1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Dorian Gray Syndrome (DGS) - метод за бегање од реалноста

Дискусија во 'Психологија' започната од Briar Rose, 25 јули 2018.

  1. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Пред да почнам, ќе објаснам накратко за овој синдром:

    DGS (Dorian Gray Syndrome) означува културен и општествен феномен кој се карактеризира со екстремна гордост на личноста со неговиот личен изглед и погодноста на фигурата , придрушена со потешкотии во справувањето со барањата на психичко создревање и со стареење на телото.

    DGS најчесто се поврзува со тријада на симптоми кои се преклопуваат, и така се комбинираат дијагностички знаци на дизморфофобија, нарцистички карактерни црти и незрелоста на уапсен/стопиран развој.

    За да се зачува младоста, личноста која страда од DGS има тенденција на консумира козметички производи и услуги, процедури за реставрација на коса, анти-импотентни дроги и козметичка хирургија.

    Терминот ,, синдромот на Доријан Греј,, се однесува на главниот лик на романот Сликата на Доријан Греј од Оскар Вајлд (1891), исклучително млад и убав човек чиј хедонизам и прекумерено самољубие се покажуваат одлучувачки за личните, социјалните и емоционалните аспекти од неговиот живот, и кој се обидел да избега од пустошењето на времето и неговиот сопствен декаден животен стил со тоа што имал натприроден портрет од самиот себеси да старее наместо него.

    Инаку, дијагностичките критериуми за синдромот на Доријан Греј се:

    - знаци на дизморфофобија
    - стопиран развој (неспособност да се созрее)
    - користење на најмалку две различни медицински продукти и услуги:

    * реставрација на растот на косата
    * ,,антидипосита,, (антидебелина) за губење на тежина
    * лекови против импотенција
    * анти-депресивни лекови
    * козметичка дерматологија
    * козметичка хирургија

    Покрај нормалните, постојат доста луѓе кои екстремно се плашат од годините и стареењето (како еден вид на фобија) и поради тоа имаат тенденција и големи предиспозиции да го развијат овој познат синдром;

    Сметам дека страдачите од DGS имаат искривен принцип за реалност и се обидуваат да побегнат од природните процеси - што, секако, не е возможно.

    - Какво мислење имате вие за овој синдром и за луѓето кои се негови жртви?

    - Дали познавате одредена личност која ги има горенаведените симптоми, или можеби и вие ги имате истите?
     
    На BoneMachine, Stephen Amell, Ketchup и 3 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Познавам луѓе кои ужасно се плашат и се грозат од сопствената старост.
    Не би рекла дека имаат дијагноза, но симптоми на вакви дијагнози... имаат.

    Нема да навлегувам многу во философирање, генерално мислам дека голем удел имаат медиумите и Холивуд.
    Воедно, не треба човек да се плаши од своето стареење, бидејќи е природен процес.

    Не дека ќе се смени нешто, дека ете, напишав... ама ај :)
     
    На Afrodite¥ и Briar Rose им се допаѓа ова.
  3. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @WildMk ти благодарам за твојот коментар на темава.

    Би рекла дека и јас познавам одредени личности во моето опкружување кои освен што се опседнати со својот изглед, најчесто имаат извртоперен поглед кон реалноста, создавајќи непрецизни илузии дека се привлечни, млади и слаби.

    А кога некој ќе им укаже на нивната вистинска возраст и изглед, тие знаат да избувнат и да ја понижат истата личност, која само се обидува да ги претстави со реалноста.

    Исто така, би го поврзала овој синдром со нарцисоидноста - сметам дека само тие луѓе (кои веќе имаат искривена перцепција за себе дека се најубави, најпаметни, најталентирани...) би можеле да развијат ваков синдром.

    Што е навистина жално, патетично, очајно, па дури и смешно во моите очи...но не доволно за да ги сожалувам.
     
    На honest girl и WildMk им се допаѓа ова.
  4. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.948
    Пол:
    Женски
    Синдромот на Дориан Греј сите го имаме во себе, кој е тој што не би сакал вечно да изгледа убав и млад?
     
    На Istata od vcera, Cinderfakinrella, SuperGirl24 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Не би рекла баш. Треба да се прави разлика меѓу желба со стабилен принцип на реалност, и очајност пропратена со психолошки извртен принцип за реалност...

    Точно е дека скоро секој посакува да изгледа млад, но евентуално се помируваат со тоа и преземаат мерки кои не се драстични.

