по сајтови за бебешки работи. Ме убива што зависам од други, ај купи ми ова, ај донеси ми тоа и ме вади од такт што штом станам да направам нешто, одма некој дрвен адвокат ми реагира као Седни, кажи што ти треба, дај јас |( Фала му на Бога што се ближи крајот и едвај чекам убаво да се заврши се :l:

    За некој ден сум на контрола па ќе видиме како стојат работите. @Bonnie Top тебе што те исплаши толку на последната контрола?
     
    На kristii, galapce, Bonnie Top и 2 други им се допаѓа ова.
  5. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    3.464
    Допаѓања:
    66.063
    @Bonnie Top а сега во 27ма недела, јас мислам дека 3 см цервикс не е малку.
    Пишував и во друга тема, кога отидов во Систина бев 2о недела и др. Корнелија Трајковска беше на смена и она ми измери цервикс 3,5 см. И јас изреагирав дека е малку за таа недела. Ми рече не е, не е страшно. Да не е 2,5см или помалку било лошо.
     
    Последна измена: 31 август 2019
    На Bonnie Top му/ѝ се допаѓа ова.
  6. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    637
    Допаѓања:
    2.366
    Пол:
    Женски
    Затоа ја прашав што се исплашила толку? Не е идеално, но не е за паника мислам. Мене Ивановски ми рече Океј, јас мислев и повеќе ќе биде скратен до 27-28 недела, ама не е страшно. Во секој случај ми рече да продолжам со многу лежење и пазење и ме предупреди дека тек после 28 почнувал повеќе да се скратува. Сега ќе видам во 32 колку ќе биде.
     
    На flower30 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    3.464
    Допаѓања:
    66.063

    Е ова за после 28ма недела дека се скратува, не знаев. Ама уствари и повеќе тежи плодот и притиска.
    Јас, сега сум 25 недела и завчера бев на контрола кај докторкава кај што одам, и ми измери 5 см. Некако не ми беше верно, дека во 20 недела ми беше 3,5см ама мерено кај друга докторка во Систина.
    Како и да е, и од овде што читам, освен терапијата лежењето дава најдобри резултати.
     
  8. Bonnie Top

    Bonnie Top Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2015
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    476
    Пол:
    Женски
    Се исплашив затоа што во 23та недела ми беше 3,4 цм, а во 27 ма 3цм, а не сум претерувала нешто посебно со активности и си утрипав во глава дека ако бидам повеќе активна ќе продолжи да се крати...

    Инаку и мене ми е др. Ивановски, ми кажа редуцирани активности и повеќе одмарање, ќе се видиме за 2 недели и да се одлучи дали има потреба од примање на инекциите за зреење. Свесна сум и јас дека не е мала должина и тоа за неделите, но ете... може дека прво и многу посакувано па се плашам од се :$

    Инску дома почнавме со средување и преуредување, незнаете како ми е што неможам јас да си ги потерам работите туку само ги прашам и препрашувам мајка ми и жената дома кое до кај е... и единствено некој што не ми смета и имам трпение и разбирање спрема него е мм. Се надевам на следната контрола ќе се смирам малку :)
     
    На WildMk, Sexybaby86, EvieBabe и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    17.856
    Допаѓања:
    164.762
    Сите трудници се паничат.
    Така 'се станува' мајка.
    И таа грижата за тоа лубеничето во меот, ќе те држи дури си жива.

    Се' ќе биде во ред... Да знаеш :hug:
     
    На ane.bella, Martka, Anomis11 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.242
    Допаѓања:
    106.012
    Пол:
    Женски
    Одмарајте женчиња, ова ви е последна шанса. :D

    Шала на страна, со лесно на сите.
    Супер е темата. На едно место збрани да си давате подршка.
    Јас ја излежав цела бременост во болница, од сама петта недела.
    Со скратен цервикс, со полип, со обилно крварење во еден период, до зафат во 19 та недела во која ми правеа цирклаж, со полип... И еве го ангелот до мене спие сега и тераме кон 5 тата година:inlove:
    Сите да си дочекате.
    Ќе ве читкам и дружам од што многу добро знам како убива ова 24/7 во кревет.
    Мирувајте штом ви е барем дозволено дома.
    Се мрднав чинам во четири зида осум месеци. И уште имам последици :D

    Читајте книги, загледајте некоја серија, гушкајте се :hug:

    Се читаме.
     
