1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Bioness L300 - апарат за спастично стапало како последица од повреда на нерви и други заболувања...

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од TheGoldenPeach, 31 август 2019.

  1. TheGoldenPeach

    TheGoldenPeach Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2015
    Пораки:
    460
    Допаѓања:
    3.669
    Пол:
    Женски
    Здраво, решив да ја отворам темава зошто не знам колку луѓето кај нас се запознаени со уредов, но верувам дека многу малку од вас воопшто слушнале за истиот, а може и те како да го промени вашиот или животот на ваш близок, како што беше случај и со мене.

    Bioness L300 Foot drop, а сега и во поунапредена верзија L300 Go, е всушност уред за нога кој помага при спастично стапало кое се јавува како последица од повеќе повреди или болести кои го зафаќаат нервниот систем како на пример: Мултиплекс Склероза, Мозочен удар, Повреда на нерви и слично. Работи на начин што ги стимулира нервите и го крева спастичното стапало со што резултира во подобро и полесно движење и спречува атрофија на мускули. Се состои од главен дел кој се носи под колено, далечински управувач и сензор кој се носи во обувка.

    Случајот кај мене е малку комплексен па нема да должам многу, но во кратки црти да кажам дека како последица од сообраќајна несреќа имав повреда на 6-7 вратен пршлен и натиснати нервни завршетоци поради што завршив со дијагноза хемипареза на десна рака и нога.

    За жал овој апарат не е достапен во нашата држава, но затоа го има во повеќе земји низ Европа и не е толку невозможно да се купи. Се закажува термин и таму одредуваат дали функционира во вашиот случај, ако да, постапката за купување е едноставна, се чека само неколку денови, се калибрира апаратот според оштетеноста на вашите нерви, ви доставуваат упатство за тренинг, ви објаснуваат се како функционира и тоа е тоа.

    Јас мојот го купив во Минхен, но знам дека го има и во Франкфурт, а и во Холандија (таму е седиштето за европскиот пазар).

    Ви доставувам линк од веб страната каде што можете да прочитате повеќе информации:

    https://l300go.com/

    Цената кога јас го купив пред неколку години беше 5 500 евра, што реално е многу за наш стандард, но и не е некоја енормно недостижна сума, па некако може да се присоберат тие средства. (За жал фондот не покрива ништо, кај нас воопшто не се ни запознаени со уредов). Исто има дел и за горниот дел од ногата (кој не секогаш и за секоја дијагноза е потребен, кај мене беше доволен само долниот дел), но да спомнам дека тој чинеше ако не се лажам дополнителни 4 000-4500 евра.

    Од штаки, се префрлив на самостојно одење со помош на овој уред. Ми го смени животот буквално. Сега можам слободно да го кревам стапалото и да се движам поприродно. Секојдневно се случува да ме застане некој на улица за да ме праша што е тоа што го носам, со надеж дека и нему ќе му помогне, па затоа решив да пишам овде надевајќи се дека вака би можело да допре до што е можно повеќе луѓе.

    Тој модел што го имам јас изгледа вака:[​IMG]
    А новата унапредена верзија (која во одредени случаи може да работи и без сензор во стапалото) изгледа вака:
    [​IMG]

    Еве и од мене сликче кај што го носам, a на страната што ви ја споделив погоре може да се најдат видеа за да се види како работи, и сведоштва на луѓе кои веќе го користат.
    upload_2019-8-31_16-55-5.png
    Слободно може овде да ме прашате се што ве интересира, па може ќе се најде и уште некој како мене што веќе дознал за апаратов и е негов корисник па да размениме искуства.

    Секое добро! :hug:
     
    На LjLj му/ѝ се допаѓа ова.