1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Eмоционално недостапен

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од un.lucky, 2 јуни 2013.

  1. un.lucky

    un.lucky Активен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    здраво девојки, се наоѓам во голема дилема, па се надевам ќе ми помогнете. Веќе 5 месеци се гледам со еден тип. Се почна како зафрканција и никако не требаше да трае волку долго. Тој е познат како bad boy во град, во тој период и мене ми требаше некоја занимација, па си реков, секако нема да трае, зошто да не. Но еве како што кажав, се гледаме 5 месеци, премногу се зближивме, на ден се слушавме по 10 пати, разговори од по 1час, при секоја прилика се гледавме (но не јавно), најблиските наши знаат дека сме заедно ( а и цел град, нели никако официјално), сме имале неколку караници и во никој случај не беше подготвен да ме изгуби, ми даде до знаење дека навистина му значам, значи бевме нешто како во врска, ама никако официјална. Проблемот е што мислам дека почнав да имам чуства за него, а последнава цела недела нема ни трага ни глас од него. Го прашав неколку пати што му е, тој велеше се е ок. Од кога решив да ставам крај со него, зошто сета таа ситуација ми смета, нормално, тој ми објасни дека му требало простор бидејки никогаш не бил со девојче повеке од 1месец, а со мене интензивно се гледал 5 месеци и му требало време да се навикне да сето тоа, да се вратат работите во контрола, и ми наподена дека несака да ме изгуби, туку сакал работите да продолжат како што се сега, лабаво и да знаат тие што треба да знаат. Мојата дилема е дека иако и јас сакам сега за сега работите да останат вака, тоа не значи дека по некое време нема да сакам да бидам во врска, а знам дека тој нема да биде спремен. Незнам дали да разговарам со него отворено и да му кажам како се чуствувам (иако гордоста ми е до небото), дали да прекинам се додека е со време и да не губам време или незнам веке што :( HELP!!!
     
    На tinan му/ѝ се допаѓа ова.
  2. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Eмоцијонално недостапен

    Јас да сум на твое место би разговарала со него, би му кажала се што чувствувам, верувај дека гордоста нема ништо да ти донесе, само можеш да изгубиш и јас бев таква ама сфатив кога тоа ми се удри од глава. Значи кажи му што чувствуваш и остави му време да размисли он што сака, и кога ќе знае на што е да ти каже.
     
    На un.lucky му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.371
    Допаѓања:
    17.513
    Пол:
    Женски
    Eмоцијонално недостапен

    Аии каков изговор, морал да се навикне, прв пат одел со девојче повеќе од 1 месец, бла бла, мижи да ти баам, зар уште верувате во такви работи :^)

    И не е емоциЈонално туку емоционално.

    И не само емоционално туку почнал и физички да ти е недостапен.
     
    На glosipgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.275
    Пол:
    Машки
    Eмоцијонално недостапен

    Знае што си почнала да чувствуваш за него. Затоа така ти прави.

    Таквите не се способни да сакаат. Они сакаат да поседуваат и контролираат.
    Или мразат или се плашат од жени. А со мајка му каков е? И дига телефон во секоја ситуација или ич не се напиња. Среќен бил како дете? Го сакале мајка му и татко му?.....

    Си знаеш што треба да правиш ;)
     
  5. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    Eмоцијонално недостапен

    Дали е можно да се наоѓаме во иста ситуација девојко моја ?! :o :o Само ова моево не е 5 месеци туку 2. Бед бој ама чувствуам дека тој ја гледа како врска без обврска а јас мислам дека се заљубиииив.... цело негово друштво знае дека се плеткаме заради тоа уствари и јас излегувам со нив...знаат и моите другари и многу луѓе околу...а уште на почетокот кажа дека нее сака обврски...Fucked up situation ....
     
