Пак јас со уште една нејасна(за мене тема). Ве молам да споделите искуства за овој проблем, како изгледа што се чувствува??? Јас денес во 9ч , а и сега во 9:30ч почувствував како стомакот ми се стврдна, како мускули ми се стегнаа, под пупакот точно на средина. Дали се ова тие контракции??? Ништо не ме болеше, немам никаква болка низ телото, само тоа чувство на затегање. Доколку се ова симптомите за овој проблем, што превземате???
Нема потреба да се грижиш, тоа стврднување на стомакот е нормално сè до крајот на бременоста. Не е болно, само е непријатно, и нормално е да те фаќа страв затоа што уште ти е рано за породување. А тие контракции се присутни од самиот почеток на бременоста, а сè повеќе ќе ги чувствуваш како што ќе расте стомакот. Сè додека не се болни, немаат правилен ритам и не се многу чести, немаш причини за грижа. Впрочем, пиеш магнезиум, нели?
Да пијам веќе една недела по 650-800мг дневно. Уфф ти благодарам, да знаеш дека ми олесна. А сега повторно чекав да видам дали ќе се случи но во 10ч немаше ништо. Инаку се присетувам и синоќа на два пати го осетив истото, но дека не лежев многу мирно, не обратив внимание Ти благодарам
Јас не знаев како излгеда контракција. Тоа затегнување и стврднување на стомакот, јас мислев дека бебето така се врти и ми го затегнува стомакот . А знаете кога дознав дека се тоа контракции? Кога отидов на ЦТГ денот кога родив. Ме прашуваат дали имам контракции јас викам не. А кога ме виде докторот само ми се развика: Е како немаш види каков ти е стомакот, види, види. Е тогаш сфатив дека сум имала цело време контракции Да не се повторувам, се согласувам во целост што пиша Аннатх.
Јас сум 33 недела ,денес почуствував болка во половината како пред добивање но не силна така доволно да те замисли ,ова ми се случи и претходната недела не обрнав внимание но еве денес пак ,дали се ова контракции ,дали да се јавам кај др или да непаничам вака рано ,дајте совет
Исто и јас На цтг се покажува контракција јас појма неам ... Него после со провокацијата на крај и те како осетив
Мислам дека е најдобро да се контултираш со твојот доктор . Може да се ,но може и да не се контракции(под предпоставка дека редовно пиеш магнезиум ,кој се зема до 36та недела). Јас со син ми имав некои вакви слични болки кога се поставуваше со главчето надоле .
Бебето од последната контрола се виде дека е поставено со главата надоле ,јас си земам по една таблета навечер Mg но ке се напијам и сега уште една по две таблети читам дека може . Ке чекам до утре ако се повтори пак ке ја барам др .
Не се секирај, јас исто за викендов почувствував и прочитав дека било нормално, наводно самата матка се подготвува за чинот на раѓање. Јас сум 28 недела па баш се исплашив, инаку со првото немаше ни к од контракции па затоа царски беше, а другарка ми ми викаше види како ми се грчи стомакот а јас и викав бегај ма, нема шанси. Сега дуплирав магнезиум и се надевам се ќе биде во ред. Мене често ми се случува па најтешко ми е кога одам и во сред одење кога ќе се згрчи, баш незгодно, мора да приседнам и сите ме гледаат со поглед - тешко неа ц ц ц.... дури незгодно ми паѓа
Ве читам и се замислив, кај сите ви почнуваат накај 28н. , а кај мене почнаа во 20та. Вчера бев на доктор му кажав, па ме сммири тоа што ми кажа дека не е страшно. Инаку колку магнезиум пиете дневно??? Мене ми кажаа да пијам по 800мг, но понекогаш успевам да испијам само 650мг. Земав од прашакот што е од 350мг, па полесно е.
Сум слушнала при такви контракции 2 чаши вода да се испијат и да се легне на лева страна, наводно ќе се опушти телото, или прочитав некаде...не знам, ама мене кога ми е тешко таа положба ми е врв
zdravo ! jas sum bremena 5 i pol meseci i od vreme na vreme nekolku dena pocnav da custvuvam bolkka nad papokot dali e toa od dvizenjeto na bebeto ? ne mi e jasno a ova mi e prva bremenost ve molam da mi kazite pozzz
бебушка ,јас кога прв пат ја осетив керка ми , имав чувство како нежни допири малку подоле од папокот од десната страна а тоа што те боли кај папокот , е поради тоа што кожата се растегнува рано е уште да чувствуваш силен удар т.е. болка од движењето на бебето , тоа тек 7-8-9 месец сега тие `удари` се нежни како некој да те гали одвнатре
Пред пола саат само што јадев добив болка во грбот и стомакот во исто време како контракција која траеше некои 5 мин може и повеќе и многу се исплашив да не е време да се пораѓам. Еве пола саат нема ништом лежам и незнам што да мислам. Плус денес малце повеќе работев од обично. Прашањево ми е дали ова што ми се случи е сигурен знак дека кај и да е денес утре ќе почнам да се пораѓам?
не верувам дека е вистинска контракција него саматаа матка се спрема за порагај бебето се мести се спушта така да нормално е и очекувано тоа ако вечерва ти се случи пак јави се до гинекологот
Тоа било лажна контракција, матката се подготвува за она што следува - пораѓајот. Вистинските контракции доаѓаат во исти интервали, значи на пример прво на пет минути , па на четири, три итн. и траат околу една минута. Тоа што си добила такви контракции не значи дека за ден или два ќе се породиш, јас почнав да ги чувствувам тие контракции скоро три недели пред пораѓањето.
Тоа е добра вест се надевам дека ќе се породам за едно 3 или 4 недели, бебушот е малечок уште. Ќе лежам сега и ќе одмарам. Фала ви на одговорите девојки
Сега во подоцнежна бременост ке се јавуваат почесто тие контракции (барем кај мене беше така ) , па и нормално ке се паничиш Инаку имаш правено ЦТГ?
CTG уште не ми правеле, следната недела имам редовен преглед, она килажа притисок итн па ќе прашам и на лекар што ќе ми кажат ама еве од тогаш до сега не ми се повтори болката а викендов планирам да мирувам. Мислам ако сака бебево да излезе тоа нема да ме праша ама мама некако неспремна е уште
Ист случај сум.Кога одам ми се стега стомакот и многу ме стиска долу и околу грбот како оклоп ми се стега.Вчера на неколку пати исто на секое стануванје и одење па се уплашив викам ова е готово контракции се.попладнето само лежев.Семав болки само што бебушот ми го тресеше ептен стомакот се разигра ептен едвај заспав . Гледам јас и ти сме близу со термините ама уште ни е рано.Денес бев на лекар.Ми направија и ЦТГ и ехо и вагинален гин.преглед.Се е во ред.Плодова вода има многупостелка е добра,контракции биле лажни,бебето е добро, си спиеше.Ми рекоа да пијам Магнесол 2 пати иако јас и тека си го пиев,и да мирувам колку можам ,не стого, до 1ви декември после веќе во 37ма што боде нека биде.поздрав и не се плаши