ДАли сте задоволни од производите на Dove, односно на сапуните за лице? Јас порано користев Dove од краставица и бидејќи имам акни и флеки од нив почна да ми се чисти лицето, но сега несака. Баш денеска купив Dove од Shea Butter па дали некоја од вас го користела и дали има некои резултати од него??
Јас имам еден Dove сапун, ама го користам исклучиво за интимниот дел, не ме пече никогаш како што е случајот со некои други производи, а и мајка ми затоа ми го препорача така што не би знаела да ти кажам за лице како делува.
Денес купив Dove крема за лица,и сум презадовлна од неа.Ваква крема до сега немам користено.ИСто така од Dove имам користено и сапун за лице и од него сум многу задоволна.Во глобала целата колекција ми е добра од Dove..
срцка јас го користам ДАФ овој вториов со плаво пакување и сум презадоволна. користам еден за интима и еден за лице. малку ми се исфрлаше лицето пред да добијам ама откако го користам презадоволна сум и не ми се појавуваат бубулички. поздрав мила А ина4е имам користено и гел за туширање и шампон прекрасни се
И јас ги користам овие два и сум презадоволна Првиот ми го чисти лицето неверојатно , додека вториов го користам за туширање, бидејќи мириса преубаво
Не верувам дека ќе имаш некои посебни ефекти, сепак е ова обичен сапун за миење не е за акни или за избледување на флеки. Инаку ако имаш акни најдобар ќе ти биде тој со пилинг ефект, со ситните зрнца. Тој најубаво ја мие кожата. А за акните и флеките дополнително купи си некои производи наменети за тоа.
После долгото дружење со сапунчињата на Мерима Крушевац, одлучив малку да сменам и купив Дав сапунче. Се одлучив за зеленово со екстракт од краставичка, па да видиме како ќе се покаже. Утрово кога измив лице со сапунов, останав воодушевена - не почувствував затегната кожа, лицето ми беше како да сум го поминала и со крем. Прв впечаток - одличен. Се надевам ќе остане таков.
**Јас го користам овој сапун за лице и прекрасен е, ми го исчисти лицето, ептен е мазно и убаво мириса. **Исто така многу сум задоволна и од дезодорансот, воопшто не се потам
Како долгогодишна корисничка на DOVE сапунот за лице, можам слободно да гарантирам дека е еден од најубавите сапуни. Добиваш чисто, убаво и меко лице. Сега почна да го користи и маж ми, и тој е презадоволен. Друго од Дове немам користено, не знам зошто не сум пробала.
Сапуниве не се поделени за мрсна, сува, нормална кожа. Никаде не пишува, значи нема врска кој ќе го користиш или? Некако нелогично ми е, мора да им ја најдам цаката. Ваљда тој со пилинг е за комбинирана и мрсна, а за другиве не бих знала речи.
Многу им се убави новите гелови за туширање. Кремасти се, со неодоливи мириси.... А, кремот ми е многу мрсен и не ми е нешто посебен.
Порано ги користев сапуните и тоа најчесто тој со пилингот,но откако се префлив на Асодерм увидов дека повеќе ми одговара,па не планирам да ги купам пак. Моментално го користам антиперспирантот и супер ми е,ефикасен е и ми се допаѓа како мириса.Можеби долго време ги користев Рексоната,па ова ми е како освежување,но сепак... И овој крем го имам пробано,но премногу е мрсен за моево лице.
Имам користено повеќе производи на dove, многу сум задоволна од геловите за туширање ги имам пробано и трите прекрасни се. Но овој лосион за тело и кремот за раце права утка..... Многу се лепат... ќе се намачкам и после цела лепам ... незнам зошто така. ... Од стиковите сум многу задоволна моментално го имам овој
Досега не сум го користела ова сапунче за лице, туку тие за хидратација, за пилинг и слично. Добро ли е ова? Се заљубив во мирисот