    Додека лицата кои стадаат од DGS, и притоа имаат искривена перцепција за реалноста, како и нарцисоиден карактер, имаат тенденција да трошат астрономска сума на пари за разни пластични операции, лекови, козметика и сл. и тоа им станува вистинска зависност - само бидејќи мислат дека така можат да го запрат ефектот кои гравитацијата и клетките кои умираат во нивното тело го имаат.

    Кога сите лица во светот би страдале од DGS, на планетава би се шетале изроди кои не наликуваат на човечки суштества со содржина од најмалку 90% пластика во нив.

    И на некој начин можам да разбирам како ќе успеат да го "забават" времето - на пластиката и е потребно многу време (20-1000 години) да се разгради под земја...
     
    На elimkd, Someonespecial и PaLaVa им се допаѓа ова.
  6. honest girl

    honest girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2015
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    1.654
    Пол:
    Женски
    Ете што била дијагнозата на Мелита Ракичевиќ :D Доријан Греј синдром :D
     
    На BoneMachine, Cinderfakinrella, Indiegurl и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.145
    Допаѓања:
    76.552
    Пол:
    Женски
    Да се води грижа за себе е нормално, тоа сите го правиме. Сите сакаме да изгледаме убаво, но ете има и екстремни случаи.
    Јас не се плашам од стареењето и промените кои доаѓаат со годините. Сигурно дека нема еден ден очајно да се обидувам да го запрам времето кое одминува. А и не познавам никој таков. Се има случено неколку пати да сретнам жени кои сеуште се облекуваат и се носат како тинејџерки, што не е ни убаво за око. Очајно е на, да речеме, 40 години, некоја се обидува да изгледа како да има 20ина.
    Мене и стареењето ми е убаво. :lol: Или ова го велам затоа што уште сум млада. :D
     
    На Таа Сум и Briar Rose им се допаѓа ова.
  8. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Nah, не е само нејзина. На половина македонска естрада е. :)
     
    На Afrodite¥ му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    7.433
    Пол:
    Женски
    Искрено, колку и да мечтаам да сум вечно убава и млада... Сепак, сакам да си го видам своето збрчкано лице, својата седа коса, своите остарени дланки...
    Ќе останам млада во душата, поскаувам никогаш да не умре детето во мене...
    Сакам да си ги носам гордо годините!
    (ова со седа коса, ќе биде после 75+, плус)
    Мојата идна свеки има 64 години (извини свеки, што те издадов), но изгледа како да има 45... 20 години помлада!
    Кога зборуваме за шминка, вели дека никогаш не употребувала пудра... Па ниту сега!
    Секој ден вежба и може да се пофали со одлично тело... Шета со својата чивава по неколку пати во денот, а богами сегде оди пешки.. Кога ќе се врати од излегување (само тогаш се шминка), веднаш ја вади шминката и не пати од покажување на брчка плус-минус.
    Се облекува во џинс, маички и шорцеви до коленици... Секако одмерено и со стил.
    Жената ми е пример дека годините се само бројка, но дека треба да знаеш како да ги носиш...
    Често пати на мама знам да и кажам дека треба да се метне на сваќата, зборувам во однос на облеката. Дека може да изгледа кул, не мора да се остави у некој фустан... :)
     
    На BoneMachine и Briar Rose им се допаѓа ова.
  10. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.379
    Интересна тема, се надоврзува со темта за егзистенционална криза.

    Добро е секој да внимава на својот изглед и здравје, но се што се доведува во крајност не е здраво. Како што кажа, доста од симптомите се поклопуваат со нарцисоидност (постојано одобрување и валидација од другите, создавање лажна слика за себе. самољубие итн.).

    Не знам како статитички но предпоставувам дека голем број од луѓето со овој синдром се од повискоите класи на општеството и поголем број од нив се жени (во просек жените посветуваат поголемо внимание на изгледот).

    Баш темава ме потсети на "the beautiful ones". На кратко, Џон Б. Калхун, етиолог, направил серија експерименти во 60-тите. Во тој период имало голема загриженост за пренаселенсот на Земјата па затоа направил експерименит што би можеле да докажат што може да се случи ако светотстане пренаселен. Направил живелиште за глувци и го снабдувал со доволно харана и вода, целта билада дознае што ќе се случи кога ќе го достигнат врвот на населеност. Тоа се случило и различни глувци реагирале на различен начин, некои се напаѓале физички а други се повлекле. Тие што се повлекле се "the beautiful ones" затоа што не правеле ништо друго освен што јаделе, пиеле, спиеле и постојано си го чистеле крзното.

