Елена Пренџова (1985, Скопје) е дипломирана професорка по англиски јазик и книжевност. Авторка е на четири збирки поезија: „Живот под ѕвездите“ (2013), „Пораки од морето“ (2011), „Таа“ (2009) и „Јас“ (2006). Ја приредила антологијата „Антологија на младата македонска авангардна поезија“ (2012) и е дел од заедничкиот труд како член на консултантскиот тим за превод на првиот англиско-македонски „Хип-хоп речник“, на авторите Славчо, Александар и Емилија Ковилоски. Застапена е во неколку македонски антологии и во странската периодика, а песните ѝ се преведени на албански, бугарски, полски, српски, руски и украински јазик. Гостувала на меѓународни поетски фестивали, поетски читања и поетри слемови. Добитничка е и на прва и специјална награда „Ирин Пирин“ на Мелничките вечери на поезијата во Бугарија (2011 и 2007), награда „Бели мугри“ за најдобра поетска збирка на млад автор доделена од Домот на културата „Кочо Рацин“ (2011), награда „Македонска книжевна авангарда“ за необјавената збирка „Живот под ѕвездите“ (2012), награда „Најдобра поетеса“ на Првите регионални поетски средби во Брчко, БиХ. Членка на Друштвото на писатели на Македонија и една од уредниците на книжевното списание „Современост“. Oва е нејзината биографија. Мене нејзината поезија ми се допаѓа. Вас? Сте читале ли? Какво мислење имате за поетесата?