Fulllips е нов производ на пазарот за зголемување усни во вид на печат е што ги вшмукува усните и за момент стануваат поголеми не сум информирана колку трае тоа , но дали вреди да се проба ? Некој да го користел , искуство да сподели ? http://fullips.com/ повеќе информации http://www.aliexpress.com/item/Full...l-Medium-Large-Free-Shipping/32308552188.html
50$ за тотална глупост! Никогаш не би го купила ова. Што ли се нема да измисли очајниот женски мозок, со оправдување дека за убавина се трпи се. Како па да не, лук и вода. Не беше доволно нели, она нападното прецртување на усните неколку милиметри над самата усна линија, па ајде и ова, демек не видовме доволно примери за тоа како НЕ треба да изгледаат усните. Гледав видеа за како се употребува и ефектот кој го дава, онака од љубопитност и колку да се потсетам повторно, зошто не би го купила никогаш. Девојките во усните се како некој аматер да им вбризгал силикон, усните се тотално здрвени како избоцкани со ботокс и апла се познава дека се вештачки. Решението е едноставно - ако не ти се допаѓа изгледот на усните, оди на третман и стави ботокс или силикон, а не овие детски глупости. Пролетва очекувам добри смешки со глупиов изум, иако веќе ги има во изобилие по Интернетот.
Знам за нешто слично на ова, се вика Liptiful и ја има истата намена, но доаѓа во поинтересни форми. Чини околу $30, и овие од Fullips се $20, а на AliExpress/eBay може да се најдат и за $10. Сепак, не би дала ни толку за ваков „револуционерен“ топла вода изум. Нормално е дека ако шмукаш нешто ти се забрзува циркулацијата, внесуваш повеќе кислород во тој дел, и усните ти се зголемуваат. Ако сакате да пробате побарајте нешто со слична форма по дома, шише со поголем отвор, капаче од кармин или некој друг козметички производ, било што што има форма на цевка, шмукајте минута-две, и верувајте ќе го добиете истиот ефект (пробав ). Ефектот е налик отеченки усни што можете дополнително да ги зголемите со nude моливче и траат саат-два. Што направи оваа Кајли Џенер, секојдневно гледам девојчиња со усни нацртани до под нос во некоја безживотна, темна боја. Абе стави си црвен кармин да те види Господ (за секој има соодветна црвена нијанса, тоа што многумина си ја немаат најдено е друга тема на муабет)
Изгледав многу видеа за ова, и навистина дава ефект, иако краткотраен, меѓутоа јас мислам дека е штетно затоа што од многу користење може некој капилар да пукне. Толку влечење и вшмукување не е океј, јас пробав со чашка за ракија и ме болеше, а не па со ова 30 секунди, ќе ми пукне устата.
@Haritiela јас такво нарачав од една другарка и овие денови треба да го земам, се надевам дека добар ефект има ќе ви пратам слики како делува
Јас ги имам. Но, има разлика од оригиналните што се нарачуваат на официјалната страна на фејс и до оние од алиекспрес и ибеј, е сега поефтини ми беа на алиекспрес и од тие нарачав. Најпрво на усните им треба ексфолиација, потоа да бидат добро хидрирани и да имаат лабело на нив, и се шмука, на овој начин ефектот би бил околку час и повеќе. А додека пак начинот на кој пробав јас директива од кесичката ниту измиени и исчистени ниту ништо си добив само инфекција.. во глобала за оние што неможат да си дозволат силикони или ботокс, се совршени, мое мислење.
Се извинувам за напишаното во спојлерот, ама јас не сум јас ако не си кажам. Спојлер После оралка, усните изгледаат исто како да сте го употребиле ова. Или во превод, кога ќе видам девојка со отечени муцки, мислам дека 2 саати пушела. Или у поблага верзија, некој и удрил една по муцки. Не знам дали е во ред од здравствен аспект ова, а и која е целта - дак фејс на сликите? Толку е тоа застарено, глупаво, немодерно. Како и да е, не сме сите 15 годишнички, па можеби за нив ова е прифатливо. Еве, имаме машки на форумов, нека пишат на што ги потсеќаат потечени усни кај девојките
Со fullips не можат усните да ти бидат модри освен ако не го користиш претерано Јас го имам и го користам и навистина ги прави дебели и големи усните. Инаку од aliexpress.com го порачав
Сакав да прашам..од како ќе ги направите така полни усните колку време ви траат така?Немам досега користено Dollips,Fullips..И која е разликата на траење кога ќе ги направиш со обична чашка или со Fullips?(Јас имам пробувано со обична чашка но по неколку минути ми се сплакнуваат усните пак )Од кое подолго траат усните полни?
Немој со обична чашка никако! Ке ти пукнат капиларите и цела ке си модра од чашка... не знам која е разликата баш ваљда во тоа од што и како е направен fullips... Јас ретко го користам бидејќи и немам некоја потреба и искрено немам приметено колку траат но мислам дека околу 2 часа највеќе до сега ми стоеле Еднаш до два пати во месец го користам бидејќи имам големи усни и не ми е нешто многу потребно.
Fullips се вика. Незнам зошто го сакаш кога можеш и со малку техника, карминче и моливче да добиеш ефект на голема усна. Кај секого различно делува ефектот. Кај некои 2 часа, кај некои 1 час. Нема врска почетничка, за тоа не треба техника.