    Мислам дека тие луѓе што го имаат овој синдром се соочени со егзистенционална криза и ова е начинот на кој реагираат. Лошо е што времето е против нив, освен ако не се пронајде начин за да ги направат бесмртни.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Благодарам, мило ми е што имаш такво мислење :)

    Од мој аспект, DGS дефинитивно може да биде поврзано со егзистенционалната криза, најчесто кога одредена индивидуа сфаќа дека наближува одредена "загрижувачка" возраст, како 40, 50. etc.

    Сметам дека стареењето на телото како факт може да ја разбуди свесноста за човековата смртност и колку еден човек се наближува до смртта.
    И покрај тоа што смртта не познава возраст и може да настапи во било кој период од животот, дури и на самиот почеток, сепак староста главно се поврзува со смртта, како достигнување на лимитот на клетночното оштетување кое се случува во нашиот организам.

    Всушност, сите луѓе умираат од моментот кога се родени и лично не верувам баш во изразот стареење, колку што верувам во изразот бавно умирање - разликата е што подоцна се забележуваат последиците од постепеното умирање.

    Инаку, имам отворено и тема за егзистенцијалната криза, можеш слободно и во неа да коментираш;
    https://forum.femina.mk/threads/Егзистенцијална-криза-existential-crisis.29350/

    Логичкото објаснување за твојата претпоставка би го поврзала со фактот што повисоките класи на општеството имаат предност во поглед на имање доволно финансиски средства за да си дозволат скапи козметички третмани, услуги, производи, операции, etc.

    И јас сум слушнала за овој експеримент и имам неколку забелешки за истиот;

    Значајно е тоа што кога достигнал тој момент на пренаселеност, додека сите глувчици сакале да се размножуваат, сите глувци се повлекле со тоа што станале нагло незаинтересирани за активности и размножување и поради тоа глувчиците започнале да ги напаѓаат глувците, и тоа секако резултирало со истребување на нивното глувчешко општество.

    Всушност, од многу поодамна, луѓето биле загрижени за сценариото каде планетата Земја ќе биде пренаселена, и најпознатата теорија за тоа, според мене, е Малтусовата теорија;
    https://forum.femina.mk/threads/Малтусовата-теорија.28260/

    Се согласувам, но за да може човекот да постигне бесмртност, мора да се стави главен фокус на нивото на оштететеноста на клетките и гените. Сепак, тоа е доста сложена постапка и процес и луѓето едноставно ја немаат биолошката структура како некои организми кои се сметаат за биолошки бесмртни.
     
  12. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.379
    Исто така додека ја читав темата се присетив на манифестот на Тед Казински "Industrial Society and its Future" што го прочитав пред скоро време. Според Казински бидејќи во минатото основната цел на луѓето била да преживеат и да создадат потомство, со почетокот на индустриското општество полека исчезнувала таа потреба бидејќи животот станал се поудобен. Со самото тоа што луѓето не се бореле да преживеат останал голем вакуум во животот на луѓето, тој го нарекува тоа "the power process", потреба од цел во животот.

    Порано животот бил предодреден, почнуваш да работиш на млади години, се жениш, имаш деца и веќе на 40, 50 години си спремен да умреш. Сега процесот на созревање е побавен и секогаш има нешто што би сакал да го направиш пред да биде "доцна". Така и со желбата да се продолжи животот што е можно подолго и да се изгледа младолико. Самото модерно општество создава одредена бесцелност кај некои луѓе која се манифертира на различни начини.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @BoneMachine

    Знам и за ова, и всушност ме потсети дека единствената причина поради која знаеме за книгава денес е поради тоа што Kaczynski, кој инаку бил терорист, барал истата да биде објавена и доколку му ја објавиле, тој велел дека ќе се откажал од тероризмот.

    Инаку, се согласувам со напишаното. Мислам дека како што општеството се равивало, така и човекот не само што сакал туку и требал да го продолжува својот животен век.

    И како што сегашното општество се развива, на луѓето кои страдаат од DGS ќе им претставува се поголема тешкотија да се обидуваат да го задржат својот младолик изглед, или додека науката не пронајде друго решение.
     
    На BoneMachine му/ѝ се допаѓа ова.
  14. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.379
    Дури успеале да го фатат после 17 години од првиот напад и тоа со помош на брат му кој го препознал стилот на пишување откако бил објавен манифестот.

