Ваква тема мислам дека нема, а во последно време, козметиката на bellaoggi е доста актуелна, многу девојки во мојата околина користат производи од линијата на bellaoggi и можам да кажам дека се доста задоволни. Јас лично го имам само сетот Smoky со земјени тонови, и два кармини, и можам да ги пофалам, посебно кармините, кои дури можам да ги споредам со оние на MAC по траење и по квалитет. Сега гледам големите палети во Shatze се на попуст, па би сакала да споделите свои мислења и искуства.
Јас сум пробала од кармините и лакчињата, ни едното ни другото не се пиментирани доволно.Од лакот треба неколку слоја за да се познава бојата, а карминот воопшто не е траен. Ако има различни колекција па Suchalady можеби пробала од другите Еве ваков е мојот.
За лакчињата не знам, не сум ги пробала, а кармините ми се исти како твојот, имам мат црвен и виолетов, и стварно сум задоволна.. Ете тебе пак не ти се погодил.
Имам неколку палети со сенки од кои сум задоволна. Не толку колку што очекував, ама солидни се со оглед на цената по која ги купив. Со база за сенка се добива одличен изглед. Светлите тонови се преслабо пигментирани и тоа ми е и замерката - никогаш не сум успеала да ги нанесам и да изгледаат пристојно без база, потемните понекогаш ги нанесувам и без база, ама тогаш не ми траат толку долго и почнуваат да се собираат. Не знам дали би купила нешто друго од фимрава, единствено би сакала да ја земам уште палетата со плави тонови и да си ја завршам колекцијата.
@minnie.m @SuchaLady, од каде ги купувате кармините? Баш сега ги гледав на нет и имаат многу убави бои, особено темните нијанси им се прекрасни
И јас имав кармин од оваа фирма и добар ми беше онака беше нешто нијансата како на @minnie.m незнам од кај беше купен поклон ми беше, не дека ми остави некој впечаток али ете го искористив.