Видов што е тоа на Википедиа и морам да признам дека ми е многу интересноОвде кај нас во Македонија мислам дека во Скопје во продавницата Sewa за индиски сувенири може има нешто такво,а во другите градови не верувам дека ќе најдеш.Ти го препорачувам овој линк можеби има нешто за продажба на dreamcatcher: DreamCatcher.com Среќно!
Бруклин со години си го поставувам прашањево, ама ете за жал не сум се сетила да отворам тема на форумов околу ова конкретно. Патем, морам да те разочарам бидејќи вакво нешто тешко да има. Не знам дали ќе ми веруваш, ама јас пред две години буквално цело Скопје го превртев и ама баш никаде не најдов. Дали таков беше периодот, или навистина никогаш немало нешто такво во продажба немам поим. Ма не антикварници, пазари, индиски, кинески продавници, буквално секаде пребарав и не најдов. Дури се сеќавам дека продавачите чудно ме гледаа кога фаќав да им објаснувам што поточно е тоа и каква е неговата намена. Една продавачка пак, од индиската продавничка, после еден час очајни обиди за објаснение се сеќавам ми рече нешто у стил као ,,па што ќе ти е тоа девојче, ти не си вештерка'' На крај се изнервирав и решив да почнам да гледам туторијали на јутуб, собирав материјали и одев постапно. Но, за жал, исходот од сето тоа беше еден куп замрсени конци кои повеќе потсетуваа на некоја исчупана коса од кукла спремна за вуду магија. Ни приближно не потсетуваше на она што треба, и на крај видов не видов го баталив. Оттогаш досега немам побарано, а ни видено некаде.
Вале не знам зошто не си нашла, јас во Сева продавничкана порано на плоштад што беше имам купено. Сега е на рекорд, па проверете дали уште има.
Сање знам за која продавничка зборуваш. Тој период како низ магла ми е, ама се мислам дека и таму влегов да прашам зошто скоро и да не постоеше место, без оглед на тоа дали станува збор за тезга или продавничка каде немав прашано. Ти кога го купи иначе? Баш ме стави во мисла сега.
Шо знам Вале кога точно беше, уште пред да се префрли на Рекорд продавничето. Секакви ги имаше, различни величини и бои. Имав видено и во едно индиско продавниче на крај на ГТЦ, му доаѓа карши Соравија ама гледа накај улица. Ама објаснив... Сега продавничето не знам дали е префрлено на друго место, ама мислам дека знаеш за кое зборам. Ако има некој информација дали е скроз затворена продавницата или само префрлена, нека не извести.
Охоо година сигурно има, може и повеќе. Ама па и пред да го земам во Сева стално имаше, оди на Рекорд провери си, мора уште да има. Иначе јас не ја знам точната поента на овие, само интересни ми се по дома да ми висат.
Dreamcatcher служи за фаќање на лошите соништа на тој којшто спие и затоа се закачува над креветот и служи како мрежа за фаќање на лошите соништа.Ги има во различни бои и се по потекло од Индијанците,ние од нив сме ги преземале.Имаат магиско својство со тоа што фаќаат лоши соништа,служат за еден вид на магиски ритуал за фаќање на лошите соништа.Можеби навистина имаат влијание,па затоа мислам дека вреди да се пробаат,а плус и во различни бои ги има,па и за око се убави за гледање.
Ако добро се сеќавам, овие имале функција на амајлии од некој вид. Ги “фаќале“ лошите соништа на домашните, со тоа што се “заплеткувале во мрежата“, а ги пропуштале позитивните соништа од крукчето на центарот, надолу преку пердувите до личноста којашто спие.
Кај мене не влијаат значи... Да не треба да го исперам во машина, да го исчистам од веќе заплеткани лоши соништа па да проработи? Интересно стојат искрено, мене ради тоа ми се допаѓаат.
Во право си Тес, таа му е намената. Инаку, јас не верувам дека еден ваков плет (иако невообичаен), поседува магиско дејство. Бидејќи, пред се` иднијанците тие ги изработуваат рачно, се со цел да бидат добро запазени пропорциите кои се мошне важни за да биде доловен ефектот. Овие што ги продаваат по продавнички се само имитација и служат како украси. Единствено изработката е убава за очи, и ништо повеќе од тоа.
@Sanjichka007 стави си едно такво закачено на ѕидот над креветот на којшто спиеш,па сигурно тогаш нема да сонуваш лоши соништа!
И јас барав барав којзнае колку време, не дека верувам, за украс во соба си барав. Една девојка рачно изработува накит, а и дримкечери, па си порачав каков што си замислив. Мојот воопшто не е како тие оригиналните, изработен е со бела чипка, бели пердуви и бисерчиња, многу е нежен, ама впечатлив и оригинален. Ќе го сликнам подоцна.
Да. И на материјалите кои ги користеле. Се` си имало свое значење. И искрено кога би купила, би го купила од естетски причини, како украс, затоа што на изглед се навистина убави. Инаку, кога одам на одмор, обично, во секое продавниче ги има.
А оти не пробате да си направите сами кога веќе не можете да најдете? Има еден куп туторијали на јутјуб, дури има и за плетење на оние мрежите во внатрешноста. Јас направив, не е совршен, ама уште еден ќе направам и знам дека добар ќе биде. Се што ви е потребно се обрач (јас имав тенка жица) , две врсти на конци - еден за да го замотате обрачот, другиот конец за во внатрешноста, пердувчиња и за во средината можете да ставите помал обрач.
И јас неможев да најдам, па дома си направив.. не е баш нај нај, ама ако.. Следниот пат ќе се обидам подобро.