Нов трговски центар во Скопје Новиот трговски центар Diamond Mall се очекува да биде отворен во март 2023 година. Тој е интегрален дел од мултифункционалниот комплекс Diamond of Skopje што е лоциран во строгиот центар на Скопје. Компанијата „Лимак“ инвестира 250 милиони евра во изградбата на овој проект, а покрај големиот трговски центар, дел од него се и хотелот со пет ѕвезди Limak Skopje Luxury Hotel, четири станбени кули со 772 станови, деловен центар, уредена зелена површина од 11.000m² и затворен паркинг простор за 3.200 возила. Diamond Mall располага со 180 продавници со вкупна површина за закуп од 48.000m², како и зона за забава (Dream Zone) со површина од 7.000m², што е повеќе од кој било друг мол во земјата и пошироко. Овој простор опфаќа едукативни и забавни содржини наменети за различни возрасни групи, од деца од најмала возраст до млади. Исто така, во состав на Diamond Mall постои и специјален автентичен простор „Gourmet Avenue“, наменет за различни типови на кафулиња, барови и ресторани од отворен и полуотворен тип. Инфо: https://nezavisen.mk/zapochna-final...trgovski-centar-vo-strogiot-centar-na-skopje/
Мое мислење е дека е скроз непотребен, особено локациски до Рамстор мол кој со отварањето на Ист гејт многу продавници затвори. Единствено оваа Dream Zone ме интересира и се надевам ќе е нешто интересно и различно со што би привлекле интерес. Да не продолжам песимистички останува до март да видиме што ќе бидне
Се загушивме од молови.. Секаде моловите се понастрана од центарот, кај нас тука сите.. Не велам дека е лошо.. Ама, локациски можеа да бидат понастрана, надвор од градот. Од гужви и метежи ќе се загушиме
Се сложувам со тебе во врска со локацијата и сообраќајот, но дали си размислила дека ако ги отвараат надвор од градот заинтересираноста ќе им опадне драстично, со оглед на тоа што немаме автобус што ќе не носи таму.
Јас мислам дека моловиве треба да ги прават на излез од Скопје. Eaest Gate е вишак таму и увек се собира непотребна гужва.
Мене не ми е јасно, прво Сити Мол, па Ист гејт, па сега ова, и тоа се многу пари инвестирани, што си мислат инвеститорите, толку мала држава, толку малку народ, неразвиен туризам, зашто мислат дека ќе им биде исплатливо да има на секој чекор трговски центар? Јас во Охрид или Струга би отворила вакво нешто, во Скопје нема потреба веќе од трговски центри градење..
Да, убаво би било. Ама со оглед на тоа дека и до аеродромот немаме којзнае каков превоз - не очекувам дека за еден мол би се организирале добро. Да се воведат евентуално нови автобуски линии како што кажа и ти, и да бидат редовни и чести.
Супер би било просторот до Рамстор(стара железничка) да е ПАРК, а не еден куп згради и трговски центар. На Скопје очајно му фали барем уште еден поголем парк во централното подрачје, бидејќи на лето не се диши, буквално. За трговскиот, штом толку инвестирале ваљда знаат шо прават, па можеби ќе има нови продавници шо ги нема во веќе постоечките трговски. Време е да донесат некои американски брендови шо со години се чекаат кај нас.
Можеа некој мол на периферија да стаат.И онака е Скопје затка, иаме Рамстор Мол, Сити Мол, Капитол, Гтц, Ист Гејт, само уште овој фалеше.А битно сегде сѐ исто.Еве освен во Ист шо донесоа неколку нови брендови и толку. Ми нема поента као.Башка шо гужва ќе се праи и таму као и пред Сити Мол и Ист.А Јордан Мијалков е топ за до Кисела Вода, ако неќеме преку Рекорд..Ама јбг, кај шо врти пара правда нема
Охрид прават еден кај автобуската историски се стори. Тој Кам што го зеде колку што знам само Кам маркет и Дм има, бар тоа имаше. Охрид љуѓе немат. Факт е дека Скопје е пренатрупано ама пола Македонија е во Скопје. За сѐ се оди Скопје. Охрид и да има ќе живее точно од 15ти јули до 15ти август. Толку е сезоната. Други бизниси се вртат, молот е само за пред народот.
Абе парк некој убав да направеа.Детски игралишта нешто.Скопје е станато гнасно веќе.Зграда до зграда, мол до мол, дрва нигде и после ,,температурата во Скопје на 25ти јули ќе биде 40 степени”.Епа ќе биде, ем глобал ворминг, ем нема провев на воздух веќе.А и котлина сме.. Градски Парк, последна 5ка во Ново Лисиче, и толку се поголеми паркови…таму можеше нешто прејако да се напраи.Таман за луѓето од тој реон, а не у Градски идеш за викенд, ни клупа нема да седнеш, на ред за кафе не се доаѓа, не можеш да се разминеш. Мислам да можат, сѐ у бетон ќе напраат
Комотно може еден регионален трговски центар да се направи за Битола, Ресен, Охрид… пример. Секако од овие градови луѓето пазарат или од Скопје или од Солун. Никако да се инвестира во помалите градови, точно не дека има премногу народ ама пак не се ни по 1000 луѓе.
Абе и да се по 1000, а не се толку малце.Зашо да се влечат до Скопје? Ем трошол за нив, ем овде затка се праи. А кај Ист Гејт веќе 24/7 е затка.И онака е лоша таа раскрсница.За викенд, не дај Боже кај Сити Мол да треба да пројдеш, ала-ала е.Пред Рамстор таа Св. Кирил и Методиј исто е крцана. Затка го направија градов