1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Chillbox Ckoпje

Дискусија во 'Слободно време' започната од kim.k, 9 јули 2013.

  1. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.467
    Пол:
    Женски
    како што видов нема ваква тема но доколку е дупла заклучете ја :)
    отварањето мислам дека било на 26ти јуни, и јас баш сакам деновиве да го посетам бидејќи ми изгледа многу убаво на фб и кај што има вакви работи јас морам да одам :D па ако бил некој од вас нека сподели искуства, добри или лоши
    се наоѓа на улица Mакедонија кај бикот :)
    какво е вашето мислење за ова?
    јас лично мислам дека е доста иновативно и е добар потег што решиле да отворат вакво нешто :mm: :f:
     
  2. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.464
    Chillbox Ckopje

    Предобро нешто, имам јадено оддамна, мора да се проба ;)
     
  3. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    ^ Препорачај нешто Лудо и како стојат со цени?
     
  4. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Радости бев кога го видов. :)

    Кој баксуз ситен, пред некоја сабота имале промоција 1+1 гратис, а јас и мајка ми се мислевме и го одминавме. |(

    Но надокнадив. Идејата е јогурт наместо сладолед. Имате 4 основни вкуса, и мал милион додатоци од чоколадни преливи, зрнца, мусли, до карамели, овошја и житарки. Ставате колку сакате и ви мерат, 100 грама се 85 денари.

    Мене јогуртот ми е премногу вкусен, не е толку благ сам по себе, а додатоците го прават супер. Има едно чоколадо со нешто како наполетанки внатре, абре сон е. Пробав и јогурт smoothie што беше поскапо,ама имаше и количински повеќе, Ова е јогурт со овошје со блендер. Мислам дека сепак оригиналното тоа јогурт со додатоци е подобро.
    Не знам како ќе се прифати кај нас, сепак е поскапо од сладолед од Ескимо или Малага на пример, но за мене барем, е и повкусно и поздраво.

    Вработените исто така морам да ги пофалам, навистина се љубезни, со другарка ми кога земавме од смудиво 4 пати девојката не препраша како е, да не не ни се допаѓа. И кутиите во кои го даваат се ептен добри, јас една за саксија си спремам.

    Имаат профил на фацебук еве линк https://www.facebook.com/ChillboxSkopje?fref=ts
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  5. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Оу да, како сум му намерачена, поим си немате.
    Гледам Тајгердамава пишала и цена, и тоа цена што ми се свиѓа. Уште кога го отвориле видов на фб, некој од пријателчињата шернал и ко што сум стрвла одма ми се присака. Мора деновиве да го вкусам па ќе пишам и мои импресии. Верувам ќе ми се свиѓа, слаба сум јас на вакви работи признавам.
     
  6. luvS2

    luvS2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    42
    многу се вкусни
     
  7. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    За мераци е, навистина поубаво и од сладолед.
    Само пазете колку сипате, нели дека на принцип на самопослужување, и јас не знам да ракувам со хеви машинери и коа ми се сипа јогурт до врв, па од тоа карамелата и чоколадните преливи си изнаставав, ми се фати 200 грама, некако не ми дојде малку 170 денари, ама се претупанив од јадење, вреди секој денар.
    Следен пат ќе земам некој друг вкус, пробав од оној ванила преубав вкус ми има, ми го пофалија дека е најдобар од сите.
     
    На Jordanovska-K и anabel-a им се допаѓа ова.
  8. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Кажи им они да ти стават од јогуртот отприлика грамажа, стручни се се.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  9. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Ма одлично е!
    Јас лаком гз изнаставав од се, од преливи па се до чоколадни топчиња и мрвици, и ми испаднa некаде околу 220 денари, дури мислев дека и малце ќе ми биде. Стрвност левел Снорлакс од Покемон. :D

    Битно на крајот бев сав сречна и најадена, прејадена.
    |-)
     
    На Jordanovska-K, tigerlady и Hipster им се допаѓа ова.
  10. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.827
    Допаѓања:
    3.649
    и јас го видов ова ама никако да се наканам да отидам :D какви вкусови на јогурти има? :wasntme:
     
  11. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Природен, јагода, бисквит и мадагаскарска ванила.

    Бисквитот и ванилата се преубава комбинација, ама јагодата ич не ме бендисува. Јас обожавам сладолед и се живо и диво од јагода, ама јогуртов ептен вештачки вкус има.
     
    На butterflysk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.272
    Допаѓања:
    8.904
    Се заразив со ова,ептен ми е вкусно и освежувачко. Обичниот јогурт и оној од ванила ги имам пробано. И обичниот ми е повкусен. Многу му го сакам киселкастиот вкус. Со додаток од манго или некое од тие кремчињата ми е превкусно.
     
  13. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.827
    Допаѓања:
    3.649
    на страната на фб им стои дека имаат покрај овие од манго и чоколадо ги нема овие? :?: а, да, не стои дека има од бисквит :^)
     
  14. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.464
    Mа јас од се си турив право да ви кажам на времето.
    Oд чоколадни преливи до мрвици чоколадни топчиња, врвот беше слатко од јагоди и што уште не :rofl:
    Kалориска бомба, цела ја изедов и мислам дека цел ден не ми се јадеше ништо.
    гурман тоа е...
    :) Cупер е чилбокс, мило ми е што го донесоа кај нас :)
     
  15. Freya123

    Freya123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    234
    Мене не ме бендисува многу јогуртот, ама затоа додатоците...:D
     
  16. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    Денес за прв пат пробав од ова, обичниот јогурт .. преубаво нешто. :smirk:
     
  17. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Јас сум голем обожавател на frozen yogurt, во Америка редовен гостин бев во Sweet Cece's. Баш пред да го отворат ова нашево Chillbox, зборев еј како ми се јаде frozen yogurt with treats, и оп ете ми ја исполнија желбата.
    Редно е да одам да ги пробам, се викам утре утре, ама денес обавезно ќе поминам. Мене Sweet Cece's ми се поим за ваква работа, одлични вкусови, и нема што нема како додаток, се и сешто има да си ставиш и превкусно е, а и јогуртот е прекрасен, мене всушност ми е исто како сладолед.

    Ќе ги пробам и нашиве и ќе кажам, можно е и подобри да испаднат. Тие што биле гледам дека се прилично задоволни. Слушам и поплаки демек скапо, ама тоа е. Подобро еднаш во неделата да си дозволиш нешто такво, него секој ден да јадеш никаков сладолед само од шекер и вода.
     
  18. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Многу го сакам, летово го утепав од јадење наместо сладолед, многу подобра и повкусна опција ми е. А додатоците се совршени, секогаш си правам различни комбинации за да ги испорбам сите.
     
  19. Emilia.Attias

    Emilia.Attias Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    575
    Пол:
    Женски
    Едно топче сладолед ме кошташе 50 денари, ама си вреди. :)
     
  20. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.417
    штетa гo зaтвoријa :|