Вчера официјално се отвори првата продавница во Ист Гејт, наскоро би требало во Сити Мол и Тетово. Станува збор за фирма која нуди инересни и практични ситници за дом, играчки за деца и миленици итн. https://seenews.com/news/flying-tiger-opens-first-w-balkans-store-in-skopje-1283666 https://flyingtiger.com/ Доколку некој бил на отварањето нека сподели нешто повеќе
Им се спремам да отидам и јас деновиве, имам купено од странство ептен практични и убави работи, ден денес си ги користам и носам.
Бев јас, ама ми се стужи од тикви и печурки искрено. Би наминала пак дури кога ќе им помине Halloween сезоната. Си купив блокче со хартија за акварел (преубави им се), некои свеќници стаклени што ептен ми се вклопуваат во декорот дома и толку. Се знае кога ќе се отвори дуќанот во Сити Мол?