Burnout - Синдром на прегорување

Дискусија во 'Психологија' започната од Оленка*, 10 декември 2020.

  1. Оленка*

    Оленка* Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2014
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    954
    Пол:
    Женски
    “Burnout” синдром е состојба на емоционална, физичка и ментална исцрпеност предизвикана од прекумерен стрес и негово постојано продолжување.

    Не се само прекумерната работа и стресот “криви” за овој синдром. Лошите меѓучовечки односи, честите конфликти со колегите и погрешно поставување на описите на работните задачи, исто така, можат да доведат до прегорување. Овој синдром најчесто се јавува кај луѓе кои подолг временски период не направиле пауза од работа, постојано се под стрес, работат под преголем притисок, никогаш не се одморени, немаат физичка активност и во слободното време размислуваат само на тема “работа”.

    Во современиот свет, овој синдром станува сè попознат и сè пораспространет. Брзиот живот и немањето време за себе е нашиот најголем непријател. “Burnout” синдромот мораме да го сфатиме сериозно. Фрустрацијата предизвикана од исцрпеноста на работа може да го доведе во опасност Вашиот бизнис, Вашиот социјален живот и Вашето здравје. Како и секој синдром или болест, подобро е да го спречите отколку да го лечите. Доколку ги препознаете раните симптоми на овој синдром, можете да преземете чекори за да го спречите Вашето тело да “прегори”.

    Дали некој од вас има искусено нешто вакво? Како се опоравувате после достигнување на последната точка на burnout? Јас сум редовен студент и истовремено работам full-time, додека живеам со мојот партнер и сум одговорна за се дома, за другите околу мене е живот за восхит но за мене веќе овој синдром ми стана вообичаен. Неколку месеца сум енергична, работам тотално посветено на сите полиња но ми се случува после 3-4 месеца активност да западнам целосно и да не сум во можност да станам од кревет, 2-3 недели, буквално немам сила да зборувам и да ја кренам раката вода да се напијам.
    Знам дека животот кој го водам е премногу динамичен и телото ми кажува да успорам, но едноставно немам избор. Само сакам да најдам начин побрзо да го пребродам ова, моментално воопшто немам време за уште едно такво разочарување пред да ги постигнам најдобрите резултати и се за кое се борев да падне во вода. ​
     
    На M&M, Guns N` Roses, Ariel и 8 други им се допаѓа ова.
  2. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    4.762
    Допаѓања:
    58.065
    Јас за среќа немам вакво искуство, но сум била блиску до него. За среќа, почувствував дека сум на работ на силите и малку го намалив темпото. Ова ми се случи пред неколку години, кога истовремено бев на постдипломски студии и работев.
    Многу е важно да се стисне на кочница пред да дојде до ,,прегорувањето'', бидејќи враќањето во нормала може да трае долго. Одморот не смее да се потценува, а тој е всушност дел од работата. Бидејќи без соодветен одмор, продуктивноста неизбежно ќе се намали.
     
    На Guns N` Roses, BlackAndWhiteSwan, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    7.017
    Допаѓања:
    69.400
    Во воведот го имаш одговорот на прашањето.
    Или ќе си земеш одмор порано, или боледување подоцна. Тоа е изборот. :doh:
     
    На M&M, GirlLove, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  4. LadyLollypop

    LadyLollypop Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    4.298
    Пол:
    Женски
    Зошто живееш со партнерот ако си само ти одговорна за дома?
    Избор имаш, подели ги одговорностите со партнерот.
     
    На ku4ence, faye, noteforself и 5 други им се допаѓа ова.
  5. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    1.927
    Допаѓања:
    5.850
    Пол:
    Женски
    @Оленка* ако сама не се грижиш за себе, нема никој друг. На партнерот фино ќе му доделиш дел од заедничките обврски по дома. Тука мора граница и не преземај сѐ на твој грб. Не паѓај на тоа другите да ти се восхитуваат. Успори, земи си време за себе, најди си нешто што ќе те спречува нареден пат од ваква ситуација.
     
