Здраво, сакам да работам од дома. Досега сум слушнала за овие две компании па ме интересира искуство дали некој има работено со нив и како сте (не) задоволни
Транском се супер компанија и доста флексибилни во поглед на работно време, саати итн. Ако си со германски јазик, уште пофлексибилно ќе ти биде зошто секогаш се бараат нови агенти. Има проекти кадешто можеш и од дома да работиш има и кадешто можеш од канцеларија. Јас кога работев бев првата година дена од канцеларија оти ми беше блиску и интересно после си се префрлив целосно дома, околу година ипол работев така.
Во Транском работеа 2 бивши колеги, кажаа дека биле на договор на дело и катастрофални услови,имале проблем и со осигурувањето.