Daisy Jones and the Six (2023)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од sweet-cherry, 10 март 2023.

  1. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.664
    Допаѓања:
    29.417
    Пол:
    Женски
    Daisy Jones & The Six е серија базирана на истоимената новела од Taylor Jenkins Reid. Серијата го следи подемот на еден рок бенд од 1970-тите, од нивните почетоци до станувањето на најпознатиот рок бенд во тоа време, како и нивното распаѓање. Претставено е како интервју со членовите на бендот години подоцна, се сеќаваат и раскажуваат за настаните што довеле до распаѓањето. Се претпоставува дека е базирано на вистинскиот бенд од тоа време Fleetwood Mac.

    Премиерата беше на 3 март и досега се излезени 6 епизоди, од вкупно 10.
    [​IMG]

    Дали ја гледа некој? Како ви се допаѓа?
     
    На Mishela, Евроазија и allaround им се допаѓа ова.
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.157
    Допаѓања:
    81.666
    Пол:
    Женски
    Никој не ја гледа серијава? Пропуштате прејаки песни, само да ви кажам. :D

    Конечно излезе цела, а јас никако да седнам да ја завршам. Немам многу изгледано, третина само.
    И серијава дефинитивно ми е една од оние кај што сите ликови ме нервираат, а упорно продолжувам да гледам. Истото ми се случи и додека ја читав книгава, ми се допадна концептот, развојот на ликовите и сè тоа во пакет. Но толку ме нервираа сите, не можев да ги поднесам. Скроз ист впечаток имам и за серијава, а баш сум воодушевена како испаднале песните. Не можам да се одлучам која ми е омилена.

    Камила ме нервира и ја сожалувам во исто време. Ич не ги гледам како совршен пар со Били, двајцата ми се не знам...За Дејзи ич да не зборам, и она си е своја приказна. Греам и Карен па, „совршениот пар“ ич не ми беше толку совршен како што читав низ коментари дека многу им се допаднале на луѓево. Ама тоа се генерално впечатоци кои си ги влечам од книгата и засега можам да кажам дека во голем процент се поклопува мислењето и кога ја гледам серијата.

    Ме интересира само како ќе биде изведен крајот, дали го оставиле ист како во книгата или нешто измениле.
     
    На _iKarmen и 1209 им се допаѓа ова.
  3. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.900
    Допаѓања:
    45.261
    Пол:
    Женски
    Јас малку каснам со серијава, немам многу да кажам, ми се допадна помалку од книгата, ама се согласувам со @Mishela ликовите не се допадливи многу, Дејзи ми е најантипатична од сите, концептот е добар, ми се допаѓа начинот на живот, би сакала да можев да живеам во тоа време, мислам дека ќе ми лежи хипи-рок лајфстјл:D
    Камила е многу убава, ама не ми беа воопшто пар со Били, со Дејзи се ептен твин флејмс иако лоши еден за друг.
    Со едно нешто не се согласувам дека песните беа убави, мене искрено ми фалеше нешто во нив, не знам што, ми го немаа тоа битното за да бидат најпознат бенд…у глобала интересна серија.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.157
    Допаѓања:
    81.666
    Пол:
    Женски
    @1209 Мене цел месец ми беа на рипит на Спотифај. :tmi:
    Само како навлегував понатака, актеркава што ја глуми Дејзи сè помалку ми се свиѓаше. Ја замислував Дејзи малку подарк, малку погруба, по...не знам како да објаснам ама ќе сфатите. Овдека на карактер ми личи на Луна Лавгуд од ХП и баш се разочарав.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.900
    Допаѓања:
    45.261
    Пол:
    Женски
    Пу сум, ги слушнав и јас на спотофај и така убсво звучат, дали не успеав да ги фатам убаво во епизодите оти со бебето во раци на тивко гледав, ама убави се. Него се изненадив дека актериве стварно пееле, не знаев дека имаат такви гласови, ги знам и двајцата од други серии и филмови и не очекував. Типката топ глас ама да и јас ја замислував скроз различно, вака ептен хипик беше, а во книгата имаше повеќе рок вајб, дарк како што викаш.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.157
    Допаѓања:
    81.666
    Пол:
    Женски
    И мене тој дел со пеењето ме изненади многу. Убедена бев дека не се нивни гласови, не знам зошто. Сега и смешно ми е што така сум си помислила, ама навистина не очекував дека Сем Клафлин пее волку добро. :D Рајли не ме изненади толку, ама он...
    Баш фино звучеа заедно.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.