Cin3

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од ais, 30 август 2010.

  1. ais

    ais Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    пред два месеца ми пронајдоа цин3 пред2недели ме правеа операција ако знае некој нешто за цин3 нека пише
     
  2. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    167
    Може поубаво да ни објасниш што е тоа? :?:

    П.С.Те молам пишувај кирилица.
     
  3. cacaa

    cacaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    5
    лелееее па ништо не разбрав
     
  4. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    4.303
    Пол:
    Женски
    Девојчиња мали , подобро никогаш да не дознаете што е ЦИН 3. Имаме дискутирано за ЦИН-от ама во други теми.
    Претпоставувам дека ти правеле киретажа, колку што сум јас информирана се чисти еден дел од ѕидот на матката , т.е тој дел што е зафатен , треба многу витамини, антиоксиданси и време да зарасне, ама ако заздравувањето се одвива добро не би требало да имаш проблемии.
    Инаку една другарка правеше киретажа и сега нема никакви проблеми ( пу, пу , пу ).
     
    На XXX666 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ais

    ais Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    твојата другарка имаше цин3 да тоа беше киретажа бев на контрола и сега за сега се заздарвува добро само чекам резулатитите да ми ги дадат
     
  6. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    330
    http://forum.femina.mk/zdravstveni-problemi/ranicka-na-grloto-na-matkata-t41/

    http://forum.femina.mk/zdravstveni-problemi/hpv-dali-ste-informirani-t171/

    Во овие теми има пишувано многу за тоа. Цин 3 е пореметување на растот од 3 степен на клетките кои го градат внатрешното ткиво на грлото на матката и матката.
    Се јавува најчесто како последица на ХПВ, а може и од намален имунитет и некои други инфекции да доведат до појава на ЦИН1 кој потоа ако несе третира поминува во наредните фази ЦИН2, ЦИН3 а може дури и карцином на матка.
    Сум пишала јас и во другите теми, прочитај, пролистај има корисни информации. Најважно ти е во моментов да поработиш на имунолошкиот систем, како што кажа Иренна, да внесуваш дополнителни витамини и минерали кои го стимулираат имуниот одговор на организмот!

    Еве корисен линк:
    http://www.zaharievski.com/page.php?id=141




     
  7. ANITA5

    ANITA5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    13
    [mod-tekst:35cak4bo][/mod-tekst:35cak4bo]
     
  8. XXX666

    XXX666 Нов член

    Се зачлени на:
    25 септември 2010
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    34
    CIN3 - Цервикална интраепителијална неоплазија од трети степен,нажалост тоа е почеток на развивање на карцином на грлото на утерусот.Не требало да се дозволи да дојде до CIN3.Со земање брис и правење на пап тест, ова можело многу рано да биде дијагностицирано, да не се чека да премине во CIN3.Ваква тешка дисплазија на клетките на грлото на матката, најпрвин бара да се направи биопсија , која ќе утврди за колкава клеточна промена се работи(во овој степен на заболувањето, на грлото на матката може преку обична колпоскопија да се забележат кондиломи...) Со биопсијата ќе се утврди дали диспалзираните клетки покажуваат малигност и колкав степен на малигност, кои нема да пуштат метастази веднаш туку ќе бидат во една состојба на скриен инвазивен карцином.
    Најпрво требало да биде типизиран ХПВ(human papiloma virus), кој предизвикува обична лезија, или тешка дисплазија на клеточно ниво-кај пациентката во овој случај станува збор за високоризичен тип на ХПВ вирус.
    Ако пациентката го завршила фертилниот(плоден период) се препорачува хистеректомија(отстранување на цел утерус )Зборувам за дијагностицирана малигна трансформација на клетките на грлото на матката. CIN3 e нажалост почеток на таква малигност.
    Ако пациентката е во плоден период во животот постои сеуште начин за излекување. Постојат два начина на третман
    1.аблативна техника со која се уништува болното ткиво
    2.ексцизиони процедури, со кои се отстранува зафатеното ткиво - ги има два вида(класично отстранување со скалпел и ласерско отстранување(ласерска конизација) - пожелен е вториот метод заради помал губиток на крв.
    Добра страна во сето ова е откога ќе се отстрани зафатеното ткиво и редовно се прават контроли на гинеколог, жената може да има нормална бременост,а со породувањето уште повеќе да ги намали шансите за повторно заболување. Значи породувањето е еден вид на конизација :)

