Дали сте пробале да играте Drum and Bass? Што мислите за DNB? Јас многу го сакам овој вид на танц (незнам дали е танц).Имам научено повеќе чекори и сега се усовршувам.На почеток е тешко,но кога ќе ги научите основните чекори станува се полесно и полесно. Иако личи дека е повеќе за машката популација,сепак се слабее. Темава ја стаив во фитнес заради тоа што со Drum and Bass можете многу лесно да ослабете. Јас почнав од пред 2 месеци активно да играм и веќе ослабнав 4-5 кила. *Ако не и е местото на темава тука-преместете ја,незнаев каде да ја ставам. http://www.youtube.com/watch?v=Rv0NeHRjjFY ^првите чекори http://www.youtube.com/watch?v=tEPB7uzKuh4 ^ песна за играње
Сеедно, има многу скокање и тресење на бутови во исто време и исто и стомакот се напнува, па е океј за слабеење. Инаку, играм и тоа поприлично добро сум ги научила чекорите, само уште да можам да ја поднесам долго музиката, ќе беше многу фино.
Другар ми го игра ова, се има дури и снимано и на ју тјуб мислам има прикачено. Го гледам него, со уживање игра, овој начин на играње многу е популарен меѓу руските тинејџери, па го играат и по улици групно. Има некој интересен ритам, ама чекорите не ми се свиѓаат, груби се, нема мрдање со колкови и газе, само некои чекори со вртење на нозете. А сигруно се слабее, штом скокаш и се вртиш со нозете в место некое време.
dnb dance во фитнес -.- anyway http://www.youtube.com/watch?v=MOILivdWtSo горе-долу елементите ги средив минатото лето,уште на брзина да додам. Си играм со прекини кога ќе ми дојде-тогаш. За слабеење не сум ни помислила. Како и секој танц. И чочек секој ден да играш ќе ослабиш.
Господе Боже што се нема да измислат, drum n' bass за слабеење?! Па идете на drum n' bass и breakbeat журки и ќе видите слабеење. Или на хип хоп. Да, и чочек да тресете нон стоп и со тоа ќе ослабнете. Свртете пајдушко низ соба 3 пати и ќе го снема целулитот. Drum n' bass е музика, а не фитнеснезнамштозаслабеење.
Да музика е, но можда токму со играње на оваа музика некој ослабнал па ќе сподели информација и искуство што како. Ако ја ставиме во музика што ќе дискутираме ? Темава си е на место мислам. А тоа дека со играње на каков било танц се слабее е точно, па и да скокаш низ дома пола саат секој ден и те како ќе ослабиш .
Охохоо, и те како има за дискутирање Лукс, да беше темава во музика. Тоа ти е исто ко да прашаш - хип хоп ако го ставиме во музика, што ќе дискутираме? Не е мое да одлучувам, ниту се мешам, но ете нешто ново научив, дека овој вид на музика е сега по ново и начин на танцување со помош на кое се слабее. А рака на срце се слабее ако рипаш на билошто. Секој вид на танц е начин на слабеење, на вежбање...ама ок, да не се повторувам, тоа веќе си го пишав во темата за танцот. Но, ќе се сложиме ова првенствено Е вид на музика а не вид на танц
Па отври тема и во музика и таму ќе дискутираме од таа гледна точка, може да има и две теми Пожелно е да има две теми во различна категорија кај што ќе се дискутира на нив од различни аспекти, одколку една во која ќе се зборува за се .
Јас имам горе напоменато,затоа што незнаев кај да ја ставам темава,а првенствено се збори за Drum and Bass танцот и тоа дека се слабее. Ако има потреба од преместување и промена на наслов-слободно.
Детево што го познавам, игра драм енд бас веќе 4 години, и е слабо, ама не верувам дека тоа му е од играњето дека одсекогаш таков бил, ама можеби тоа му помага да си ја одржува линијата, којзнае.
Значи нема потреба од препукувања, пожелно е да има 2 теми, и таму и овде со различна дискусија, овде да се зборува од спортски и целен (цел-слабеење) карактер за днб, а во музика од музички карактер, мада не знам и што има за дискусија, освен постирање на клипчиња кај што играат типови и типки . А ако темата треба да се премесети ќе биде преместена, тоа никој не го оспорува, мада гледам дека темава нема некоја заинтересираност.
Не ме бива ич за ова имам пробано и тапа сум!-.- Многу комплицирано ми изгледа. А и не верувам баш дека се слабее од ова
Зошто оваа тема стои тука? Јас сакав да отворам ваква во Музика. Може ли да се преместе? Пошо има стварно добра drum n' bass музика. Јас знам да играм И обожавам drum n' bass журки. Во последно време ептен се усовршив. Всушност и не е толку тешко, треба само координирано прст-пета. Дојдете во Штип на Run и ќе видете што е drum n' bass, само што многу е гужва бре. Сакам пааааа
стварно,зошто не е во музика темава? и ја сакав едно време да отворам ова,иначе ја знам некои основни чекори да играм,цело мое друштво игра ова посебно дечко ми ,ептен добро игра и уште некои другари во почеток бев многу смешна,со една нога играв само,незнам како успевав сега добро ми иде каде каде,знам повеќе чекори,трикови како и да ги кажам иначе имаше во градски парк днб собир,пред околу година дена мислам дека,некој да не беше на тоа? ја секој ден идев и игравме,се снимавме бла бла инаку @ IndieGirl,се слабее,поточно,се затегнуваш повеќе,а ти се оформуваат највеќе нозете,бидејќи највеќе ги користиш нив во степот