Одамна не сум правела чизкејк за да ти кажам точно. Ама јас го правам најчесто во калап за торта со обрач, повисока испаѓа така, и парчињата се помали. Дијаметарот на калапот мислам дека е 28. Сигурно има 15-18 парчиња, зависно од ширината. А може и во правоаголен калап да ја правиш, ќе дојде пониска, но сигурно би имало повеќе од 20 парчиња.
мм, омилено ми е чизкејк, па кога ја видов темава сакам и да прашам за некој рецепт за чизкејк ако знае кој што го прави дома?
Јас имам правено и многу ме бендиса скапичко е ама пак неможе да утниш имаш се внатре и вкусно е многу само не испага голем чискејк
Цената му е околу 150ден. Зависи од маркетот од кој ќе го купиш А јас го правев во чинија за торта средна големина незнам точно да ти кажам големина малку поголема од оние стандардните за јадење
Ako moze nekoj da mi kaze kade mozam da kupam poeftino krem sirenje za da pravam cheesecake?? Blagodaram odnapred srcinja
Другари, ќе правам чизкејк следна недела и веќе неколку дена гледам рецепти. Дефинитивно ќе правам без печење, така што, т.н. бисквитката доле ја „решив“ но ме интересира нешто за филот. Читам низ темава, или маскарпоне или абц сир ставате ама мислењава се од пред 5-6 години. Има некоја нова финта во меѓувреме или сепак маскарпоне да си ставам? Сакам богат, пенест вкус да добијам, нешто блиску до тоа што @irenna ставила во 2013 (страна 3) и веројатно заборавила во меѓувреме.
Немој АБЦ само, еднаш пробав и соленко и чудно, покалорично ми излезе. Или маскарпоне или филаделфија. Почнаа филаделфија да носат и кај нас оттогаш. Со филаделфија ми е највкусно, ама јас правам со печење па не знам во другата варијанта како ќе излезе. Стави сличе следна недела, да ме мотивираш да направам.
Еве и мојот cheesecake да го ставам во темава Cheesecake 300 грама мелени интегрални кекси (јас користам Bambi Wellness) се мешаат со 5 лажици млеко и 180 гр. путер. Смесата се натапкува со прсти во калап и се става во замрзнувач. Бел фил Се меша 1 желатин со 50 мл вода, се остава да набабри 10 минути и потоа се загрева дури се растопи, но да не врие и се остава настрана. Се мати 500 мл хопла без шеќер. Се додава 450 гр. крем сирење (јас користам Вивис од Виндија), 1 ванилин шеќер и 200 гр. шеќер во прав. Се мати, му се додава желатинот и потоа се сипува во калапот и се става во замрзнувач да се стегне убаво. Овошен прелив Се меша уште еден желатин со 50 мл вода, се остава да набабри 10 минути и потоа се загрева дури се растопи, но да не врие и се остава настрана. 450 гр. овошје (малини, капини, јагоди) се варат десетина минути со 100 мл вода и 4 лажици шеќер. Се додава желатинот и се трга на страна да се олади. Потоа се сипува врз белиот фил и се става во замрзнувач да се стегне.
Ќе ставам ако е јадливо, за проба ќе правам. После да не се избрукам пред гости. А Филаделфија да ставам ист размер како секое друго сирење или? @LollySky истиот рецепт го гледав на едно видео на Јутјуб, прекрасно ти излегло! Првпат слушам за тоа сирење, баш после ќе проверам дали го има.
Јас маскарпоне ставам, тоа е „оригиналното“ сирење за чизкејк, односно оригиналните рецепти се со него. АБЦ мислам не би одело во никој случај, солено е. Маскарпонето е баш „без вкус“, неутрално, несолено сирење, така што идеално е баш за во чизкејк. Јас исто го правам без печење, еве ќе ти го споделам мојот рецепт ако сакаш, супер излегува. Користам точни мерки баш како во рецептот, да ти напоменам. Првиот пат ставив повеќе хопла, па излезе течен филот, така да следи си ги мерките и одличен чизкејк ќе добиеш Имав слики ставено во Фемина инстаграм, можеш да видиш колку ми беше убав https://www.coolinarika.com/recept/cizkejk-kao-iz-najbolje-slasticarne/
Леле да, и ти имаше прекрасен чизкејк во ФИ. Ти го памтам! Фала ви дечки, ќе испадне нешто - а и да не испадне, ќе се исрка или ќе се направат cake pops со готов пандишпан и fixed. Уште ова глупаво прашање и си одам - го планирам за крај на јуни (вториот обид ) нема валјда да се стопи ако е малце потопличко, нели?
Нема да се стопи, не се секирај. Откако ќе го направиш, треба да отстои во фрижидер убаво (најдобро преку ноќ), па да се јаде следниот ден. Нека биде во фрижидер се' до послужување, или можеш пола саат/саат пред да го служиш да го ставиш во замрзнувач, убаво да се стегне. Мада немаш потреба од последново, преку ноќ ќе биде супер оладен во фрижидер. Стави сликче кога ќе го направиш
Маскарпоне никогаш не се користи за чизкејк. Ако веќе одиме по оригиналниот рецепт (амерички), се користи Филаделфија крем сирење. Сирењето и треба да е малку солено, а не неутрално. Во секој чизкејк се става крем сирење, а маскарпоне е потечно и блантаво, резервирано е исклучиво за тирамису, поточно за колачи каде што не е битно да доминира вкусот на сирењето како што е тоа случај со чизкејк. Тоа што некој не може да го јаде така, или не му се свиѓа е веќе прашање на вкус.