Здраво Гледам дека по форумов во разни теми се има дискутирано за производи од Coslovemetics.mk ,мислам по убаво е да се отвори тема и да се разговара за нивните производи на едно место Дали ви помогнале нивните рутини? Предложете маска добра за мрсно лице?
Ја прочитав @Anabelle.Amorette како ги фали лепенкиве за акни, па ги купив и јас. Станува збор за Surprise H patch (ТIAM). Коштаат помалку од 200 денари, на попуст се наоѓаат дури и за уште пониска цена. Немав баш некоја прилика да ги тестирам, ама ете конечно бидна и тоа и баш сум изненадена. Не се одлепува лепенката при мрдање, јас ја ставив пред да си легнам со намера да ја извадам после 8 саати и да видам дали воопшто делувала. Ми требаа две лепенки за скроз да помине акната, значи две вечери по ред лепев и тоа беше тоа. Прв пат да не си направам кратер, се чувствувам така малку запрепастено. Фала многу за препораката, @Anabelle.Amorette
Јас сум малку *покажва со прсти* зависна од кослав. Немам земено рутина од нив туку сама вклопив и кожата ја осеќам како преродена. Сега размислував за земање ноќна маска од Mary N May, пошто та сега шо користам веќе ми е при крај и бев не доволно задоволна. Па некој ако има да сподели мислење и искуство, ве молам:
Ја имам оваа ноќна маска од eyenlip. Презадоволна сум, одлична е. Хидрира неверојатно добро. Структурата е геласта, но густ гел е, не го чувствувам "тенко" на кожата, а не е ниту тежок. Одлична, плус цената ми одговара ептен. Би ја купила пак, ептен се заљубив. Ах, од MarynMay сакаш, сега препрочитувам... Ја немам користено оваа, во љубов сум со чистачот нивен, тој со зелено капаче. Не би го менувала ниту него.
Можам и оваа да земам Ова од Мери ја мернав чисто ради "парчињата" невен внатре. Ама не кријам дека сум површна пошто буквално ја сакам за да можам да си лепам цвеќиња на фаца. Сега од Иуник со прополис користев и е многу мрсна и воедно лесна на кожата ама некако сум ко мех. Спремна сум да пробам нешто ново.
Аааааа сега ги гледам цвеќињата @theowndemon Дефинитивно оди на листа за некој следен пат. Да се чувствувам ко кралица на пролетта секоја вечер. Се надевам дека нема да сметаат ливчињата, иако некако сум убедена дека ќе ми се шлакаат по перницата, па што знам...ќе треба да се изгугла малку подетално утре на одморени мисли. Пробај ја оваа што ја имам јас, не е ни нешто скапа. И убаво мириса. Ми се допаѓа ефектот следното утро - кожата не ми е мрсна, нема масен филм туку си има баш убав природен сјај.
Вака звучи иста како оваа од Иуник, сакам да ѝ дам шанса дефинитивно. За цветчињата не размислив дали ќе се лепат на перница искрено.
Oва второто шпатулата го имам од abouther.mk и ВРСКА НЕМА. Ништо не чисти, а другите "функции" воопшто и не функционираат.
Мене едно не ми е јасно како може светлина да третира маснотија, проширени пори, брчки мое мислење дека овие алатки се џабе фрлени пари
Скрос истава ја имаш ? Јас сакав да ја земам сега ме предомисли. Јас одам на третмани со ултразвучна шпатула и задоволна сум.
Скроз исто изгледа и истите функции ги има, исто работи. Само што не е на кословметикс туку од abouther.mk ја нарачав. Искрено најискрено не ми врши никака функција. Премногу шанси и дадов. Ама за кословметикс не знам можеби е подруго.
Истата алатка погоре што е со светлина ја нарачав од али за 3 долари Е сега уште не ми е стигната така што не знам како ќе се покаже. Инаку и јас се пријавувам како зависник од coslovemetics. На месечно ниво се подновувам со по некој нов производ и ги ловам попустите. Да бидам искрена воопшто не е ефтина козметиката за наши стандарди, ама е навистина квалитетна, само бара многу истражување по интернетов што и како одговара за твојата кожа, пример многу од популарните производи што им се воопшто не одговараат за кожа склона кон акни. Немам пробано со нивна рутина, а искрено сакав да им пишам да видам што би ми предложиле. Гледам горе се бара предлог маска за мрсно лице, јас ја користам оваа на база на глина еднаш неделно Убаво, темелно чисти, визуелно одма се забележува разлика во порите, и најважно не го суши лицето. Мада со глина маски многу е битно да не ги оставиш предолго на лицето, може да се направи контра ефект.
Од кои pimple patches сте задоволни? Сакам да нарачам од coslovescosmetics, но некои кои ви се проверени.
Мене овие ми се многу убави. https://coslovemetics.mk/product/tiam-surprise-h-patch-10mm-x-18лепенки/
Дали некој ги има користено лосионот на Mary n May и кремата на Cosrx на сликите подолу, да сподели мислење? Гледам бестселери се на страната.