Првиот Burger King во Македонија се отвори на Скопскиот Аеродром, но еве сега на 4 Октомври, Скопје ќе го добие првиот Burger King во City Mall Skopje. За тие што пробале досега, како ви се допаѓа? Искрено јас се надевам дека цените нема да им бидат соленки, па и Мс може конечно малку ќе ги намали цените.
Горе доле што Mc и бургер кинг се слични по она што го нудат како храна. Нели стандард оброк сендвич, помфитче и чаша пијалок. Еднаш имам пробано оброк од таму во странство и во вкусот има некоја разлика ама отприлика тоа е тоа. Цените во МС може и да не ги спуштат, посебно не ако во Бургер кинг се повисоки или горе доле слични на нивните.
Имам јадено од Бургер Кинг на аеродром во странство, пред 2 години. Јадев оброк, хамбургер со помфрит и кока-кола, и истиот чинеше 10 евра Меѓутоа, претпоставувам дека тука нема да бидат такви цените (освен на нашиот Александар Велики), зошто ова сепак беше на аеродром, а таму секогаш се' е поскапо. Инаку, вкусот е поразличен од McDonalds, некако повеќе вкус има месото во сендвичите во Бургер Кинг, ако ова има некаква смисла Во McDonalds мене некако се' ми е без вкус (за месото зборувам). И плус, во Бургер Кинг хамбургерот е нешто поголем од оној во McDonalds.
^и јас се сложувам за тоа дека вкусот е повеќе наликува на месо, отколку во Мс. Прв пат го јадев во Америка,...потоа и додека престојував таму некако се навадив на него.И можам да речам дека и кечапот им е повкусен. Но пак компирчињата и лепчето од Мс никој не може да ги замени. Е потоа во Истамбул имав јадено,е таму беа доста поскапи. И во Србија секогаш кога одам кај братучетка ми барем 1 си купувам.
Имам јадено само еднаш, во Будимпешта на екскурзија. Мене ми беше превкусен оброкот, дали ние начекавме некоја промоција или појам немам што беше ама се сеќавам дека плативме околу 5 евра за цел оброк, со огромен сендвич и голем пијалок. Баш после коментиравме со тие што јадеа во Мек дека ова повеќе се исплати. Мене лично ми беше повкусен сендвичот од Мек, како што рековте повеќе има вкус на месо. И компирите не беа лоши, а имаше и некакви сосови кои беа сон. Јас не сфаќам како ќе им се исплати да имаме Бургер Кинг со високи цени, кој ќе може да си дозволи да јаде таму?? Со 300 денари во Мagic, на две минути од трговскиот Бог си, а тука ќе си собираш трошки од послужавник...
Сестра ми ми кажа дека цените биле поскапи од Мц, ама па и еден оброк бил доволен. Еее сега за кого како....ама ќе видам кога ќе отидам јас да пробам
Летово, авионот ни каснеше неколку часа, а треба да полетаме околу 13:00 часот мислам дека и сите отидовме ненајадени, спремни да јадеме во авион, па потоа да се фрламе на храната во хотелот. Арно ама како што бевме гладни од немај каде татко ми седна да јаде и кога му го донесоа чизбургерот беше како некој да го седел 10 часа. Гадотија. Во City mall сум јадела само take out, ама исто му доаѓа. Ми се допадна од тука, не беа згмечени, баш фино изгледаа. Уствари фино како што можат да изгледаат правени во таа гужва, но сепак вкусни беа. Најубавиот оброк од Бургер кинг ми е дефинитивно на аеродромот во Анталија. Бев толку гладна, што наместо да си купам нешто од фри шоп нарачав едно оброчиште од 10 евра и не мрднав од таму.
Burger King признал дека во хамбургерите во Британија имало и коњаско месо http://www.dailymail.co.uk/news/art...pers-containing-horse-meat.html#axzz2JfnbBeXo
После скоро 1 година како е отворен, прв пат јадев сега пред 10тина дена. Не се повкусни од Mc, цените им се поскапички, ама па искрено 1 оброк во ВК би ме заситил, а во Мс не. Како појак да е сендвичот во ВК.
Досага не сум била таму но сите велат дека е исто како во мц само ви бг цените биле многу поскапи?? инаку сакам да го посета
Од понеделникот проработе Burger King во Рамостор во Центар. Мислам дека би им било паметно да стават на менито и нешто за вегетаријанци (некаков Гринбургер).