    На prominent, noteforself, BlackAndWhiteSwan и 3 други им се допаѓа ова.
  6. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    2.988
    Пол:
    Женски
    Верувам многумина од нас се осетиле/ осеќаат "прегорени'', cause when it's too much - it's too much. Пред коронава имав работа во која уживав но и целосно се "изгубив" во неа за да се докажам дека сум способна за таа позиција. Потоа ми беа доделени и задачи кои воопшто не спаѓаа во работата и сето тоа ми предизвикуваше стрес и исцрпување, што предизвика и намалување на мојата телесна тежина. Meanwhile бев и во врска на далечина (која што изобилува со милион предизвици) која што беше само "бонус" на се што ми се случуваше на работното место. Се наоѓав во емоционален rollercoaster. Така да, да, го осетив овој burnout синдром. За среќа не траеше предолго. Врската на далечина премина во брак, што ми донесе огромен спокој и среќа. А работата за жал или за среќа не ја задржав. Работа се наоѓа, потешко или полесно, но менталното здравје треба да ни е приоритет во овие ситуации; треба да знаеме кога и каде да ставиме крај, да направиме пауза, да најдеме разрешување на проблемот кој ни влијае негативно на здравјето. Исто така со партнерот треба да си ги делите обврските. Треба да постои рамноправност и баланс во секоја врска, брак. Иако сум невработена а мојот сопруг работи, секогаш делиме обврски. Така беше и кога јас работев а тој не: делење на обврските е значително важно. Обврските низ домот се универзални а не родово определени. Мора да успориме во еден момент, затоа што како што вели членката погоре продуктивноста се намалува доколку сме на турбо mode all the time. We are not robots.
     
    На MarigoldA, Sanniii, GirlLove и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Summerbaby

    Summerbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2020
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    1.018
    Тип на човек сум што сама донекаде овој синдром на прегорување го предивикувам.
     
    На Оленка* му/ѝ се допаѓа ова.
  8. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    4.762
    Допаѓања:
    58.065
    Да, типичен е за луѓе што прекумерно се посветени на работата (да не речам опседнати).
    А секој вид на опсесија не е здрав. Дури и кога станува збор за нешто корисно како во случајов. Треба да се знае границата. Кога станува збор за работа токму таа граница е многу тенка, нејасна.
     
    На Оленка* и Summerbaby им се допаѓа ова.
  9. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    15.958
    Пол:
    Женски
    Не си го препишувам како дијагноза, оти тогаш станува реалност. Ама да, буткам со цела сила она што сакам, а во слободно време оперирам на "слаба батерија" оти сум исцадена.

    Не само што времето е најголем непријател, туку во денешница како нашата со се' што носи и налага, карактер како мојот нема опција а да не е под полна пареа. Фокус мора да се држи цело време.

    Пандемијава искомплицира се' дополнително.

    А клучот е во балансот. Правење на ситници кои го исполнуваат човекот измеѓу, простор за земање воздух и стабилизирање, тлото да си го почуствуваш под нозе кога се е во воздух.
    Лично, тоа за мене е добар туш, читање до никое време, шетање, определена музика проследена со караоке и танцување, вежбање, моменти кога сум скроз сама... Најдостапни, прости и пристапни ствари на момент.
     
    На do-re-mi, Sanniii, Оленка* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    3.954
    Допаѓања:
    20.674
    Пол:
    Женски
    Бев на работ на " прегорување " пред неколку месеци . Бидејќи работното темпо на мм е доста брзо и напорно со чести отсуства од дома , поголемиот дел од обврските по дома беа на мој товар . Капак на се беше тоа што премногу се замарав со тоа се да ми е " под конец " дома . Се случувало да усисувам и по четири пати дневно . Се се промени кога бременоста со третото дете стана неподнослива . Мешко порасна , а со тоа и моите тегоби . Отоци имав на сите страни , отежнато се движев .. Еден ден дојдов до состојба толку да сум отечена во нозете , што не можев од кревет да станам . Со плачење одев до тоалет . За себе не бев способна . И тогаш реков стоп . Повлеков рачна и реков " од сега натаму , дури и да ми изгледа домот како нуклеарка да паднала , не средувам ако не сум одморена доволно " . Во меѓувреме , маж ми е послободен па повеќе се вклучи во домашните обврски . Сега се чувствувам поодморено , ако нешто не успеам да завршам не се оптоварувам да го завршам по секоја цена , а плус имам и повеќе време за себе со оглед на тоа што мм е дома повеќе отколку порано .
     
