Форумџика на годината

BinBin тротинети отсега и во Скопје

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од нина122, 22 мај 2023.

  1. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.559
    Допаѓања:
    12.801
    Пол:
    Женски
    Една од најуспешните компании за изнајмување на електрични тротинети во Турција од пред неколку дена се појави и на македонскиот пазар. Имено, на скопјани на располагање им се 500 електрични тротинети паркирани на повеќе локации низ Скопје, од Ѓорче до Ново Лисиче.
    Така, едноставно може да изнајмите електричен тротинет кој може да го пребарате со неколку клика од вашиот паметен телефон, да се превезете до посакуваната дестинација и тротинетот да го оставите каде ви одговара низ Скопје, а истиот ќе биде пронајден од компанијата преку ГПС-системот.Сите изнајмувања и користења согласно правилата се вршат преку мобилната апликација BinBin.
    За се користи електричен тротинет, граѓаните ќе треба да ја симнат апликацијата, за која бар-код има на пунктовите, кои инаку се отстапени од ЈП Градски паркинг. Самата паликација нуди повеќе начини на плаќање.
    Цената за изнајмување на тротинет е 9 денари минута, но доколку преку апликацијата ставите средства од 300 денари, добивате плус 45 денари гратис, а доколку ставите 500 денари, добивате плус 100 денари гратис. Така, цената испаѓа околу 7,3 денари за минута возење.
    Конкретни чекори за користење на овие електрични тротинети во Скопје:
    1. Ја симнуваш мобилна апликација на телефон
    2. Ставаш пари на неа
    3. Ја отвораш мапата на самата апликација која покажува каде најблиску имате слободен тротинет на располагање и доаѓаш до истиот
    4. Го вклучуваш преку апликацијата и можеш да го возиш во рамки на дозволените граници кои се означени на мапата која ја дава апликацијата, а го опфаќаат скоро целото градско подрачје на Скопје.
    5. На крајот го оставаш тротинетот било каде и го исклучуваш од апликацијата која ти наплаќа за возењето. Го фотографираш и ја поставуваш фотографијата на апликацијата.
    При пребарувањето на тротинет самата апликација покажува колку батерија имаат и доколку има попуст за некој тротинет.
    Навечер од фирмата ги земаат и ги носат или на пунктовите за полнење, или само им поставуваат нови, наполнети батерии и ги оставаат на истото место, па така утредента сите тротинети се одново подготвени за користење.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  2. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Како прво скапо е изнајмувањето, како второ не е за кај нас, затоа што видовме за ова кратко време колку дивјаци има.
    FB_IMG_1684781883068.jpg
    FB_IMG_1684781885081.jpg
    FB_IMG_1684781887941.jpg
    FB_IMG_1684781900380.jpg
    FB_IMG_1684781897960.jpg
     
    На piglet1, sunshinebabe, poi и 11 други им се допаѓа ова.
  3. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.559
    Допаѓања:
    12.801
    Пол:
    Женски
    Како што видов не ги уништуваат само кај нас, во сите европски метрополи се случува истото, ама не за толку краток период како кај нас за 2-3 дена.. :rofl::rofl:
     
    На Regina.Phalange и Meddy им се допаѓа ова.
  4. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Баш погоре редактирав, прикачив и слики. Само би се изненадила кога би ги пронашле дивјаците...
     
    На нина122 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    А чија иницијатива е ова? Јас стварно не знам кој помислил дека е паметно да се инвестира било каква технологија во државава.
     
    На piglet1, sunshinebabe, SuperGirl24 и 21 други им се допаѓа ова.
  6. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.502
    Допаѓања:
    21.146
    Па и тие свои што си возат...мислам најбезобразни створења се. Ќе профучат покрај тебе на тротоар ко неарни.
    Ова па ич не ме изненадува
     
    На simoncelicius, daylight, Seli20 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    11.990
    Пол:
    Женски
    Јака иницијатива, само не за овој народ.
    Не ми е јасно од каде е таа сатисфакција да кршат и уништуваат вака, па после ќе се жалат дека немаме никакви инвестиции. Багра дивљачка.
     
