Баш се радувам што почнаа да отвараат онлајн продавници на повеќе брендови. Имате нешто од Бершка ? Како сте задоволни ?
Направив прва нарачка. Нарачката ја направив овој четврток, пишува дека во понеделник ќе ми бидат доставени. Не сум од Скопје плус. Брза достава.
Да се корегирам, не е брза доставата, уште ништо немам добиено.Пишува дека ќе ми бидат доставени работите кои ги нарачав на 10-ти јуни (понеделник), еве го 14-ти, уште ништо. Одам на одмор следна недела, ич не им кревам ако ми ѕвонат за достава. Порачани на 6-ти. Имам порачувано доста работи од Fashion Group, ми стигнувале за 2-3 дена.
Јас нарачав, за една недела ми стигнаа. Мислам дека функционираат како Зара доставата не е експресна исто имам нарачано и од Pull and Bear веќе повеќе од 2 недели чекам
Фалаа ти, нарачав веќе. Бершка со достава доцнат многу, мене минатиот месец ми пишуваше на 10ти дека треба да стигне, дури на 15ти стигна. Можат барем реална достава како Зара да стават, да знаеме да не чекаме.
Гледам и Pull&Bear имаат апликација и цени со попуст. Дали вршат достава, исто како Зара? Малку Оф топик прашањево.