FWSK моден викенд Скопје

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 21 октомври 2010.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.270
    [​IMG]

    http://www.fashionweeks.mk/

    FWSK се отвара со изложба на фотографии од книгата на Иван Родиќ (Yvan Rodic) Face Hunter (Hardcover) во Националната галерија на Македонија, Мала Станица, во Скопје. Книгата на Родиќ својата светска промоција ја доживеа во париската концептуална продавница Колет (Colette) во јануари оваа година. Родиќ воедно е и гостин на FWSK и на 28 октомври тој ќе ја промовира својата книга и ќе оддржи предавање за поврзаноста на уличната мода и блогингот наменета за студентите од факултетите за арт и дизајн но и за сите оние кои сакаат одблиску да се запознаат со работата на овој млад човек чии фотографии денес можат да се најдат во светски познатите модни магазини ELLE, Vogue, Cosmopolitan, GQ а воедно се објавувани во Јапонија, Америка, Данска, Германија, САД и во други земји.
    Во Националната галерија на Македонија ‘ Мала Станица’ во Скопје ќе се одржат и две модни презентации на кои ќе се претстават колекциите на Belgrade Workshop од Србија-група на четири млади дизајнери кои во Скопје доаѓаат по модните ревии во Љубљана и настапот на Athens Fashion Week, како и модната презентација на Јована Филиповиќ.

    На ревиите кои ќе се одржуваат од 29-ти до 31-ви октомври во салонот на Ауди, Порше во Скопје презентираме млади и етаблирани дизајнери и модни куќи.
    Ревијскиот дел се отвара со ревија на студенти од факултетите за арт и дизајн поддржана од Пелистерка и доделување на наградата за најдобар млад талентиран дизајнер. По неа следи ревијата на новиот македонски бренд Стилисимо а вечерта ја затвора Елена Лука. На 30-ти ќе можат да се проследат ревиите на Емилија и Елена Давиткови поддржани од БиМилк, ревијата на Роберт Ивановски како и промоцијата на модната колаборација помеѓу FWSK, брендот HP и дизајнерката Олгица Ѓоргиева по која следува ревија на Ѓоргиева поддржана од овој бренд. Последниот ден се бидат презентирани модните ревии на Кокев-Кадриу, Александра Митковска и Росица Мршиќ.

    FWSK партнер за фризура е VITALITY'S (VITALITIS) а на настанот ќе бидат ангажирани тимови од фризерските студија Весна 501, Арт на Сретен Костиќ, Вог и Елена Лука од Скопје како и студио ПартиНова од Струмица и студиото Трезор од Кавадарци.
    Официјален партнер за шмика е Max Factor, официјални фотографи се AD Photography, моделите се од модната агенција Подиум како и од неколку други модни студија, пратнер за обувки е ГРАФИТИ.

    [​IMG]
     
    На frutini му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.352
    FWSK МОДЕН ВИКЕНД СКОПЈЕ 26-31.10.2010

    Конечно! Редно беше да има ваков настан и во Македонија!
    Мора да се оди.
    Штета што е само од 26 до 31. Сакаме повеќе. :!:
     
  3. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.270
    FWSK МОДЕН ВИКЕНД СКОПЈЕ 26-31.10.2010

    Најплатените македонски манекенки со интернационална кариера Мартина Павловска, Катарина Ивановска, Ана Клекачовска и Маја Сашек поради своите ангажмани на модните недели во најпознатите модни центри како Њујорк, Милано, Лондон и во Париз нема да продефилираат на неколкуте ревии на претстојниот Моден викенд што по третпат ќе се одржи во Скопје.
    - Во моментот во најпознатите модни центри во светот се случуваат најголемите модни недели, се снимаат каталози во кои учествуваат и нашите манекенки кои заработуваат големи суми по ревија и сигурно не би сакале да ги пропуштат овие модни настани - вели Данијела Симоновска организаторката на Модниот викенд во Скопје.
    Таа додава дека модниот викенд ќе биде збогатен со млади лица и неколку фриленс-модели, како Валентина Танушева и Ивана Гелева, која учествуваше на двата претходни модни викенди и се најде и на најавните плакати.
    Симоновска посочува дека на Модниот викенд ќе настапат околу 40 млади манекенки и 4 манекени од модните агенции „Подиум“, „Моделс ин“, кои во изминатите пет месеци посетувале курс кај познатата ексманекенка и кореограф Ирина Догаџинска.
    - Со модните недели што се одржуваат двапати годишно се обидуваме да создадеме една нова модна сцена што ја заслужува Македонија, и да го затвориме оној магичен круг на импровизирани или на отсуство на модни случувања - коментира Симоновска.