  6. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Eмоцијонално недостапен

    од бед бој не можеш да очекуваш ништо добро-а твојава приказна ме потсека на мене пред некои си две години-(тогаш паметот ми леташе) и откако конечно раскрстивме-во тоа ми помогна еден бивши-му се закани дека ако уште еднаш ми се јави, полиција дома ке му дојде гласот ептен сериозен му беше:D поверува типов и го снема :!: неколку пати го сретнав на улица по чиста случајност ама му дадов до знаење дека не сакам ништо да имам со него-а животот хаос-и нормално него му беше тешко
     
  7. un.lucky

    un.lucky Активен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    добра е, не сум била само јас во ваква ситуација :D и сега што правиме со fucked up situation? напуштаме или ја мењаваме играта :D
    да, но најмногу ме чуди што и тој воопшто не беше рамнодушен на мене, и верувај, контролата во никој случај ја немаше, а и не си дозволив да му покажам дека чуствувам нешто повеке за него. на многу начини ми покажа дека е ептен "затрескан" по мене и воопшто не ми е јасно што стана БУКВАЛНО преку ден :^)
     
  8. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Eмоцијонално недостапен

    Па како би си заљубила ти во него ако не ти прави вака? тоа е финтата прави се за да се заљубиш,после го снемува,јас знаеш песната волкот глумел јагненце а :D .
     
  9. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    Eмоцијонално недостапен


    Епа драга не знам што правиме...јас се заљубив...страв ми е да го испуштам и трпам некои работи кој во нормална ситуација не би ги трпела...ама страв ми е да го изгубам. Свесна сум дека моево не чини а ни неговото ама отсекогаш ми бил ТОЈ најпосакуваниот...сега донекаде го добив и не ми се пушта
     
  10. un.lucky

    un.lucky Активен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Eмоцијонално недостапен

    колку добро те свакам. еве уште еднаш покажав сила, малку блефирав :D спремна бев да ставам крај, ама пак ме побара, 'уште не бил спремен да ме изгуби'. па ке оди ова моето до кога може, па за понатаму ке се мисли :)
    само еден мој совет ке ти дадам, зошто не се наоѓам по прв пат во ваква ситуација, процени колку те цени и сака покрај него, само ти го знаеш тоа најдобро, и верувај, ако не добиваш никаков повратен одговор од него, или не го добиваш тоа што го сакаш, не вреди, на крај само ти ке бидеш повредена. јас бев, и изгубив 2 години.... GOOD LUCK :*
     
  11. ivanna27

    ivanna27 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    3
    Eмоцијонално недостапен

    а зошто си го губите времето со некој што не знае или не е сигурен што сака?? кај мажите пали тоа да го откачиш на најкултурен начин... и ако те побара и сака да бидете заедно ама ЗАЕДНО(дечко -девојка) тогаш векје е друго 20...а вака само непотребно си го губите разумот и, срцето и секако времето на личност што може и да не вреди толку...сепак Вие си знаето...но од лично искуство пробајте да го искушате па ке го дознаете неговото вистинско лице
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  12. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Eмоцијонално недостапен

    Остави ги,некои девојки уживаат да бидат предмет на зезање,понижувани,садо мазо итн,ама дај боже да ви биде како што вие сакате,да не биде по некое време кукање,лелее како сум можела во кретен да се заљубам итн.

    “Сакав да бидам сакана и да сакам. Долго време го чекав принцот,за на крај да налетам на коњот. И добро ќе беше, коњот да останеше коњ, без да мутира во ѕвер.

    Го запознав далечното лето 1988. Имаше кадрава,плава коса која паѓаше над рамениците, сиво-зелени сафири и совршена носна коска. Тераше хипи филм,иако за хипиците премиерата одамна станала минато,но Тoдор ги обожуваше репризите. Ви кажувам од искуство.

    А почетокот ни беше бајковит,романтичнa комедија. Секогаш внимателен, како вистински кавалер ми го тргаше столот пред да седнам,ми се јавуваше по дваесет и четири пати на ден,ми пишуваше љубовни писма и секој понеделник ме изненадуваше со некаков подарок. Некогаш на памет ми паѓаше дека тој е непоправлив папучар, а јас ги сакав лошите момци. Но како некој не ми ги скрши розевите очила,да видам колку реалноста е сива и каков глумец наврел маска на ликот. Нормално,времето ги лечи раните,но ја открива и вистината, зашто секој волк во јагнешка кожа не може долго да глуми човекољубец,кога поривот за месо е посилен од неговата свест.
    Јас се уште сум заљубена,тоа не го одрекувам. Но нашата љубов долго се прикрепувала на стаклени нозе,што на крај, во воената битка и јас ја изгубив едната. И да се навратам на најважното…
     
  13. un.lucky

    un.lucky Активен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Eмоцијонално недостапен

