Еуфорија, новата серија што испадна во 2019 година, оригинална на HBO GO. Се работи за Ру, средношколка која само што се враќа од рехабилитација поради предозирање, но нема намера да остани чиста. Серијата ги следи животите на нејзините пријатели и се што се случува во нејзиниот свет. Некои од нив се: Џулс, транс девојка која се обидува да се најде себеси; Кеси, чиe сексуално минато ја прогонува; Кет, која има несигурности за своето тело и си ја истражува сексуалноста; Нејт, кој има огромни проблеми со нервозата, а воедно и сексуално фрустрации. Серијата е многу графичка, и се фокусира на злоупотребата на дрогата и како таа влијае на луѓето, анксиозност, депресија, денешниот тинејџерски свет полн со дрога и алкохол, социјални медиуми, сексуалноста и многу други работи. Актерката и пејачката Zendaya ја глуми главната улога. Мене лично многу ми се допадна, едвај чекам втора сезона. Серијата шокира на моменти, можеби не е за секого. Но сценографијата, музиката, глумците; мислам дека се е врвно. Еве трејлер, што мислите вие?
Не знам како до сега не ја знаев серијава. Случајно вчера ја пуштив, и еве денес ја завршувам. 10/10 од мене.
Леле со душа ја чекав серијата! Многу добра серија и според мене многу добро ги покажува поголем број карактери и типови на тинејџери кои што постојат во нашето општество и како се тие справуваат со нивните проблеми. Ако некој го интересирс втората сезона може да ја гледаат на MyFlixer ( ама нема превод на српски или мк )
Одлична серија ,која ја изгледав во еден здив. Сега втората сезона со душа ги чекам новите епизоди. Иако најновата епизода ми беше малку досадна морам да признаам. Но воглавно е одлична серија која го задржува вниманието.
Пре добра пре, посебно последнава епизода во понеделникот врв. Некако серијава си има свој шмек, многу креативна динамична и не е како сите останати серии.
Euphoria почнав да гледам откако започна втората сезона. Првата сезона ја изгледав во еден ден и можам да кажам дека имаше ептен солиден почеток, но како што доаѓаше крајот, некако ко да ги одолговлекуваа работите, колку само да пополнат осум епизоди. Втората сезона исто така ми се допадна како почна, меѓутоа после втората епизода, ептен mediocre стана со исклучок на петтата епизода. И сега пред последната епизода размислувам што битно се случи сезонава и ништо не ми доаѓа на ум. Буквално сезонава живееше на славата на првата. Нема да негирам дека актерската екипа е одлична и дека имаат голем удел во серијата, меѓутоа приказната е стварно млака. И по интернет читам теории дека намерно е вака направена за да делува ко Руе додека раскажува да има дупки во сеќавањата, меѓутоа по интервјуата на актерите, мислам дека пола и повеќе од екипата не е во добар однос со режисерот и за време на снимањето имало многу несогласувања кои довеле до тоа сезонава да е без врска.
Мене баш не ми се допадна. Ја почнав со оглед дека голема фама се крена околу серијава, но ја прекинав. Премногу хаотична за мој вкус.