Форумџика на годината

Bee Ride Taxi повлекува средства од картичка

Дискусија во 'Правни совети' започната од dea.18, 25 декември 2025 во 00:43.

  1. dea.18

    dea.18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    783
    Допаѓања:
    2.237
    Пол:
    Женски
    Сигурна сум дека низ Скопје ги имате видено електричните таксиња Bee Ride. Функционираат исклучиво преку апликација, со бирање на појдовна и крајна дестинација, добиваш код-кодот му го кажуваш на таксистот и те носи до каде што треба со google maps. Офкорс, седиштето е во Чаир пред Топанско поле (баш кај споменикот со орелот). Запознаени сме како возат, колку брзаат, пресекуваат коли итн итн. Јас искрено сум имала позитивни искуства со таксистите (можеби дека исто така сум од Чаир, па си немам гајле), ми се погаѓале таксисти што вооопшто не прават муабет (за мене тоа е плус). Да не должам...

    Значи, како редовен муштерија цело време посебно летово доста денови го користев нивното такси и тоа плаќав само со кеш и ме мрзеше да плаќам со картичка. Зошто ме мрзеше? - Зашто имаат глуп систем - да објаснам: ги внесуваш сите податоци од картичката РАЧНО, НО сето тоа го правиш однапред, пред да повикаш такси. НЕМААТ пос терминал, НЕМААТ фискални сметки.
    Ќе кажам 2 ситуации во врска со плаќањето :
    - Првата е дека имав 2000 ден.(вожњата беше 240 ден.),а таксистот немаше ситно, па ми предложи да кликнам опција за со картичка - со што така сторив и помина се во најдобар ред.

    - Втората ситуација е од пред некоја недела. Ми се случи да тргнам без кеш и да морам да платам со картичка. Е ама сега, бирам такси, меѓутоа беше кратка релација и сумата беше 129 ден. Реков ајде чим морам, пишувам податоци на картичка, апликацијата се вчитуваше додека се најде возач, топ викам еве ќе ми дојде за 3 мин. НО, се случува да ми повлечат ОДМА 129 ден од картичка И таксистот ми откажува вожња после 5 секунди.
    Одма им пишав на офис бројот на вибер со скриншот, им потенцирав дека сум редовен клиент и дека очекувам да се реши проблемов. Налет 129 ден, замислете да беа рецимо 750 ден. Зошто да им ги давам, кога се мои?

    Ми излезе сега реклама од нив, ако сакате отворете на инстаграм, под скоро секоја објава има по некој ваков случај дури со поголеми суми. На google maps рецензиите исто вриштат.

    Моето прашање или молба за совет: дали воопшто вреди да се занимавам со тужби и слични работи? Знам дека адвокатот и судските трошоци би ме коштале многу повеќе од 129 ден. Ама сум ептен изреволтирана и не знам што да правам.

    Има ли некоја со ист или сличен нерешен проблем со bee ride?