Chernobyl (2019)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од ALISA0000, 16 мај 2019.

  1. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    3.819
    Допаѓања:
    26.106
    Серијата ја има на Нетфликс а од скоро и на гледалица со превод на српски
    Ме фасцинира што е правена според вистинитиот настан ,што е се точно,што сеуште трае ,реакторот уште гори
    Последиците од радијацијата ги осекаме и после толку години
    ова се случува 1986година и до ден денешен има уште радијација
    еве ја првата епизода а на гледалица испагаат и другите
    погледнете ја обавезно па да ја дискутираме
    другачки @zhap4e @1209 @Nigredo Odor @Emma2 другачки атеншн

    https://www.gledalica.com/sa-prevodom/chernobyl-s01e01-video_45db3bc7f.html
     
    На mileystar, cresa-jagoda, Ivan4e04 и 16 други им се допаѓа ова.
  2. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    9.847
    @ALISA0000

    Точно знаете кога треба да ме тагнете, и тоа токму во период кога барам нова серија за гледање. Сте ме научиле дека сум серијоман. 8)

    Патем, содржински се чини интригантна според описот, и да знаеш дека ќе ја почнам веројатно уште денес штом се ослободам од обврски. Ти благодарам.
     
    На LiliBoz, LollySky, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    3.819
    Допаѓања:
    26.106
    знам иста крвна група сме :P:P
    и да ја гледаш уште сум под импресии
     
    На LiliBoz и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  4. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    2.465
    Допаѓања:
    18.329
    Пол:
    Женски
    И јас ќе ја почнам. (fingers)
    Колку епизоди се планирани?
     
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    5.480
    Пол:
    Женски
    Ја гледам. Денес ја изгледав втората епизода и ми се допаѓа. Очекувам јака драма во третата епизода.
     
    На Мариаа. и ALISA0000 им се допаѓа ова.
  6. Miss.A.

    Miss.A. Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2017
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    2.274
    Пол:
    Женски
    Грешка си, на HBO ја има.

    Ја изгледав првата епизода и ми делува ветувачки. (fingers)
     
    На cresa-jagoda, Роберт 7 и ALISA0000 им се допаѓа ова.
  7. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    9.847
    Само што ја завршив првата епизода.
    Дефинитивно сум импресионирана од аранжманот, и автентичноста на целокупниот сценски бекраунд. Од ентериер, дизајн па сѐ до глума и костимографија.
    Веднаш се забележува дека ќе сведочиме мноштво контраверзни заплети низ останатите епизоди, особено после официјалниот извештај, кога низ светот ќе се рашири веста дека всушност не е обичен пожар во прашање туку е изгорен реакторот кој предизвикал ослободување на нуклеарна енергија..

    Добро е што тензијата е константно присутна, и според некоја моја хипотеза, третата епизода ќе биде мошне шокантна во однос на нумерички податоци. Колку жртви погинале, колкаво е нивото на радијација и сл. Мислам дека ќе ги има тие бројки, бидејќи уште на почеток ми се чинат поприлично детални во однос на статистика.
    Би било добро режисерите да ни приложат повеќе автентични содржини како телефонски разговори и снимки од тоа време, затоа што Украина има собрано поприлично дебел материјал од настанот.

    Што се однесува до одржината, навистина е солидна и држни внимание, дури и повеќе за еден просечен гледач, но сепак имам една забелешка сепак која морам да ја споделам уште на почеток.

    Разговорите, барем неколку од нив, требаа да се одвиваат на руски/украински јазик. Ни беше приложен само еден телефонски разговор меѓу нуклеарната централа и пожарната, за чија автентичност не можам да гарантирам.
    Да знам, типичен амерички синдром е секогаш и секаде да се фура нивното мејнстрим јазично говорно подрачје, но сепак мислам дека кога веќе се снимаат настани со историска содржина и се внимава на најситни детали, треба малку да се отстапи од егоцентизмот за да биде комплетен впечатокот.
    Инаку хронолошки се добро подредени сцените, толку, што за момент гледачот добива чувство дека е присутен таму, на местото на настанот.

    Патем, шокантно е колку тогашните луѓе живееле во некој вештачки ,,советски мир" во мисла дека ништо не може ја загрози нивната безбедност.
    Толку неинформирани, неподготвени, инфантилни.. Дури во одредени моменти и еуфорични, мислејќи дека не е ништо опасно во прашање. Што те тера да се запрашаш ако овој настан се одиграше денес, како ние би реагирале по соопштувањето? Сигурно многу поинаку, по рапидно, панично..
    Следна шокантна сцена беше моментот кога пожарникарите а и самите вработени во централата излегуваат на терен без никаква соодветна опрема, која секако нема да ги заштити, но барем ќе им овозможи каква - таква санација на штетата на подолг рок пред да искрварат.
    Исто така, мошне загрижувачка сцена беше моментот кога во болницата дознаваме дека нема јодирани таблети, кои во тој период претставуваат елементарна опрема која секоја медицинска установа треба да ја поседува.

    Раководните органи пак, иако проценуваат колкава е штетата за време на состанокот, и знаат дека истата ќе предизвика смртност кај голем број од населението и последици од глобални размери поради ослободените штетни хемиските елементи во воздухот, одлучуваат сето тоа да го прекријат и заташкаат. Од старт се гледа дека неко(и) од нив веќе, како на пример министерот Жарков знаеле од напред за настанот. Во смисол, како да им е веќе јасно за низата настани кои ќе следат, но одлучуваат интенционално да не реагираат за да не се створи паника и најважно од сѐ да се нашминка реалноста за да се зачува угледот на нивната ,,државотворна" особина и креација, и по цена на губење милиони животи.

