Ги сакам! Пријатни ликови, многу акција, убави луѓе и одлична актерска игра! Сериозно потценети, има некои познати лица и има и некои одлични нови. Ми се допаѓа, бидејќи оваа е поинаква серија што не сум гледала до сега како оваа. Многу е добра! Има 6 сезони, сега оваа година во есен ќе биде 7ма сезона. Се работи за пожарникари, спасувачки тим и болничарите на Чикаго Пожарникарска куќа 51 кои се главно во опасност, изборот што го прават може да значи разлика помеѓу животот и смртта. Но, од немилосрдниот притисок за спасување на животот, се проширува едно пошироко семејство. Предводени од главните улоги Валас Боден, Метју Кејси, Кели Северид, Габриела Досон, Firehouse 51 секогаш се тука еден за друг кои се една голема фамилија. Оваа високо-октанска драма од извршниот продуцент Дик Волф нуди визуелно гледиште за животот на секојдневните херои посветени на една од најблагородните професии во Америка.
Ми беше една од омилените серии се додека не дознав дека Спојлер Досон ја напушта серијата и некако веќе ми немаше смисла без неа и престанав да ја гледам.
да многу е лошо така кога ќе ја напуштат серијата некои што се од почетокот ама ќе видиме у 7ма сезона што ќе биде, би сакала да се врати она хаха
Јас само што ја почнав 5 сезона и не можам да престанам да ја гледам серијата. Ја обожавам!! Спојлер Досон ја напушта серијата и некако веќе ми немаше смисла без неа и престанав да ја гледам. Знаеш зошто ја напушта??
Спојлер Мене и подобра ми е без Досон, ме нервираше некако. Не знам што да мислам за Брет и Кејси, повеќе ми се ко брат и сестра, ми немаат хемија. Кели саксм ептен со Емили да ги спојат, супер ќе бидат. Кид ич не ми одговара со Кели. Боден ми е омилен.
Не ја гледате серијава луѓе? Баш мислев дека има фанови. Спојлер Ептен ми е жал за Брет, таман ја најде мајка и и сега вака. Што упорно ја туркаат Сигер не ми е јасно, ама ич не ми е симпатична.
Јас ја пратам серијава, не се откажувам, ја обожавам!! Спојлер Последната епизода што излезе сеуште не сум ја гледала, ама тоа што ја вратија Сингер воопшто не ми се допаѓа. Таа сигурно ќе биде причина за кавга помеѓу Стела и Северајд. А инаку сум голем фан и навивам за Брет и Метју, се надевам ќе бидат заедно.
Спојлер Актерката што ја глуми Габи ја напушта серијата, а приказната е дека Габи оди во Пуерто Рико по ураганите за да помогне.
Утре финале. Спојлер Се надевам конечно ќе има нешто помеѓу Кејси и Брет, ајде се влечкаат цела сезона.