    се согласувам со тебе дека треба да се искуши, ама нели за се има вистинско време? :) мажите се "глупави" и незнаат секогаш што сакаат, па понекогаш дирекно прашање во погрешно време може само да ги исплаши.понекогаш однесувањето кажува многу повеке одколку даден одговор.timing is everything :) во секој случај, ова е само мое мислење :)
     
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.048
    Пол:
    Женски
    E де жив човек. НЕ си ни прва ни последна која се заљубила во погрешен ... така се расте и созрева. Едноставно се`уште се бараш себеси, која си и што и кој ти е потребен во животот. Не мора одма навреди кон девојчето. Таа не тепа, не мачи некого ... засакала...
     
    На Izaabella и un.lucky им се допаѓа ова.
  15. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    колку добро те свакам. еве уште еднаш покажав сила, малку блефирав :D спремна бев да ставам крај, ама пак ме побара, 'уште не бил спремен да ме изгуби'. па ке оди ова моето до кога може, па за понатаму ке се мисли :)
    само еден мој совет ке ти дадам, зошто не се наоѓам по прв пат во ваква ситуација, процени колку те цени и сака покрај него, само ти го знаеш тоа најдобро, и верувај, ако не добиваш никаков повратен одговор од него, или не го добиваш тоа што го сакаш, не вреди, на крај само ти ке бидеш повредена. јас бев, и изгубив 2 години.... GOOD LUCK :*[/quote]

    Ме цени..верувам во тоа...и неверојатно ни е убаво додека сме заедно...само од негова уста немам чуено ништо во врска со нас....се гледаме скоро секоја вечер ме носи секаде наоколу со него со неговото друштво а не ми дозволува да го однесам малку на моја страна со моите другари.... поголем е 5 години и можда тука е некоја пречка, но не знам.... така си рековме на почетокот дека не сака обврски...мене тогаш ми беше сеедно само да го имам...рековме вака ни е убаво вака ќе биде...до каде до таму.. ама јас почнав да летам и секое вимание ми е малку жедна сум за уште...
     
  16. glosipgirl

    glosipgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    426
    Тој не е емоционално недостапен, суровата вистина е дека не е достапен за тебе или е само незрел. :^) Можеби со тебе се плетка подолго време, а не сака да бидете заедно затоа што под:
    а) сака да има слободен избор, повеќе опции (а ти како резерва кога нема да најде друга) и само те залажува за да му се најдеш во "тешките" моменти;
    б) не сака да се вплеткува во нешто сериозно затоа што има проблеми (сериозни проблеми, болест, има многу обврски, психички проблеми, млад е, работи, итн..).
    Но жените, се повеќе сакаат да веруваат во втората опција, затоа што ни е помалку веројатно дека тој не е заинтересиран. Маж кој што е заинтересиран, ќе направи се' за да бидете заедно, нема да му биде гајле за околината, настаните и што ли уште не. Си се заљубила, те разбирам. Но, времето лечи се'. Што? Се плашиш дека ќе поплачеш 1-2 дена? Или можеби недела? Подобро неколку дена да бидеш тажна, отколку цел живот да се каеш! Верувај, поминав низ ова. Уште се опоравувам. А можеби не се работи ни за љубов, туку за опсесија. Така да, мој совет: бегај побрзо од типов! Сака само да си го направи ќеифот и да нема никаква обврска кон тебе после тоа. Зарем би сакала да бидеш со човек кој што не ги става твоите потреби на исто рамниште со неговите? Можеби сега ти изгледа дека тој се грижи за тебе и дека те сака, но, вистината е дека човек кој те сака ќе сака да биде во твоја близина, ќе сака врска со тебе, исто така ќе ги почитува твоите желби и ќе се јавува да праша каде си и како си ,наместо ти да се замараш зошто тој исчезнал неколку дена. Зарем не се почитуваш себеси доволно, за да ставиш крај на оваа "врска" која што не е ни вистинска врска. Стави крај. Излези посилна од сето ова. Ќе најдеш некој друг, далеку подобар, а дотогаш сконцентрирај се на себеси. Прави го она ти што сакаш да го правиш. Имаш цел живот пред себе! И не е крај на Светот! (Иако неколку пати не излажаа дека ќе има крај :lol:) Ти посакувам среќа! :*
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.