    Премачкување со интерферон(ткивен хормон којшто делува локално и ги убива вирусите) е добра опција, ама после хирушкиот зафат.
    И уште нешто многу важно-имунитетот да се сведе на високо ниво,преку конзумирање на вит. А и Е како најбитни во овој случај, цигари, алкохол :x и да се зема што повеќе овошје и зеленчук, како и конзумирање на јогурт.

    ..........Има многу на оваа тема...................
     
    На andzelikaa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ANITA5

    ANITA5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    13
    цин 2 ми открија помош ве молам :( дали е задолжителна операција????????фала
     
  10. ladymilion

    ladymilion Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    27
    јас имав класична конизација све си беше ок
    а и докторот рече дека со ласерска само се прави полошо
    идам редовно на контроли
    на последниов ПАП ми кажаа дека имам ХПВ и дека тоа не се лечи за жал ;(
     
  11. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.871
    Пол:
    Женски
    Девојки дали цин3 има некакви симптоми? :worried: Ако знае некоја нека пише важно ми е.
     
  12. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    739
    Пол:
    Женски
    Незнам дали е случај кај сите но кога мајка ми имаше цин3 немаше никакви симптоми, онака случајно отиде на гинеколог и после резултатот итно ја повикаа на операција пошо сериозна била работава а она ништо ама баш ништо нема почувствувано.
     
  13. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.871
    Пол:
    Женски
    Јас имам болка при секс, и пред малку со тушот се миев и го насочив кај вагиналниот отвор баш и ме заболе малку внатре. Значи супер би требало да немам цин3, пошто сепак имам симптом некој. Сигурно е некоја инфекција или воспаление. Понеделник сум на гинеколог баш да видам што ќе ми каже. :worried:
     
  14. stella83

    stella83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    122
    Болка при секс може да биде и поради инфекција предизвикана од кламидија затоа што и тоа е еден од симптомите. Доколку е рана инфекција се' уште нема изразен исцедок, но може да се почувствува и болка во пределот на јајниците. Во секој случај за да бидеш сигурна можеш да го прашаш гинекологот и да си направиш тест за кламидија. Тестот може да се направи со земен брис од грлото на матката, преку урина или пак преку крв земена од вена.
     
  15. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    739
    Пол:
    Женски
    Беше ли на гинеколог? Како помина. Ама од кај си стави пак ти цин3 не се нервирај болките се гарант од друго неможе да бидат цин3 ;) може некоја инфекција нешто по симптомите кои ги кажуваш ама ако си била на лекар најдобро си дознала
     
  16. 1973

    1973 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    драги пријателки првпат пишувам на форумов но често ве читам.сакам да споделам нешто со вас ,пред точно 45 дена ми беше откриена циста на десен јајник па по неколку дена се оперирав лапараскопски во ремедика а исто така и ми беше извршен абортус на 8 неделен фетус.по една недела резултатите од цистата беа урени и бенигни ,по три недели на контрола по земанје на папа тест кај матичниот во провинциски град а испитувањето беше во систина ми гидадоа следниве резултати.конвенционална размаска задоволителен за евалуација преуреус со крв и леукоците.пронајдени епителни клеточни абнормалностиодносно атипични жлездени клетки односно ендоцервикални клетки инфламација вклучува типична обнова а препорака хпв типизација.симптоми немам никакви но сум преплашена ве молам за одговор на се што знаете.поздрав и благодарност
     