    На Оленка* му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ivanna23.

    Ivanna23. Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2019
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    497
    Пол:
    Женски
    Додека бев студент ми беше далеку полесно, колку и да е тешко студирањето го немав овај притисок како сега. Дипломирав пред неколку месеци, учам нови вештини со цел да добијам подобра работа,од една страна сакам и знам дека треба крајно време е да почнам сама да заработувам ,а од друга страна сакам да имам добра работа која ќе ја сакам и добро платена-со еден збор подобра иднина. Некој можеби ќе сфати за која професија се работи ама со факултетот не се добива знаење туку се треба сам/а. Ни на крај памет не помислувам да се откажам од ова, бидејќи ја сакам професијата и знам колку добро финансиски би стоела ако успеам на ова поле, моментално ова ми е цел која МОРА да ја постигнам. Поради ова МОРА јас си поставувам секојдневно високи цели, еден куп обврски кои никој не може да ги постигне, некогаш одвај имам време да јадам,има периоди кога по неколку дена немам излезено од дома, со пријателите се гледам само еднаш во седмицата најчесто сабота или недела, постојано сум со променливо расположение, можам да заплачам во секој момент, заборавам, имам заматен вид, кошмари, губам концетрација , дури и кога сакам да кажам нешто се случува за една секунда да заборавам што сакав да кажам, имам постојани болки во градите и чуствувам напнатост како некој да ме притиска, понекогаш не ги чуствувам нозете како да ми се одделуваат од телото. Сите што ме познаваат знаат колку сум твдроглава и знаат ако се решам дека ќе успеам ама за ова темпо да го намалам. Баш оваа тема овде ми дојде на време, јас "прегорувам" во моментот, чуствувам дека неможам повеќе,а немам излез. Добро е што мајка ми е до мене и ме советува да намалам со очекувањата, здравјето е побитно, дека не мора да си давам толку строги критериуми ама јас сум секогаш најстрога спрема себе, ако нешто не направам како што сум замислила се чуствувам неспособно и безвредно, губам самодоверба и волја.
    Знам дека долго пишувам ама денес сум исцрпена, морав да споделам со надеж дека некој поминал низ ова и може да ми даде совет, ако некој речи дека треба психијатар да посетам нема да се навредам оти свесна сум дека ова не е во ред. :sweat:
     
    На Оленка* му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Оленка*

    Оленка* Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2014
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    954
    Пол:
    Женски
    I feel you :hug:
    Јас сум иста, периодов ми се собра се, па прикочив малку и оставив да одмарам. Седам во тишина и зјапам во омиленото катче дома. Деновиве украсив новогодишно, иако си ветив дека годинава нема да украсувам за да заштедам на трошоци, ама барем ми донесе некој спокој. Успеав некако со вежби да го намалам немирното мајмунче во глава што цело време ми кажува *станувај, треба да учиш, треба ова да го направиш, треба она да го направиш, заради ова твое одмарање ќе се разочараш, мора да успееш* и мааалку сум подобра.
    Три месеца немав излезено од дома, само до маркет и толку, па деновиве издвоив време да се видам со најблиските, баш се рехабилитирав.
    Реално, имав зацртано многу високи цели, малку се изместтија, ама не е ништо непоправливо. Се надевам ќе успеам се што замислив, барем и на одложен рок.
    Ако ти треба некој да зборуваш, пиши ми лп слободно :)
     
    На Ivanna23. му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    4.978
    Допаѓања:
    75.195
    Неверојатно е колку лесно може човек да се навлече на работата и да дојде до прегорување.

    Пред некоја година бев на раб на прегорување. Долго траеше, обврски и обврски се трупаа, само трчаш од едно на друго, немаш време ни да размислиш дека нешто не е ок.

    Дури кога малку се растеретив, сфатив низ што сум поминала. Направив муабет на работа имме растеретија од некои обврски. Ама теалноста е дека можеше да ми се случи прегорување, имав среќа што не ми се случи. А немав појма дека одам натака.