    Сѐ на се, со исклучок на оваа забелешка за јазикот, ми се допаѓа целокупната реализација. Од мене сега за сега добива солидна деветка.
     
    Последна измена: 16 мај 2019
    На Emushhhh, mileystar, cresa-jagoda и 28 други им се допаѓа ова.
  8. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    3.819
    Допаѓања:
    26.106
    Така е во право си
    Се извинувам ,грешка сум јас
     
  9. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    9.847
    Освен Бека и Алис никој не ми ја прочита рецензијата, а?
    Браво Одор, дај си петка! :tmi:
     
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    3.819
    Допаѓања:
    26.106
    Чекај рано е
    Едвај чекам 3та епизода
     
    На Роберт 7 и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  11. Swatt

    Swatt Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2019
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    349
    Пол:
    Машки
    Ги изгледав првите 2 епизоди. Глума одлична, продукција одлична, но веќе ми губи смисла целата серија со оглед на тоа што крајот е предвидлив.

    Колку оваа трагедија имала импакт врз луѓето, животните, средината може да прочитате на следниов линк. Страшно.

    https://www.thesun.co.uk/news/79118...ut-and-it-became-a-virtual-wildlife-preserve/
     
  12. Мариаа.

    Мариаа. Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    2.887
    Пол:
    Женски
    И јас ги изгледав првите две.
    Имам толку многу читано,истажувано и гледано документарци за Чернобил,мислев ќе ми биде без везе серијава,али не.
    Баш е топ ,и ми се свиѓа.

    Али,како шалабајзерски се понашаат и додека еден со друг се убедат колкава катастрофа настанала,страдаат многу невини луѓе. Човечки хорор,буквално.
    Ќе ја гледаме и третата,баш ќе биде тензична и интересна.
     
    На LollySky, Brinetka и ALISA0000 им се допаѓа ова.
  13. Јаневски

    Јаневски Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    779
    Допаѓања:
    1.643
    Пол:
    Машки
  14. MissChievous

    MissChievous Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    5.380
    Пол:
    Женски
    Ги binge-watch-нав 2те епизоди, ептен ме бендиса.
    Као некој што не знаеше ништо посебно за настанов, освен фактот дека нешто експлодирало и раширило нуклеарна енергија со екстремно голема количина на радијација, благодарна сум што серијава е направена.
    Прво, ме ежи фактот дека дешавкава се случила пред само 33 години. Второ, шокирана сум од нивото на радијација кое е испуштено, поготово во првата недела. Според информациите споделени во серијава и описот на сериозноста на радијацијата, делува како целиот свет да е оштетен од оваа катастрофа. Всушност, со оглед дека се поминати само 33 години, ми остави впечаток како се' уште целиот свет, не само рускиот предел, да пати од нивото на радијација испуштено и раширено низ воздухот.
    Она што најмногу ми се допаѓа е како е прикажана човековата слабост, за жал. Прво, од неверување дека може да се случи нешто толку лошо, не реагираат на време и како што треба. Второ, не ни знаат како брзо и ефикасно да го решат проблемот. Трето, сите милиони невини луѓе кои речиси наивно си го живеат животот, делува како нешто лошо да направиле само затоа што опуштено и нормално во незнаење си го живеат секојдневието. Оваа катастрофа само покажува колку човекот е слаб, колку се преценува себе си и си дава право да прави што сака. Колку човекот не смее да си игра со работи поголеми од него. Работи кои решаваат туѓи судбини без право на сопствен избор.
    За жал, верувам дека на многу места низ светов денес се случуваат слични работи. Луѓе експериментираат, луѓе градат работи кои не треба да бидат изградени, луѓе чуваат нешта кои можат да и наштетат на цела планета. Нешта кои доколку се случат, нема да можат да бидат спречени и решени, бидејќи човекот е слаб и недоволно ук за многу работи.
    П.С. Кинематографијата е врв! Атмосферата и бојата е одлична; архитектурата и ентериерот е сето она што го обожавам за Русија, перфектно прикажано; облеката, фризурите, локациите, едноставно одлично.
     
    Последна измена: 18 мај 2019
    На Lolipop23, Skorpija25, Nausicaa и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Swatt

    Swatt Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2019
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    349
    Пол:
    Машки
    Дајте некој линк со HD резолуција ако знаете.
     
  16. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    5.480
    Пол:
    Женски
    Кога треба третата да излезе ?
     
  17. SelenaGomez

    SelenaGomez Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Женски
    Само што ја видов на замунда излезена втората епизода па се запрашав дали ја да почнам.
     
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    3.819
    Допаѓања:
    26.106
    ке изпадне и трета епизода наскоро верувам овие денови
    ова е кратка серија нема многу епизоди
     
  19. MissChievous

    MissChievous Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    5.380
    Пол:
    Женски
    Третата епизода излезе вчера. Ја има за симнување. Четвртата излегува на 27ви, а петтата на 3ти јуни.
     
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    13.651
    Допаѓања:
    78.483
    Пол:
    Женски
    Ви се приклучувам и јас. Вчера ја гледав првата, а денес втората ќе ја пуштам.
    Ме интересира причината зошто јадрото експлодира.
    Одлуката на државните органи е самоубивство само што тие тоа не го знаат.
     
    На Nigredo Odor му/ѝ се допаѓа ова.