Don't Look Up (2021)

Дискусија во 'Филмови' започната од WildMk, 2 јануари 2022.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.300
    д.jpg

    Приказната е за двајца астрономи кои се обидуваат да ја пренесат пораката, дека комета со потенцијал целосно да го уништи живиот свет на цела планета, патува накај Земјата.

    Знам дека за сите што ќе го гледаат филмов, ќе има различно значење, различна 'тежина' и најверојатно имаме и различни мислења за истиот.
    Според мене филмот е брилијантен, циничен наратив кој се обидува да ги посочи проблемите со кои се соочуваме како цивилизирано општество и презентација на искривените приоритети кои ги имаме како глобално општество.

    Не знам ни дали е вистинско место во 'Филм и ТВ' да се разговара за прашањата и размислувањата кои ги наметнува филмов... но нека биде овде.

    Далеку подобро од мене ќе ви ги презентира тие прашања Брајан Кокс во видеово:
    *Напомена: Спојлери



    Би сакала да чујам (прочитам) што мислите вие?
     
    На firequeenn, M&M, BlackAndWhiteSwan и 14 други им се допаѓа ова.
  2. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.504
    Пол:
    Женски
    Филмов е одличен! Саркастично смешен, прикажано е современото општество на еден неосудувачки начин, опфатено е сѐ, исклучително забавен. Заслужува да се гледа! (y)
     
    На M&M, Glowy, f.girl и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Elenpelen

    Elenpelen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    954
    Пол:
    Женски
    Сабајлево го коментирав во друга тема, не видов дека има посебна. Одличен филм, оригинален приказ на сето она што се случува денес, од размислувања, учење, прифаќање, желба за слава, медиуми, игнорирање вистина, ароганција и себичност, желба за пари, буквално се'. Актерите феноменално си ги доловија ликовите, сите до еден. Не сум некој фан на Џенифер Лоренс, ама добра е во филмот.
     
    На MarijaMi90, Peanut Butter, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Филмот е страшно добар и колку многу е реален околу тоа какви не водат и одлучуваат за нас и за иднината на човештвото. Констатира тоа што сите го знаевме веќе, дека научниците сите ги игнорираат, сѐ се сведува на маркетинг и креирање јавна перцепција во склоп на личните интереси наспроти интересите на целата популација.
     
    На Cosmic Girl, Glowy, f.girl и 8 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.300
    Кога вечераа на крајот и кога Леонардо рече:

    "We really did have everything, didn't we?"

    Се скршив.
    Се изнплакав...

    Греота е колку ни се skewed приоритетите.
     
    На tace73, M&M, Glowy и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.490
    Пол:
    Женски
    Не ми се допадна краткиот прилог кој го одгледав. :)
     
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.219
    Допаѓања:
    189.373
    Да го гледаш:nod:.
    Трејлерот не е ништо посебно, филмот... маж вика комедија бил, јас мислам трагедија е.
     
    На M&M, Glowy, staycalm и 8 други им се допаѓа ова.
  8. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.083
    Пол:
    Женски
    Завчера почнав да го гледам ,за на крај да го мотам на брзина. Штета што не го изгледав како што треба. Но пораката е и повеќе од јасна. Очекував баш да е комедија и се збунав.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  9. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    4.304
    Темава поради сеопфатноста можела да оди и во наука и во религија и во општи муабети. За сега го немам гледано филмот, но во контекст на воведниот пост како и одличното објаснување на Кокс во видеото каде ја разложува можната реалност прикажана во фиктивната приказна.

    Голема вистина има во зборовите од крајот на филмот дека „имавме сè, зарем не?„ и во нив гледам поттик и потсетување да бидеме благодарни за она што сега и денес го имаме и кое можеме да го искористиме за да го подобриме својот живот и животот на другите, бидејќи сè е минливо во овој материјален свет со воите појавни форми.Зарем не е прекрасно тоа што имаме кров над глава, разновидна храна и тоа од македонска почва - камо ли увозна, вода за пиење и тоа од славина? (барем во Скопје е така)

    И се согласувам со кажаното во видеото на 4:45 дека енормни пари се трошат на спортска забава (забава, не спортување за свое здравје!) низ фудбалските и други клубови. Така беше и во времето на пропаста на Помпеја но и остатокот од Рим, натпревари и површни забави за простиот народ.

    Во објавите примени од божествениот свет за луѓето на денешницата кажано е дека моќни астероди ќе ја пустошат земјата, но пред тоа ќе се изнаслучат серија други збиднувања низ релативно растегнат период. Меѓу останатото целата чоечка вселенска технологија која како ѓубре кружи околу планетата еден ден комплетно ќе падне, не само во фрагменти како што тоа и денес се случува поради влијанието на гравитацијата. Тоа е едно од симболичните значења на Исусовите зборови: „и ѕвезди ќе паѓаат од небото„. Кога тоа ќе се случи, веројатно повеќе нема да има никаков систем за предупредување а уште помалку за спречување. Но на тоа ќе ѝ претходи веќе постоечкиот галопирачки развој на климатските промени (Скопјани 2022 за првиот и вториот новогодишен ден имаа 15С - се убедувам себе си дека е исклучок, не правило) кој и да трае упте со децении во иднина, еден ден секако ќе кулминира.

    Кога повеќето луѓе би се насочувале кон повисоките етички принципи и би го оделе внатрешниот пат, тогаш многу нешта би се трансформирале постепено кон подобро и би можеле да им се покажат и други начини на размислување во науката кои би овозможиле духовно-законито користење на материјалите со кои располага вселената, без да се посега по ограничените ресурси на Земјата. Но со оглед дека сето тоа не е случај, оваа современа цивилизација таква каква што ја познаваме еден ден ќе мора да се соочи со својот крај.
     