    Без разлика на тоа што извршил терористички напади сепак голема проникливост, мислам дека доста прецизно го опишал општеството и некои општествени појави. Сепак бил математички гениј. :)

    Се прашувам ако науката успее да пронајде бесмртност каков ефект би имало брз оние со DGS. Ако вака се прокупирани со самите себе, со тоа маката ќе им се продолжи до бесконечност што евентуално би завршила со поголема лудост па и самоубиство.
     
    На theowndemon и Briar Rose им се допаѓа ова.
  15. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Па мислам дека и главната причина поради која Одделот за правда за согласил да ја објави книгата е токму поради можноста дека некој од читателите да го препознае по стилот на пишување, но и поради грижата за јавната безбедност.

    Со образованието во Harvard и кариерата која ја имал во UC Berkeley, тој факт е без сомнеж ;)

    Доколку хипотетски претпоставиме дека науката евентуално успева да ја открие бесмртноста, сметам дека тоа би имало револуционерен ефект врз сите, не само кон лицата кои страдаат од DGS.
    Меѓутоа, голема е веројатноста дека тоа ќе биде многу скапо и само мал дел од населението ќе може да го дозволи.
    Во ова сценарио ќе има различна реакција на лицата кои страдаат од DGS, од аспект на нивната финансиска состојба.
    Имено, богатите ќе бидат задоволни што ќе можат да си ја дозволат бесмртноста, додека останатите ќе се чувствуваат огорчено на некој начин, со тоа што ќе ги измачува сознанието дека и покрај тоа што постои начин тие да станат бесмртни, тие истиот не можат да го дозволат, така што подобро им било во времето кога знаеле дека бесмртноста сеуште не била откриена.

    Како што завршуваат повеќето драми на Шекспир, така се согласувам со твојата претпоставка за тоа како животот на овие лица би завршил.
     
    На theowndemon и BoneMachine им се допаѓа ова.
  16. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.379
    Со самто тоа што го имаат тој синдром е одраз на околностите во кои живеат кои не биле присутни во скоро цело човечко постоење. Бесмртността никогаш не била присутна кај човекот и веројатно ќе предизнвика реакции. Можеби ќе предизвика уште поголеми егзистенционални проблеми. Во манифестот Казински исто пишува дека егзистенционалната фолозофија се појавила како резултат на модерното општество, свет во кој не се знае дали човекот ќе преживее до следниот месец нема потреба од егзистенционална филозофија.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Самата филозофија на егзистенцијализмот е насочена кон целта, тешкотиите, и насоките на човековото постоење на оваа планета.

    Знаеме дека положбата на човекот во текот на историјата била тешка, но со текот на времето истата се подобрувала.

    Со тоа настаналата т.н. замена на проблемите со кои човекот треба да се соочува во едно општество - односно човекот секогаш ќе биде незадоволен од нешто и секогаш ќе сака повеќе од тоа што веќе го има.

    Езистенцијалната ситуација на човекот се опишува како еднократна, лична и минлива, а лива кои страдаат од DGS се најпогодените од тоа, но не од филозофска смисла, туку од површна смисла надополнета со лажно самовреднување.
     
    На BoneMachine му/ѝ се допаѓа ова.
  18. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.379
    И јас мислам дека е површна и е најверојатно резултат на емоционална незрелост и неисполнетост. Можеби влијание имаат и други фактори кои се резултат на модерното општеството, како на пример распѓањето на семејството или вредности кои лошо се одразуваат врз нивниот живот. Можеби и социјалните мрежи кои создаваат лажна слика. Има луѓе кои изгледаат сосема поинаку во реалноста.

    Докажано е дека семејството игра важна улога во развојот на децата особено машките бидејќи таткото и мајката имаат свои битни улоги. Знам дека во последно време се зборува дека бракот и семејството е конструкција и тоа е точно, но е конструкција со причина која е универзална во целиот свет. Можно е и тоа да биде една од причините која доведува до DGS.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Според мене, DGS е резултат на погрешни и лажни вредности, нарцистички тенденции и неспособноста за психолошко созревање (познато како Peter Pan Syndrome).

    Освен тоа, DGS е манифестација на одбраните со кои нарцисоидните луѓе се служат против времето и гравитацијата, со активно барање на безвременската убавина на младоста. И реално гледано, нарцисоидните лица единствено на ваков начин можат да "возвраќаат" на нешто врз кое немаат влијание и контрола.

    Последиците од овој синдром се депресија и кризи за самоубиство. Во секој случај, би рекла дека тоа е една бесцелна борба со цел да се пополни нарцистичката празнина во болната психологија на поединецот.
     
    На BoneMachine му/ѝ се допаѓа ова.