Откако ја видов темата за ''смртоносната'' игра BlueWhale решив да направам тема во која општо ќе дискутираме за dark web. Се вели дека претставува повеќе од 90% од вкупниот интернет. Може да пристапи секој, инструкции за тоа како нема да кажувам за да не бидам јас крив потоа.. Има се и сешто, од корисни информации, до хорор приказни, чудни појави, убиства, хакери, буквално се што ќе ви текне има таму. Па ајде, поставувајте прашања, искуства каживајте ако сте посетиле dark web сајт и слично поврзано со темава.
http://thoughtcatalog.com/michael-koh/2014/03/14-terrible-things-you-didnt-know-about-the-deep-web/ http://listogre.com/top-ten-list/top-10-interesting-things-on-the-deep-web/
Јас колку што знам преку TOR пребарувачот може да се пристапи до дарк вебот. Посетив еден сајт на кој се продаваше дрога, лажни документи и ред други илегални работи.
Супер работи има таму.. Од изработка на пасоши и секаков вид лични документи, преку дрога сокриена во кафе, авто-делови и што ти знам што, до најмување на убијци Или пак оружје што ќе ви пристигне расклопено во 5-6 пратки, само да си го склопите.. Има и македонци што ги нудат своите услуги... Ај лајк ит...мој вид на играчки Сепак, за да навлезете во шемата многу кромитчиња треба да "излупите"
Тоа што се произведува кај нас..иако ретки се И веројатно тешки за пронаоѓање. Бидејќи има многу посилни и поквалитетни понуди на маркетот.. Ситни риби сме..
Да, преку Tor може. Јас се згрозив од некои сајтови, имаше еден со аудио снимки од авионски несреќи.... Морничаво е да се слушне една таква снимка, немаше влакно на мене што не ми се крена мислам.. Но има и користи сајтови како на пример имаше сајт на кој има некои забранети книги од незнам кои причини, читав кратка содржина, воопшто не приметив ништо за што би биле забранети.
Политичари!? Шала на страна, има македонски сајт за наркотици, незнам како се викаше. Исто и за тетките што заработуваат со својот полов огран.
Кога пристапувате на онион сајтовите, НИКОГАШ немојте да менувате резолуција на прозорот.. По можност и немојте да нарачувате ништо, иако плаќањата беа најчесто со биткоинс, не е тешко за еден македонец да плати..ова моја должност како модератор е да ви кажам И како за крај, иако е дип дарк веб, не верувајте дека секоја понуда е вистинска. Какви политичари, тие ни на зелено пазарче не одат за ич пари За темава можам со саати да пишувам, сепак е од моја професија. Иако избегнувам да зборувам за тоа од за мене познати причини..
Од таму се знае што се нарачува, или наркотици или оружје, се друго имаме и на обичниот интернет. Исто така и Java Script треба да биде исклучено кога користиме онион сајтови. Хахаха абе дека како за 2 милиони народ имаме многу политичари па и таму да не ги продаваат.
Ти превзема податоци од Desktop, се вметнува keylogger и ти ги краде сите податоци, лозинки и слично. Кога тоа ќе се случи твојот компјутер е веќе бескорисен тоест ИП адресата дури невозможно е некогаш и да го промениш оперативниот систем.
Може да те следат преку дигиталниот отпечаток што го оставаш..па ако нарачаш нешто може дома МВР да ти тропне.. Со секое логирање некаде, оставаме траг.. Со тор си анонимен, НО доколку не се придржуваш до упатствата може да биде и бескорисен Дури и за тие сајтови има многу обиди за следење
Јас 3 години сум отварал се и сешто и ништо не се случи. И по други форуми кажуваат дека тор е безбеден тоест никој не може да те лоцира преку него или слично. Ако сакаш да се осигураш можеш да го избришеш стариот идентитет во опции.
Хмм За што го користиш толку долго време? За правење никови на фемина? Јас го имам инсталирано со години на стариот лаптоп од факултет, ама ретко го користев
Хахаха. Се занимавам со програмирање, кодирање, криптографија па таму ги наоѓам потребните информации и програми бидејќи на обичниот интернет ги нема.
Доколку си ситна риба, на никој не му е гајле за тебе, доколку употребуваш разум во животот - можеш да живееш спокојно, како и мнозинството луѓе. Да точно има работи кои што не засегаат, ама тоа е живот.