Не ми се верува дека сѐ уште нема засебна тема за овој медицински-козметички бренд. Европски, од Франција. Во морето од вакви/слични производи на пазарот, кои доаѓаат главно од Франција (Uriage, La Roche Posay, Vichy, Aven...), Bioderma нуди фина палета на производи за кои, во последно време, сѐ почесто читам и слушам позитивни коментари. Најпрвин слушнав позитивни коментари за „црвената“ линија, која помага при црвенила на лицето, луштење и слично. После слушнав за добрите ефекти врз екстремно сува кожа на лице и тело. На крај јас, со мојата масна кожа, се одлучив да ѝ дадам шанса на Sebium, „зелената“ линија. Прво ги тестирав на недела дена, после си купив два производи: 1. Bioderma Sebium Gel Moussant - гел за миење на лице За некои има досаден мирис на диња. И јас го чувствувам но, искрено, не ми смета. Барем не кога веќе знам колку е ефективен! Чисти прекрасно, пени доволно но не премногу, лесен е, на водена база. Со него можеш да миеш и тело, а се користи и за бричење. После миење, лицето е совршено лесно, незатегнато, рефреширано и меко. Ретко со кој чистач сум чувствувал нешто слично, имајќи ја во предвид мојата екстра масна кожа која лачи прекумерно себум. Ова, во комбинација со: 2. Bioderma Sebium Sensitive-крема за лице Неверојатна комбинација! Би рекол: БИНГО за луѓе со масна кожа која лачи многу себум. Значи БУКВАЛНО од прво користење се приметува разлика на лицето. Дава неверојатен мат-изглед/изедначува, омекнува ииииии ги вади дури и поткожните „чуда“ од лице. Дополнително работи против црнките/митесерите и ги решава отворените пори за брзо време. Јас, после само многу кратко време користење, веќе приметувам неверојатни резултати. Тоа беше моето моментално искуство. Ќе го надополнам следната недела, откако ќе почнам да користам уште еден производ од нивната линија. Моментално сите производи им се намалени во Зегин, и тоа 25% (што е ретко, обично максимум 20% даваат), па затоа одлучив да се почестам и воопшто не ми дојде скапо, како што очекував. Со 1300 денари (горе-долу) можеш да си обезбедиш неколкумесечна терапија за лицето, и да бидеш мирен/мирна дека сѐ ќе биде океј, дека парите не си ги фрлил/а во вода. Кои се вашите искуства поврзани со Bioderma?
Јас оддамна користам производи на Биодерма, мицеларната вода и гелот за миење лице околу 10тина години ги купувам (jас во Грција живеам па ги наоѓам за многу поевтина цена) е сега од серуми креми немам ништо пробано. Кремава со спф фактор е одлична , пигментирана, мат, не мрда сигурно 5-6 часа од лицето на топлово. Ја препорачувам на сите со масна кожа. Денес бев во Еурофарм Рамстор, имаше промоција на Embryolisse, Hauschka, Bioderma , Weleda , ми го гледаа лицето со некоја микро камера и излезе комбинирано масно малку дехидрирано , а ми рече порите се одлични чисти, па земав други серум и крема на Embryolisse, ама наредно би ја пробала оваа Sebium sensitive.
Јас имам позитивно искуство со кремата за лице на сликата во почетниот пост. Други производи не сум пробала, но би пробала во иднина по препорака. Ако се сеќавам добро и цената на кремата беше ок според квалитетот.
Ја користам Sensibio Defensive Rich, ама ептен ја поскапеа во последно време. Презадоволна сум, ама цената...
Мене моментално ми требаат некои креми за отечено лице од АД. Нив не можам да ги оставам, но можам нешто да превземам. Јас имам проблематична кожа. Нежна и малку мрсна. Сува не ми е ама сега ми е како без сјај. Дали ми ги предлагате овие производи? И некоја нивна страна ако може од каде да се порача?
Osum godini verna na Bioderma. Nikogas nema da ja smenam. Atoderm linijata e edinstvena sto pomaga za dermatit.
Hydrabio линијата, дефинитивно. Слободно пиши ми приватна порака, ќе ти помогнам со изборот и ќе ти најдам најдобра опција за да си купиш.
Имам комбинирана кожа, сум испробувала гелови и ниту еден до сега не ми делувал како што треба. Темелно чисти, не ми ја суши и затегнува кожата (периодично имам проблем со многу суви делови, а други гелови уште повеќе ми ја сушеа), и најбитно, ми го спречува масниот филм околу т-зоната. Така да, конечно ми се исполнија очекувањата од еден гел. @theunforgiven се мислам за кремава, во комбинација со гелот. За каква кожа е? Одговара на комбинирана?
Се мислам кој крем да го пробам Sebium global или Sebium sensitive? Имам масна кожа со акни и комедони, ми требаат сега нови креми и сакав да го пробам The elements Az кремот за навечер и некој од Биодерма за преку ден
Да, да, апсолутно одговара. Што сакаш конкретно да постигнеш со кремата? Global, тогаш, дефинитивно. За нијанса е помрсен од Sensitive, ама тоа нема врска, зашто секако веднаш се впива во кожата. Нема да згрешиш, па дури и постојано да го користиш (не само дење).
Ништо посебно не барам, само да ја хидрира кожата а да не изгледа масно од кремата отпосле. Ја меркам и оваа со спф што е. Ја имаш пробано?
Користев пред година дена за хидратација една и супер беше. Мајка ми спаси кожа со оваа колекција и супер е. Сакам сега следно да купам гел за миење лице за нормална кожа, кој нема да ја суши и крема за лице против брчки и хидратација за нормална кожа. Кои да ги барам во аптека, кај нас мора да се нарачува од таму каде земам. Може ли слика што да им побарам?
Многу сум задоволна од Атодерм линијата, маслената купка и лосионот. Од бременоста кожата ми стана супер сензитивна на се и по препорака на дерматологот се префрлив на овие две работи. Купката е пренежна, ама сепак се осеќа дека измива, додека лосионот е хидратантен и смирувачки, а не остава мрсен леплив слој. По ова убаво искуство ја земав и кремата Sebium Sensitive од првиот пост бидејќи не можам да користам речиси ништо од серуми од пред бременост, лесно ми се иритира кожата. Кремата делува многу смирувачки, ги хидрира сувите делови што ги имав а не делува тешко на лицето. Мене ми има свеж мирис на краставица. Гелот за миење Sebium исто од сликата го земав лани на акција да го пробам и многу ми беше агресивен ми чкрипеше лицето мислам од него.
Здраво,некој искуство со овој балсам за лице?читав има и како крема ама не знам која е разликата?обично сум многу задоволна од производите на Биодерма,не се многу евтини ама помагаат
Здраво девојки. Дали случајно сте го имале овој спф крем, гледам само една нијанса секаде а нема тестер да пробам дали одговара. Каква е нијансата и дали е за светка кожа?