Објавете ги вашите рецепти за chocolate chip cookies (чоколадни чип колачиња). Мислам дека немаше ваква тема па затоа ја отворив
125 г путер пенасто се мати со 125г шеќер, се додава ќесичка ванилин шеќер, едно јајце. После тоа се додава 300 г брашно и едно пециво, плус 100г сецкано црно чоколадо. Се меси/меша да се соедини смесата, се прават топчиња со лажица за сладолед и се редат на хартија во плех. На 200 степени се печат 15-20 минути.
Арни се, мене ми се свиѓа како изгледаат, еве ги моите (отвори ја сликата во цитатот) Тестото иначе не е баш тесто да го месиш и обликуваш со раце без да се лепи. Прилично е лепливо и се распаѓа. Затоа со лажица за сладолед правам топчиња.
Сами се сплескуваат кога ќе се стопи маргаринот. Додуша јас путер користам почесто, може и тоа има врска.
И јас со путер ги правев... може повеќе брашно да сум ставила мада пазев битно на вкус се прекрасни. Ова ми е трет или четврт рецепт од тебе како го правам и секогаш полн погодок
Битното е да не додаваш брашно повеќе отколку што има во рецептот. Во спротивно нема да бидат ровки. Иначе стварно е супер рецептов, не знам колку испробав, овој досега најдобар се покажа.