    Извор ШПИЦ
    http://www.time.mk/read/3d06c1ab68/4a06763bcf/index.html
     
  4. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.270
    Лед-бајка на Филиповиќ

    На отворањето на Модниот викенд-Скопје, во средата (27.10.2010) во "Мала станица", најмногу одушеви модната инсталација на Јована Филиповиќ, една од најнадежните млади дизајнерки кај нас. Внесе свежина и направи чекор напред со својата уникатна и смела колекција "ЛЕД дизајн".
    Поради употребата на електронски додатоци ќе има малку поинаква презентација.
    -Промоцијата беше замислена како изложба, односно еден вид светлечка инсталација, каде што се изложени моделите и модните додатоци. Моделите претставуваат продолжение на мојата дипломска колекција, од која ќе имам изложено неколку модели, а ќе има и нови парчиња како здолништа, фустани, шорцеви и слично. За разлика од претходната, оваа колекција е доста понослива зашто електронските додатоци ќе бидат независни од облеката и модните додатоци- вели Филиповиќ, која на 31 октомври ќе има свое претсавување и на Модната недела во Белград.
    Јована има дипломирано моден дизајн на "Академија Италијана", а зад неа се неколку презентации на годишните ревии на школата во Скопје и Фиренца.
     
  5. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.270
    Пелистерка нова форма!
    Пелистерка, Трето Уво и Бекстејџ отпочнаа интересен проект.
    На 10 млади неафирмирани креатори, студенти на факултетите за дизајн им беше доверена задача да создадат вечерна тоалета инспирирана од новото шише на Пелистерка.
    Тие беа презентирани на овој моден викенд 8)
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    и победникот Алмир Ибраим
    [​IMG]
     
    На stewart му/ѝ се допаѓа ова.
  6. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.270
    STILISIMO

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Парчиња гардароба за секојдневна употреба. Ништо ново, ископирано, пола работи веќе ги има низ сите продавници. Тие чевли што ги носат јас пред 2 години исти такви црни со машна ги купив од Биана :^) Не дека не ми се свиѓаат моделиве, ми се допаѓаат за секојдневно носење, ама јас сепак под нова колекција сметам дека треба уникатност.
    Ова е веќе видено...
     
  7. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.270
    ELENA LUKA

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Gargamel и butterfly.mimi им се допаѓа ова.
  8. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.270
    Мора да ги доставам последните слики од ревијата на Елена Лука
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    СЕКОЈА ЧЕСТ :clap:
    Над 100 креации содржеше ревијата на Елена Лука. :clap:
     
    На Gargamel и butterfly.mimi им се допаѓа ова.
  9. anima

    anima Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    268
    FWSK моден викенд Скопје 26-31.10.2010

    Преубави се креациите на Елена Лука,неколку пати ги погледнав,навистина одлично,ми изгледаат баш светски.
    Мене ми е криво што неможев да отидам денес на ревијата на Олгица Ѓоргиева.
     
  10. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.270
    ДУМА

    Близначките Елена и Емилија Давиткови, кои работат под името „Дума“ ја отворија втората вечер (сабота) со колекцијата The Beginning Of Modern-Day Gomorrah - инспирирана од најпопуларните вечерни забави во 70-тите и раните 80-ти години.
    - Појдовна точка ни беше времето на познатото „Студио 54“. Тој локал го сменил начинот на кој луѓето се забавувале. На едно место собирал славни уметници и ексцентрици, што беше предизвик за нас. Колекцијата содржи впечатливи модели наменети за вечерни излегувања. Тие даваат андроген и смел секси изглед - велат тие.

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Gargamel му/ѝ се допаѓа ова.
  11. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.270
    Robert Ivanovski "R"

    Талентираниот дизајнер Роберт Ивановски кој веќе се наметна на модната сцена со својот готски имиџ. Овој пат инспириран од 80-тите години ќе се претстави со колекција наречена „Р“. Како и на претходното издание на Модниот викенд нуди модели во доминантна црна боја.
    - Станува збор за младешка урбано-бунтовничка колекција за двата пола. Инспирација ми беше музиката и готската супкултура од 80-тите години, како и смелиот и експериментален начин на облекување на младите од тој период. Застапени се разновидни форми и материјали: памук, плетенина, еко-кожа и друго. Доминираат кожените реси и металните нитни како главни детали - вели Ивановски.

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На stewart му/ѝ се допаѓа ова.
  12. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.270
    Олгица Ѓоргиева

    Вечерта се заокружи со колекцијата на креаторката Олгица Ѓоргиева, која е поддржана од „ХП“. Линијата е наречена „Нешто лично“ и е составена од 20-ина парчиња, во кои има применето техника на рачна доработка.
    - Моделите се уникатни, моќни, енергични и се наменети за личности со силен карактер, свесни за себе и за своето место во средината. Ја задржав, за мене, препознатливата чиста форма, облагородена со детали или со некоја доработка на материјалите - вели Ѓоргиева.