    На SuperGirl24, GirlLove, poi и 9 други им се допаѓа ова.
  8. bertold

    bertold Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2015
    Пораки:
    1.052
    Допаѓања:
    8.179
    Пол:
    Женски
    Само не ми е јасно дали ако е нивно ќе го уништуваат така?
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  9. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.559
    Допаѓања:
    12.801
    Пол:
    Женски
    Иначе, настрана оние што ги кршат, гледам дека има многу луѓе низ Скопје што ги возат и изгледа дека им се корисни и исплатливи, ама има и такви што по тројца се качуваат на еден тротинет.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    23.024
    Пол:
    Женски
    Како прво, кај нас нема патеки каде да се возат овие како што има во странство. На улица ќе те подберат со колите.
    Второ, како сликите горе, ќе завршат уништени или украдени.
    Како трето.... нема трето , тоа е. Зијан само ќе си напраат.
     
    На simoncelicius, poi, Аргентина * и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Веруј ми ова однесување е стандард во Европа. Имам соработувано со шпанска фирма за Шпанија и Италија, да не беше преку ЕУ финансиран проект, ќе беше апсолутна загуба како бизнис. Не би знаела да проценам кој е полош, ние, Шпанците или Италијанците, што све сум видела, човек да се крсти.
     
    На simoncelicius, NoirSerpentine, VDT2906 и 7 други им се допаѓа ова.
  12. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    11.990
    Пол:
    Женски
    Верувам, секаде има такви. Ама од искуство со споменативе, нашиот народ никој не може да го тргне од тронот за некултура и нецивилизираност. :D
     
    На arontt, SuperGirl24, simoncelicius и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    11.746
    Пол:
    Женски
    Изнајмувањето не е скапо за блиски и не премногу далечни дестинации. Минутата е 9 денари и земајќи го фактот дека со тротинет не можеш да заглавиш како со кола, ќе те кошта далеку помалку отколку да користиш такси.

    За тоа каков нецивилизиран и дивјачки народ сме, нема да коментирам.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ani45

    Ani45 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2022
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    987
    Пол:
    Женски
    Како не е скапо, од плоштад до бисер 100 денари ми зема..
     
  15. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    11.746
    Пол:
    Женски
    А такси колку ќе ти земеше?
    Мене такси од Станица 26 до Универзална пред некој ден ми зема 130ден и тоа во период кога немаше воопшто гужва.
     
    На Frosty!, Ani45, JustBeautiful и 2 други им се допаѓа ова.
  16. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.360
    Допаѓања:
    126.242
    Пол:
    Женски
    Кај нас не бива да помине нова идеја без народ да ја поплука или уништи.
     
    На kolovoz и RockinIt им се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.135
    Допаѓања:
    180.927
    Никаква фамозна технологија де, само бизнис линија која негде згаснува па негде другаде се појавува. Таман мислам во Франција ги забранија како небезбедни, шо да им праат, треба негде да ги продадат.
    Само така ви се чини, сегде има секакви. Значи со џпс се, технички не можеш да го украдеш, а вандализам е пресметан ризик. Е сега дека се корисни, да, во помал град со подобра патна инфраструктура, за во Скопје, уште само тие фалат за хаосот да биде комплетен.
     
    Последна измена: 23 мај 2023
    На simoncelicius, VDT2906, Abel и 2 други им се допаѓа ова.
  18. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.559
    Допаѓања:
    12.801
    Пол:
    Женски
  19. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.363
    Допаѓања:
    26.275
    Пол:
    Женски
    Нема закон кај нас та да има да ги жежи некој со казна, нареден пат ќе се мислат дали да ги фрлат или украдат.
     
    На t.a.m., Аргентина * и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  20. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.939
    Пол:
    Женски
    Треба и едно камерче да вметнат да ги снимаат дебилите.
    После се жалат нема ништо кај нас.
    Е нема од вакви идиоти.
     
    На VDT2906, dea.18 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.