    На podravka, ane.bella, WildMk и 10 други им се допаѓа ова.
  11. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    3.464
    Допаѓања:
    66.063
    @galapce богами, си поминала многу.Нека ти е живо и здраво синчето, уште нероден бил прав борец:hug:
    Вака кога ќе прочитам ми е срам што се жалам. Колку многу поголеми маки имаат некои трудници. Ама добро е што барем има вакви групи да се искажеме и да не разберат жени кои поминуваат низ истото. Домашните разбираат, ама не не сфаќаат:)
    Ќе помине се, ќе се издржи и ќе заборавиме се, само да се родат живи и здрави бебенцата.
     
    На WildMk, Sexybaby86, EvieBabe и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Bonnie Top

    Bonnie Top Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2015
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    476
    Пол:
    Женски
    @galapce ти благодарам за убавите зборови и поддршката, твојата борба е била уште поголема, но за малите се се издржува.

    Токму тоа ми беше и идеата за оваа тема да си даваме поддршка една на друга затоа што само ние ја знаеме и разбираме психолошката борба која ја водиме. Во врска со одморот и ја си велам дека треба максимално да го искористам и уживам зошто после ништо нема да биде исто :)

    Сила, храброст и упорност кај сите да можеме да ја истераме оваа битка храбро до крај!!! :hug::*
     
    На WildMk, galapce, EvieBabe и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Sofi.ja

    Sofi.ja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    11.094
    Во 20та недела откривме скратен цервикс од 24мм.
    Препораката веднаш беше лежење и мирување, станување само до тоалет,јадење во кревет и примање соодветна терапија.
    Правев контроли на две недели, должината на цервиксот се покачуваше, па се намали, па повторно се покачи.
    Ставот на докторите беше дека матката до 26та недела расте, па се очекува и цервиксот да порасне.
    Нервози, страв, неизвесност, тупкање во кревет.
    За секоја недела читав колкави се шансите бебето да преживее ако се роди.
    На секоја контрола прашував тежина на бебето. Веќе не ми беше важно дали е машко или женско. Дали личи на мене или на татко му.
    Само посакував да остане што подолго во мене и да се роди кога ќе му биде време.
    Во меѓувреме читав статии како преживеале бебиња од 700,800 грама. Си викав е сега и да се роди има шанси да ми преживее.
    Кукав на форумов колку ми беше тешко да останам бремена,колку многу го посакувавме ова бебенце и што не снајде баш нас.
    Се изнаплакав еден ден и решив дека повеќе нема да размислувам негативно. Дека се е во ред со мене само морам да одмарам за моето малечко.
    Пукнав од досада во кревет, сите теми за бебиња ги исчитав, сите козметики,играчки, облеки ги истражив, си направив список што се ќе купам кога ќе ми дозволат да се движам.
    После 1 месец во кревет, на контрола подобрување, совет да се купи појас за трудници со кој ми е дозволено умерено движење. Супер идеме на подобро.
    Следниот месец,(некоја недела пред 8ми месец) на таа контрола ми вели сега веќе не ти треба ни појас, цервиксот е во нормала за оваа недела.
    За некој ден влегувам во 34та недела. Уште две недели не делат од долгопосакуваниот и очекуван девети месец. А колку далеку ми изгледаше во петти,кога ми рекоа ќе си лежиш до крај :)
    Затоа совет од мене, само позитивна мисла и се ќе биде како што треба. Господ ги чува нашите бебиња, а тие примајќи ја љубовта од мама ќе помогнат полесно да се истурка бурниот период:inlove:
     
    На kristii, podravka, WildMk и 11 други им се допаѓа ова.
  14. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.242
    Допаѓања:
    106.012
    Пол:
    Женски
    Ееее да @Sofi.ja
    Истите мисли и мене ми врвеа низ глава.
    Само што јас не се усудив да се исправам од кревет. Додуше и препораките од докторите двајца беа така.
    Одложив и свадба ама ете воопшто не се каам, така требало да биде.

    Малиот не за џабе си го викам борец од ембрион.
    Абе без телевизор седев во болница, не сакав оти ке бев со луѓе нон стоп а ми требаше мир.
    Само што лошо дека лежев со секакви случаеви. Несакани абортуси, разни женски болести, па и абортуси на црно..
    Тогаш главна забава ми беше форумов, богами се исчитав и јас. :D
    Тогаш многу активна во 40 ка. Сега си се чудам како сум издржала во четири зида еј, со рсзни судбини и лелекања, под тие услови, ама се помина.