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  13. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    374
    FWSK моден викенд Скопје 26-31.10.2010

    :clap: Браво за темава Росонерка!!
    а воеедно браво и за настанот :clap: :)
    Преубави ми се моделите на Елена Лука :rock: и на Дума ми се допаѓаат... :) Овие другиве некако веќе видено као што викаш за Стилисимо.... :^) Роберт добро готика стил не е нешто али поминува... :) А на Олгица руските шапки не ми се допаѓа ама баш ич.... :wasntme:
     
  14. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.811
    Допаѓања:
    2.100
    FWSK моден викенд Скопје 26-31.10.2010

    Кога го видов ова ми дојде познато



    [​IMG]



    а и ми текна од каде



    [​IMG]
     
  15. butterfly.mimi

    butterfly.mimi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    101
    Eдно големо :clap: за сите ревии. Елена Лука имаа убави модели (леле колу од нив си бендисав :inlove: ), од Пелистерка фустаните ми се допадна еден што е зелено со темно сиво како крижен долу. Еве и некои модели на Александра Митковска
    Р.Ѕ кој се осмели да краде идеи :fubar: Боже ако немаш идеја не учествувај !
     

    Прикачени фајлови:

    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.648
    Допаѓања:
    9.678
    Пол:
    Женски
    FWSK моден викенд Скопје 26-31.10.2010

    Браво за настанот! :clap:

    Јас ќе си кажам мое мислење.
    Стилисимо колекцијата е просечна. Нема нешто посебно да издвојам, кое би го носела јас или млада девојка. Можеби едно или две од капутчињата, ама другото ми личи да го носи мајка ми која е во доцните 40ти.

    На Елена Лука не сум фан. Не знам дали инспирацијата ја црпела од ренесансата, ама убаво е што многу се живописни и полни моделите. Креативно е, ама не нешто што се носи. МИ се допаѓаат долните делови од облеката, поточно има интересни панталони и здолништа. Балските фустани на крајот ми се сосема непотребни.

    “ДУМА„ имаат интресни парчиња. Футуристички моменти и доста кожни работи, доминира црното. Некако е монотоно, и видено претходно, особено шпицастите рамена. Сепак е различно и ми се допаѓа.

    Robert Ivanovski "R" има интересни женски модели, ама машките се доста дискутабилни. Слични ми се как претходните, со кожа, црнила и реси, ама како претставник на готикот, тоа и може да го покаже.

    Олгица Ѓоргиева ми е фаворитот дефинитвно. Особено ми се допаѓаат лесните материјали кои ги косрити за фустанчињата. На повеќето модели има доста убава структура и текстура што се забележува лесно. Црвеното палто е прекрасно, а и крзнените шапки се ептен шик. Би сакала да видам повеќе слики. Ако некој најде нека ги прикачи овде.

    Во секој случај убав настан! Здравје Боже, до година може да го посетам. :lol:
     
  17. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.270
    И за крај еве слики од вчерашните ревии 8)

    Aлександра Митковска

    Дизајнерката Александра Митковска одржи мини-ревија со модели во авангарден стил - препознатлив за неа.
    - Се обидувам да го спојам конвенционалното и авангардното, нешто што ќе внесе малку енергија во тмурните зимски денови. Во однос на досегашните колекции оваа ќе одговара за секојдневна употреба.
    Инспирацијата ја најдов во независната жена. Застапени се природни материјали - 100-отстотна волна и кожа. Ќе понудам капути, панталони и здолништа - вели Митковска.

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  18. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.270
    КОКЕВ - КАДРИУ

    Тандемот Тања Кокев и Мила Кадриу во новата колекција ги задржуваат едноставните форми на свечените фустани и венчаници, со акцент на квалитетни и луксузни материјали.
    - Овој пат нема да понудиме вообичаени, бели венчаници, туку тоа ќе бидат модели со нежни тонови. Тоалетите, пак, ќе се движат од светлобеж до темномаслинеста боја. Заедничка нишка во целата колекција е плетенката - изјави Кокев.

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На starfish му/ѝ се допаѓа ова.
  19. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.270
    Росица Мршиќ

    Модната недела беше затворена со ревија на познатата дизајнерка Росица Мршиќ. Колекцијата, чиј работен наслов е Different View, има 25 парчиња. Моделите се инспирирани и преработени во духот на 50-тите и 60-тити години од минатиот век.
    -Иако е женствена и естетски приспособена на периодот, колекцијата носи нова, урбана идеја на изгледот, која е потенцирана со детали што се вметнати како контрасна слика на самата облека. Преовладува силуетата а ла песочен часовник, препознатлива за 50-тите. Моделите се изработени од памук, волна, а употребено е и кадифе - вели Мршиќ, која открива дека периодов е фокусирана на пласирање на своите модели надвор од Македонија, од кои некои веќе се продаваат во Дубаи.

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  20. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.293
    FWSK моден викенд Скопје 26-31.10.2010

    Конечно и во нашата мила, мала Македонија да се појави настан кој што има критериуми на ниво. Мислам дека конечно манекенките ке добијат работа како манекенки, а не како хостеси.
    Во секој случај, браво за сите креатори, сепак сите ги покажаа своите креативни идеи. Најмногу ми се допаднаа Александра Митковска, Росица Мршиќ и Јована Филипович, нека продолжат со добра работа.