Старо ти е мислењево, ама рецепт од убавинава? Имам маскарпоне во фрижидер и не знам кој рецепт да го одберам. Ако го чуваш овој, ќе ми ја решиш дилемата.
Го видов во маркет,мислам дека е од Кри Кри, во пакување кантичка како павлаките што се, околу 100 денари.Не можам да најдам слика, ке го сликам директно
Ова? Ова е обична павлака и не е погодно за чизкејк. Можеш да употребиш несолена урда (има во Кам), несолено сирење, маскарпоне и било каков несолен крем сир (Филаделфија е таков).
Јас го правев по оваа рецепта и преубаво испадна http://www.coolinarika.com/recept/pravi-cheesecake-ciz-kejk/ Во рецептава стои дека во филот се додава некаков крем фикс тоа незнам што е па не ни ставив, а за сирење користев несолена урда. Во плазмата наместо млеко турив сок од растворена цедевита од портокал, имам пробано и со млеко али вака поубаво ми е
Место крем фикс се користи желатин. Многу добро ти изгледа чизкејков, верувам толку добар е и на вкус
И јас по оваа рецепта правам, многу е добра Со путер, крем сирењето е Вивис, а наместо плазма ставам интегрални кекси, оние бамби фитнес, сакам кога е подлогата малку крцкава.
Да многу е вкусно, на муабетов ми се пријаде Инаку да користев желатин, по рецептава стои и желатин и крем фикс ама само желатин ставив
Мх, мх. Има еден супер рецепт на моирецепти, за чизкејк шо не се пече. Ептен е лесен: http://moirecepti.mk/post/nepecen-cizkejk
Вака сега за труп за готвење ко мене а особено за благо кој е најдобар путер? Јас земав еден ама дури дома ми текна дека е солен, за торта ми треба неутрален. Може путеров не е за торта ама како иде со чај...
Мене Паладин ми е најдобар, а и поефтин е. Ако не најдеш таков, тогаш Мегле, само внимавај на грамажата, помала е и можеби ќе треба да купиш два за рецептот. Во никој случај да не ти текнало да замениш со Кристал маргарин.
Јас правам чизкејк со готова смеса од Dr. Oetker, ја купувам од Тинекс. Дополнително треба крем сирење (јас купувам Vajkrem), млеко и малку путер, и за 10 минути е готов. Откако ќе отстои некој саат во фрижидер одозгора ставам некаков мармалад (пробано со јагоди, сливи и капини) и имам супер брзо, едноставно и превкусно благо.