    Еве сега си чмаеме двајцата на телефоните во ниедно време оти не сака да спие. :D
     
    На Sofi.ja, Lostinparadise, eta и 3 други им се допаѓа ова.
  15. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    5.046
    Допаѓања:
    50.113
    Го памтам периодот кога беше во болница и се пишуваше во 40ската
    Убиви времиња беа тие
    Да им дадам кураж на мамите што лежат и да им кажам да не се замараат
    Со третата бременост чежев од некаде 8ма недела неделно еднаш депо ,понеделник беше денот за шетање од дома до болница со кола на инекција депо
    Инаку примав орално наутро и навечер прогестеон апче
    станувањето беше само до вц и толку и храна во кревет
    до 33недела бев отворена 2см ајде зреење и да поминат 72 часа па може да се роде
    Е не жени мои се роди 16дена над краен термин во 42+3
    Со втората исто лежење терапија ама до 17 стигнав и толку

    Сакам да викажам да си читате книги за бебеиња јас читав за бебе како се развива коа ке се роде како се расте развива хране ,па некои филмови ,документарни ,па они со Берта авантури на разни локации разни земји , со такви работи си ги одвлекував мислите

    За стравовите сите ги имаме истите
    Хорор беше секое одење во вц ,да не има крв ако нешто претече трчиш одма да видиш да не е крв ,да не е пукнат водењак ,па контакции болки ке се јават За жал неможе тоа да не одмине ама треба да бите јаки и да верувате дека се ке биде ок и дека ке си држите бебе у раце за краток период
     
    На podravka, Martka, galapce и 3 други им се допаѓа ова.
  16. RAK91

    RAK91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    1.622
    Пол:
    Женски
    Јас сум 12та недела и си лежам веќе 2 месеци :) Хематомот и крварењата ме врзаа за кревет, станување само до вц.

    Мислам дека полудев, бидејќи пред ова бев цело време активна.

    Претешко е, се надевам дека за кратко време ќе може да си имам нормална бременост :))

    Поддршка за сите
     
    На Bonnie Top, EvieBabe, galapce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.236
    Допаѓања:
    4.377
    Јас цела бременост мирував. Крварење на почеток, хематом, скратен цервикс на крај, брисеви уредни. Бутај утрогестани, бутај... И инекции за зреење во 32-ра и на крај да се роди 4100 надносен. Ама бев дисциплинирана. Колку книги прочитав ехе.. Нема нешто на нетфликс што не изгледав. На крај после сите серии изгледани гледав документарци. Се спремав за бебето, доење, бањање, чуваење, се си научив. Се породив на крај со провокација договорено.
    Лежете си женички, јас сум позитивен пример дека може се да биде ок. Ниеднаш лошо не помислив.
     
    На Isabel, Martka, Bonnie Top и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. VanillaSky1

    VanillaSky1 Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2019
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    137
    Пол:
    Женски
    Здраво:)
    Дали ви земаа брисеви до 16та недела со оглед на препораката за мирување? Некои викаат дека кај патолошки бремености не се правеле вагинални прегледи и не се зимале брисеви.
     
  19. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    637
    Допаѓања:
    2.366
    Пол:
    Женски
    Јас проверував брисеви 3 или 4 пати до 28 недела; баш поради ситуацијата, да не направи некоја инфекција беља па да дојде до предвремен пораѓај. Плус уринокултура секој месец.
     
    На galapce и VanillaSky1 им се допаѓа ова.
  20. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.644
    Допаѓања:
    1.688
    Здраво на сите.Многу сум среќна што ја најдов темава,и то како ќе ми помогни во ситуацијава што сум.Веке една недела лежам и ке лежам се додека не се породам.29 недела сум,со скратен цервикс на 16мм.Матичниот инсистира да лежам во болница на ГАК но таму не ме примаат бидејќи не ми била толку сериозна ситуацијата.Кога на преглед денеска ми кажаа декс бебето е 1200 гр се шекнав,колку е малечко.
    Иначе имам и две годишно дете кое се роди 33 недела поради иста причина.
    Матичниот вика барем уште две три недели да истуркам ама јас сакам и повеќе,не знам како повторни би поднесла бебе во инкубатор а јас дома,па крева некрева тежина,дише не дише.Од првата бременост имам трауми од тоа сега еве пак.
    Лежењето тешко се издржува покрај мало дете дома,сите ми помагаат а јас се нервирам и поради тоа.Тешко прифаќам некој да ми работи по дома обврски што се мои,пред да легнам бев доста активна.
    Сакам да прашам и читав во предходните постови дела цервикас може да се зголеми?Матичниот не ми го кажа тоа тој се плаши од влошување на ситуацијата