    На Cosmic Girl и Elenpelen им се допаѓа ова.
  10. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.767
    Пол:
    Женски
    Филмот e повеќе мрачна сатира отколку комедија, а комичните елементи околу занемарувањето на научни предупредувања и општата комерцијализирана/исполитизирана реакција се толку реални и опипливи, што дури и не личат на уметничко сценарио.

    За мене само Кејт (Џенифер Лоренс) се покажа како достојно лице на науката - страсна, свесна за опасноста низ целиот филм и мета на целиот тој реалистичен science denial.

    Од друга страна, од целата промоција што ја сретнав за филмов пред да го гледам, не очекував дека ликот на ДиКаприо (професорот Минди) ќе биде толку... flawed? Во пола и повеќе од филмот го гледаме како се внесе во славата, ликот на тв/онлајн ѕвезда, па и на hot astronomer (да не речам AILF :D). Без приговор ги прифати сите неподвоени заслуги од површната јавност која ја исмеваше Кејт, воопшто не застана зад неа кога ја замолчија и отфрлија, па дури и жена му стигна да ја изневери со водителката. :drunk: Сè до последните 40тина минути и кога конечно ги испердаши јавно сите надлежни.

    Од споредните ликови најдраг ми беше оној на Тимоти Шаламе, of course :D и многу природен ми изгледаше во улогава.
     
    На M&M, IM.TMKQ, BlackAndWhiteSwan и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    И на мене исто така, после овој филм ги сфаќам целиот хајп околу него, иако го гледав во Dune претходно :$
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  12. MarijaMi90

    MarijaMi90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    20.125
    Пол:
    Женски
    Вечерва го гледав филмот и мн ми се допадна. Многу поенти може да извлече човек, а главната за мене сепак е: раздели, па владеј.

    Само ако човештвото беше обединето можеше да се спротистви на личните интереси на тој глупавиот Питер. И тогаш сфаќаш колку како обичен човек си зависен од другите луѓе. Може колку сакаш да создаваш цел живот, да си независен, да си образован. Се што си стварал може да го снема во делче од секунда, ако нема општествена одговорност и свест. Поентата е: кој не води? Ние сме тие што им даваме власт, ние сме тие што може да им ја одземеме, само како мнозинство. Во меѓувреме ќе не водат и ќе одлучуваат за нас тие што ние сме ги одбрале. И некогаш ќе носат животно одлучувачки одлуки.
     
    Последна измена: 4 јануари 2022
    На Elenpelen и WildMk им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.300
    Да не беа политичките игри, немаше да има толку неинформирани луѓе.
    140 trillion dollars
    Арно рече: Шо ќе ви се парите, ако сме сите мртви?
     
    На M&M, Elenpelen, daylight и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.213
    Допаѓања:
    32.863
    Пол:
    Женски
    Долго време после гледањето на филмов имав чудно, необјасниво чувство, не верувам дека некој остана рамнодушен. Повеќето работи се кажани, би додала само едно нешто што ме вознемири кога размислував за тоа.
    Најбизарна сцена ми беше онаа кога само најбогатите преживеаа и населија нова планета. Мислам дека истото би се случило доколку во иднина успееме да имаме толку напредна технологија. Само тие што ќе можат да си дозволат таков луксуз ќе преживеат, а останатите ќе изумреме.

    Замислете само кој ќе го продолжи нашиот вид :x Апатични, егоцентрични луѓе без морален компас, алчни за пари и со ниска интелигенција. Ќе биде полошо од ова што е сега, морници ми поминуваат од самата помисла. И да, во таква ситуација, дефинитивно би одбрала да умрам од ударот на кометата, отколку да сум опкружена со тие "луѓе".

    Потпис за ова.
    Најголемо разочарување ми беше неговиот лик, не беше ништо поразличен од луѓето кои го исмеваа на почетокот (facepalm)
     
    На tace73, IM.TMKQ, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Најбогатите беа и најстарите, тешко дека на таа возраст ќе продолжуваат било каков род.:D
    Сепак мислам дека и тој момент беше намерно така прикажан, дека се тоа само себични и егоцентрични луѓе кои не мислат на никој освен на себе.
     
    На tace73, M&M, Elenpelen и 2 други им се допаѓа ова.
  16. prashinka

    prashinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2021
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    798
    Имаше поента филмов, само што, некако слаба ми беше глумата.
     
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.300
    Јас пак мислам дека многу добро глумеа сите.
     
    На M&M, Elenpelen и MarijaMi90 им се допаѓа ова.
  18. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.362
    Допаѓања:
    9.324
    Пол:
    Женски
    Во план ми е да го гледам, па ќе пишам овде впечаток.:)
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  19. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    3.412
    Пол:
    Женски
    Добра актерска екипа. Одлична глума. Јасна порака. Филмов е слика на реалноста. Пропаганди, memes, исмејување на вистината; сето ова се случува денес, во време на пандемија во која живееме сите ние. Не можеме да се справиме со (потенцијални) катастрофи. Lack of unity, kindness, empathy. Краток опис на човештвото. Жанрот е црна комедија, но јас би рекла дека е трагедија. Трагедија е како се справуваме во овие ситуации, трагедија е како се третираме едни со други.
     
    На Cka, Hija.de.la.luna, Adi888 и 7 други им се допаѓа ова.
  20. prashinka

    prashinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2021
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    798
    Па не баш. На моменти беа вештачко одглумени сцени.