  17. c.i.n.d.e.r.e.l.l.a

    c.i.n.d.e.r.e.l.l.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    5
    Вака тоа што било извршен абортус е затоа што бебенцето раснело екстраутерино или ???? Мислам дека е затоа. Чим пишува дека резултатите се уредни и бенигни значи дека цистата нема тенденција да се шири, неможе од неа да настанат други, и е супер резултат да не се секираш. За пап тестот кажува дека треба да се направи тест ( посебна метода на лабараториска техника) затоа што докторот се сомнева дека можеби во матката има вирус human papilloma вирус кој предизвикува рак бидејки на обичниот пап тест клетките кои ги земале и боеле изгледаат како да се воспалени и сега треба да се открие која е причината за нивното воспалување ( т.е. дали е овој вирус кој го напишав погоре). Нема потреба од страв... затоа што стравот може само да допринесе влошување, психата е сериозна работа само смирено и ке биде се во ред... се надевам дека колку толку моето објаснување ке ве утеши... се ке биде во ред верувајте... чудата се случуваат и нема потреба да бараме објаснување за нив, едноставно се случуваат...
    Убав ден :))))))))))
     
  18. vesnaaaaaa

    vesnaaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    15
    ХПВ може да е ниско ризично и високоризично. Доколку е ниско ризично докторите препишуваат вагиналетки или антибиотици. Доколку е високоризично значи дека е од ЦИН 2 нагоре, па се прави биопсија за да се дефинира што всушност е тоа. ЦИН 1 на пап тест може да се покаже и кога имаш расипан заб или паднат имунитет. ЦИН 2, ЦИН 3 или многу други пострашни работи не се лечат со вагиналети и таблети.
    Јас за 1 година од ХПВ кое за мојата матична лекарка не беше страшно и од мала раничка на грлото на матката добив ЦИН 3. Таа целта година ми беше стресна, крвта слаба и имунитетот паднат. Одма ме пратија на конизација. Класична конизација (која се препорачува ако немаш родено) правев во Ремедика кај д-р Горан Димитров (Тогаш Димитров работеше во Ремедика и во Државна болница, сега само во Државна болница е). Интервенцијата трае 20 мин и воопшто не боли бидејќи ја прават со целосна анестезија. Ниту по интервенцијата нема болки. Единствено е што 2 недели мора да мируваш во кревет, а речиси цел месец нема трчање, одење по скали, дигање тешки работи...По конизацијата на контрола се оди на 4 месеци. За 1 година треба да го снема ХПВ-то и ПАП тестот да е чист.
    Благодарејќи на д-р Горан Димитров за 4 месеци се оправив (ПАП-от не покажа ЦИН). За 8 месеци резултатите беа одлични ПАП-от чист, што значи нема ХПВ, кандиди и се останато...За време на тие 8 месеци пиев ЦИНК, СЕЛЕН, ВИТАМИН Ц 1000, јадев мед со матична млеч..збогатена храна со витамини и минерали.
    Доколку имаш дилема околу лекарот моја препорака ти е да го посетиш д-р Горан Димитров, сега работи само во Државна Болница во Гинекологија. Можеш да закажеш на телефон за сигурно, или да одиш на тепка (иако има многу гужва) во Гинекологија соба бр.35, секој четврток од 12.00 ч. За во Клиника да не плаќаш приватно потребен ти е упат од матичен гинеколог.
    Нема зафрканција со ХПВ-то, моја препорака од искуство е што може побрзо да се реши проблемот.
     
  19. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    1.922
    Допаѓања:
    5.361
    Ако е зафатен поголем степен и површина на матката се препорачува операција односно конизација за да не прерасне во 3 степен односно цин 3.
    Инаку цин 1 е цервикална интранеоплазија со најлесен степен ,Цин 2 со средна зафатеност,Цин 3 тешка диплазија на цервикс,при што преминува во Ca in situ-Карцином .